Косовскиот претседател ја откажа посетата на Македонија
Post Views: 0
Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ја откажа посета на Македонија, предвидена за денеска, соопшти синоќа неговиот кабинет.
Причина за откажувањето, како што соопшти кабинетот на Сејдиу, е што македонската страна го променила карактерот на посетата од официјална во работна.
Кабинетот на македонскиот претседател синоќа изрази „жалење за неостварувањето на средбата“ меѓу претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.
„Претседателот на Македонија е цврсто посветен на развивањето добри билатерални односи со соседите, како и на развојот...