Ознака: sredba

Zoran Konjanoski

Министерот Коњановски ќе се сретне со професионалните војници

Post Views: 4 Министерот за одбрана Зоран Коњановски денес ќе оствари средба со професионалните војници и ќе го објасни концептот за Активна резерва. Овој концепт, според Министерството за одбрана, е во насока на подобрување на статусот на професионалните војници и нивната поефикасна ресоцијализација. Работната средба на министерот Коњановски и началникот на армискиот Генералштаб генерал-полковник  Мирослав Стојановски  со професионалните војници е закажана за претпладнево во касарната  Илинден. Професионалните војници бараат Министерството да ја укине старосната граница од 38 години,...

Continue reading

Gordana Jankulovska

Министерката Јанкуловска на министерска средба во Брисел

Post Views: 2 Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, почнува денеска во Брисел. Според најавите, на конференцијата, посветена на борбата против трговијата со луѓе, денеска и утре ќе учествува и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Министерката ќе има обраќање во рамките на една од сесиите на конференцијата, при што ќе ги презентира досегашните активности и искуства на македонската полиција во борбата против трговијата со луѓе. Министрите на двете пленарни сесии...

Continue reading

logo

Фармацевтите од Балканот на средба во Охрид

Post Views: 6 Петтиот симпозиум на фармацевти на Европската асоцијација за генерички лекови за Југоисточна Европа (ЕГА) денеска започнува во Охрид. Тема на симпозиумот е „Европскиот предизвик за националните регулаторни агенции за лекови и за индустријата на генерички лекови“ Организатори на форумот се: Европската асоцијација за генерички (ЕГА) и Министерството за здравство, со поддршка од фармацевтската компанија Алкалоид. Симпозиумот денеска започнува со прес конференција, на која ќе присуствуваат министерот за здравство, Бујар Османи, генералниот директор на Европската асоцијација...

Continue reading

George Ivanov

Средба Иванов-Келер

Post Views: 0 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Берлин треба да се сретне со германскиот претседател Хорст Келер. Претседателот Иванов во рамките на неколкудневната официјална посета на Германија ќе оствари средби и со парламентарци и владини претставници. Шефот на државата според најавата ќе ја посети и Командата на Армијата на Германија во Потсдам. Во состав на македонската делегација се и бизнисмени, кои треба да остварат средби со своите германски колеги за зајакнување на меѓусебната соработка. Иванов ќе се сретне и македонските иселеници во Германија.{loadposition...

Continue reading

Народниот правобранител се сретна со струшките граѓани

Post Views: 3 Иџет Мемети, Народен правобранител во рамките на кампањата „ Отворени денови на народниот правобранител “  денес оствари средба  со стружани. Граѓаните му се пожалиле дека ги мачат проблеми од судската власт, работните односи, имотно-правните работи како и од работата на полицијата. Граѓаните веќе поднесле неколку преставки до институцијата Народен правобранител. Мемети  вели дека не би сакал да има нити една претставка до институцијата Народен правобранител, но сепак нивниот број мината година покажал  дека во Македонија има потреба од постоење на разни механизми кои...

Continue reading

Средба помеѓу струшкиот градоначалник и директорката на „Нико Нестор“

Post Views: 16 Со цел да се изнајде соодветно решение помеѓу учениците македонци албанци, во Струга денес беше одржана средба помеѓу Градоначалникот Рамиз Мерко, директорката на средното училиште „Нико Нестор“,  Драгица Добреска и раководителот на смена од ова училиште. Иако повикан, на средбата не присуствувал претставник од подрачната единица на Министерството за образование. Како што информираа по средбата, наставата во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ продолжува да се одвива како и до сега, се додека не бидат создадени услови за дислоцирање во објектот на одмаралиштето...

Continue reading

Гордана Јанкулоска на гости кај градоначалникот Рамиз Мерко

Post Views: 2 Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на средба кај градоначалникот Рамиз Мерко. По формирањето на новата влада ова е прв ваков состанок, на  релација градоначалник од редовите на Дуи и министер од Вмро Дпмне. Првиот човек на Струга на министерот, меѓу другото,  му ги укажа забелешките на функционирањето на  полициска служба во градот. „Укажавме за минатото дека немавме соработка со полицијата и дека имавме многу забелешки на нивното работење. Се надевам дека тоа е минато и дека во иднина ќе имаме добра соработка“-вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга. Министерот...

Continue reading

Taci i Berisha

Средба Бериша-Тачи

Post Views: 2 Албанскиот премиер Сали Бериша вчера попладне имаше средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на која се разговарало за политичката клима во Македонија и во Албанија. Како што соопшти кабинетот на Бериша, Тачи ја искористил оваа прилика да му ја честита победата на албанскиот премиер на последните парламентарни избори и притоа изнел оценка дека станува збор за „значајна победа за Албанија“. Според истиот извор, Бериша го информирал својот соговорник дека албанската влада и во наредните четири години главната активност ќе ја насочи кон интеграцијата во Европската унија. Меѓу...

Continue reading

logo

Министерска средба Македонија – ЕУ

Post Views: 1 Состанок на министерската тројка на Европската унија (ЕУ) и на Македонија ќе се одржи денеска на маргините на Самитот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел. Напредокот на Македонија кон ЕУ, во исполнувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација треба да биде разгледано попладнето во Брисел од страна шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, како шеф на ЕУ тројката и претставници на претходниот и наредниот претседавач со ЕУ – Чешка и Шпанија. Според соопштението на шведското претседателство на...

Continue reading

liderska sredba

На повидок уште една лидерска средба?

Post Views: 1 Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати покана до претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на Нова Демократија Имер Селмани, за одржување заедничка средба на која би се разговарало за прашања од државен интерес за Република МакедонијаГруевски предлага средбата да се одржи денеска во 15.00 часот во Клубот на пратеници. – Во пресрет на извештајот на Европската комисија за прогресот на Република Македонија и севкупните евро-атлански интеграции кои што се од големо значење за нашата земја, а во контекст на продолжување...

Continue reading

Nimic i Gruevski

Средба на медијаторот Нимиц со претседателот и премиерот

Post Views: 12 Посредникот на ОН за македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц претпладнево, на одвоени средби, ќе разговара со претседателот Ѓорге Иванов и  со премиерот Никола Груевски. По средбата со Груевски во Владата се предвидени изјави за медиумите. Медијаторот вчера попладне беше примен од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. По средбата, која траеше речиси час и половина, тој не кажа дали дошол во Македонија со нов предлог. Само оцени дека разговорот со шефот на дипломатијата бил, како што рече, многу добар и долг. Нимиц пред две недели во Женева се сретна...

Continue reading

Antonio Milososki

Милошоски и Коњановски на состанок на Северноатланскиот совет

Post Views: 1 Македонска делегација предводена од министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, денеска во Брисел, ќе одржи состанок со Северно-атлантскиот совет (НАЦ). На состанокот ќе учествуваат претставници и експерти од надлежните државни интитуции инволвирани во процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО. Во име на Алијансата, со состанокот ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО (НАЦ) со Република Македонија е редовна средба на НАТО со земјите аспиранти за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top