Ознака: strajk

Niko Nestor

Училиштата во охридско-струшкиот регион започнаа со настава

Post Views: 4 На часовите не дојдоа само оние ученици кои не биле информирани оти денес се започнува со настава. Сеуште неизвесно, на кој начин струшките средношколци  ќе ги надополнат изгубените часови. По десетдневникот штрајк денес  во  сите училишта во охридско-струшкиот регион, се оджува  настава. Учениците седнаа во училишните клупи и наставата се одвиваше вообичаено. Раководителот на одделението за образвование при општина Струга, Џејми Хајредини, не информира дека денес 90% од учениците беа на училиште, останатиот дел биле отсутни бидејќи како што рече тој не биле информирани...

Continue reading

strajk

Се гледа крајот на десетдневниот штрајк во образованието

Post Views: 2 Учениците нема да бидат оштетени поради штрајкот во образованието. Ќе се изнајде начин да не им бидат одземени викендите ниту пак дел од зимскиот распуст, најавуваат oд СОНК. Штрајкот во образованието има реални шанси да биде прекинат, но дури во среда. Лидерот на синдикалците, Дојчин Цветановски синоќа оствари средба со владин функционер по што изјави дека  преговорите се мрднале од мртва точка, но дека до решение сеуште не дошло. Раководството на СОНК одржа седница на која одлучи штрајкот да продолжи и денеска. Во меѓувреме повеќе училишта упатија апел за продолжување...

Continue reading

kontrolori

Штрајкот на контролорите на летање два часа ќе го блокира авиосообраќајот

Post Views: 8 Авиосообраќајот над македонското небо денеска ќе биде во прекин од 10 до 12 часот поради штрајкот на контролорите на летање.   Во тој период на скопскиот и на охридскиот аеродром нема да слетуваат, ниту да полетуваат воздухоплови, а ќе биде овозможен само прелет на авионите над македонска територија. Контролорите на летање преку штрајкот бараат укинување на решението на Управата за јавни приходи со кое има намера да наплати 10 милиони евра од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собрала последниве шест години како поврат на данок на додадена вредност....

Continue reading

SONK

Заврши штрајкот на СОНК

Post Views: 2 Штрајкот на СОНК, што започна минатиот понеделник, заврши и училиштата од денеска продолжуваат со редовна настава. Ваква одлука доцна синоќа донесе Советот на СОНК на седницата, на која присуствуваа и министрите за образование и култура, Перо Стојановски и Елизабета Канчевска-Милевска и заменик-министерот за труд и социјала Спиро Ристевски. Од СОНК информираат дека на седницата била потпишана Спогодбата и колективните договори за основно и средно образование. Прифатени се и барањата за зголемување на надоместокот за храна и превоз кои ќе се важат од јуни 2009 година,...

Continue reading

ucilnica

Продолжува штрајкот на СОНК

Post Views: 0 Штрајкот на просветните работници продолжува и денеска, беше одлучено на синоќешната вонредна седница на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК). Лидерот на СОНК, Дојчин Цветановски синоќа изјави дека вонредната седница е свикана поради силните притисоци што штрајкувачите ги чувствуваат од Владата. На седницата присуствуваа и вицепремиерот Зоран Ставревски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и министерот за образование Перо Стојановски. Вицепремиерот Ставревски рече дека Владата сега не може да обезбеди дополнителни средства за зголемување...

Continue reading

ucilnica

Втор ден на штрајкот на просветарите

Post Views: 3 Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Според СОНК. во првиот ден од штрајкот учествувале од 95 до 97 отсто од засегнатите институции, а врз некои училишта е вршен силен притисок од директори, но и од повисоко ниво. Најголем дел од училиштата кои не учествувале во штрајкот се од општините Ѓорче Петров, Карпош, нешто помал дел од училиштата во општина Гази Баба и по некое училиште во неколку други општини. Според претседателот на...

Continue reading

SONK

СОНК: Штрајкот во образованието почна, со исклучок на неколку места

Post Views: 7 Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк. Наставниците во градинките и училиштата се на своите работни места и ги прифаќаат децата и учениците, но не извршуваат образовно-воспитна функција. „Штрајкот секаде почна. Има пет-шест исклучоци каде што штрајкот не е почнат, поради притисоци од директори или од градоначалници, изјави Дојчин Цветановски“, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, организаторот на штрајкот. Тој додаде дека се уште ги собираат податоците...

Continue reading

SSM

Синдикатот на генерален штрајк

Post Views: 5 Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците. Протестите треба да започнат во 19 часот во центарот на Скопје. ССМ пред една недела одржа предупредувачки протести во неколку македонски градови. Барањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи – работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално...

Continue reading

granicen premin

Продолжува штрајкот на грчките цариници

Post Views: 5 Грчките цариници и даночни работници кои во четврток започнаа 48 часовен штрајк на граничните премини се закануваат дека ќе ги радикализираат протестите. Поради штрајкот блокирани се граничните премини кон Македонија, а нов протест во траење од 24 часа е најавен и за 10 и 17 февруари. Цариниците и даночните работници протестираат поради намалување на платите и скратувањето на работните места. Од македонскиот АМСМ им препорачаа на возачите да не патуваат во соседната земја во време на штрајкот. Претходно граничните премини од грчка страна ги блокираа и земјоделците.Оваа...

Continue reading

strike

Генерален штрајк во Франција

Post Views: 1 Со делумна блокада на сообраќајот денеска во Франција почна генерален штрајк, кој се одржува во знак на протест против антикризната политика на претседателот Никола Саркози. Поголемиот дел од штрајковите и демонстрациите ќе се одржат денеска, но вработените во железничкиот и градскиот превоз уште од синоќа ја запреа работата. Штрајкуваат и вработените во нафтената компанија „Тотал“, која неодамна соопшти дека ќе намали околу 560 работни места во фабриките во Франција. Генералниот штрајк се одржува во организација на главните француски синдикати.Француските рабтници и...

Continue reading

Giro

Велосипедистите на „Џиро“ во штрајк!

Post Views: 7 Британецот Марк Кавендиш победи на контроверзната 9 етапа од велосипедската трка околу Италија, популарниот Џиро, а на врвот во генералниот пласман нема поместувања бидејќи организаторот одлучи да ја поништи од натпреварувачки аспект. Етапата се возеше во градот Милано во должина од 165 километри (10 круга по 16,5 километри), а во знак на протест против слабата безбедност, велосипедистите по четири круга на чело со водечкиот Данило ди Лука, застанаа. Ди Лука зеде микрофон и во име на сите, на навивачите им објасни што е проблемот. – Во првиот круг видовме дека...

Continue reading

smet

Преполни контејнери, отпадоци од сите страни

Post Views: 2 Вaква е Струга последниве денови. Вработените повторно ја бојкотираат работата поради неисплатените плати. Целиот град во последниов период, наместо да е чист зачестена е глетката со преполни контејнери и отподоци на сите страни. Ваква ли Струга ќе ги дочека туристите? се прашуваат граѓаните. Нивна општа проценка е дека во моментов хигиената во градот е на најниско ниво. Достојно ќе ја дочекаме сезоната, туристи ќе дојдат во чист град, така  било отсекогаш ќе биде и во иднина, вели директорот на Коминалното претпрјатие, Ваљон Џила. Најави дека за време на летната сезона,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top