Ознака: pronajdeni

banka

Крадците во бегство, возилата пронајдени

Post Views: 2 Групата која изврши спектакуларен вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје се уште е бегство, а полицијата пронајде две возила со кои тие управувале, на патот кон граничниот премин Блаце кон Косово. Македонската полиција контактирала и веќе разменува информации со косовската полиција. Во возилата од марката „алфа ромео“ и „голф“, кои се откриени во Стенковец, полицијата пронајде оружје, муниција и бомби, а увидот се уште трае. Овие детали за грабежот што околу 09,30 часот се случи во експозитура на ПроКредит банка, спроти Соборниот храм, попладнево на пресконфереција...

Continue reading

mesto na nesreka

Пронајдени црните кутии на иранскиот „Ту-154“

Post Views: 6 Откриени се црните кутии на иранскиот авион „Ту-154“, што вчера се урна во северозападен Иран при што загинаа сите 168 патници и членови на екипажот. Експерти започнале да проучуваат како да излечат информација од кутиите, кои се многу оштетени, за да ги дознаат причините за несреќата, изјавил претставник на кризниот штаб кон иранското Министерство за транспорт. Во случај на неопходност црните кутии ќе бидат испратени во земјата производител на авионот – Русија. {loadposition content9}

Continue reading

zaloznici

Киднапираните странски државјани во Јемен, пронаједни мртви

Post Views: 3 Деветмината странски државјани, кои минатата недела беа киднапирани во Јемен, се пронајдени мртви и по се изгледа се убиени од лицата, кои ги киднапираа, изјави анонимен претставник од јеменските сили за безбедност. Германскиот лекар, неговата сопруга и нивните три деца, еден Британец и неговата сопруга по потекло од Јужна Кореја и две германски медицински сестри изчезнаа минатата недела во северниот регион Саада, додека биле на пикник. Обезглавените тела на три жени се пронајдени претходно денеска од страна на овчари во близина на градот Нашур, познат како засолниште...

Continue reading

Пронајдени вкупно 17 тела од авионот на „Ер Франс“

Post Views: 2 Спасувачките екипи вчера пронајдоа уште 15 тела на патниците од авионот на француската авиокомпанија „Ер Франс“, како и поголем број на делови од авионот кој пред седум дена се урна во Атлантскиот Океан. По пронаоѓањето на телата на двајца неидентификувани мажи во саботата, вкупниот број на откриени тела изнесува 17.Претставникот на бразилските военопвоздухопловни сили, Хенри Муњоз изјави дека пронајдени се стотина делови од авионо, што, како и телата ќе бидат пренесени во градот Ресиф. Дванаесет бразилски авиони, два француски авиони и еден француски брод и пет на бразилската...

Continue reading

avion

Пронајдени остатоци од исчезнатиот француски авион

Post Views: 3 Екипажот на еден француски товарен брод забележал остатоци на површината на Атлантскиот океан, во подрачјето во кое се претпоставува дека се урнал исчезнатиот авион на Ер Франс. Според бразилските медиуми, остатоците кои ги виделе француските морнари се на истото подрачје близу брегот на Сенегал, во кое пилот на бразилската авиокомпанија ТАМ видел остатоци во пламен од исчезнатиот авион со 228 патници и членови на екипажот. Бразилското воено воздухопловство потврди дека екипажот на ТАМ ги известил за информацијата и оти бразилскиот авион во тој момент се наоѓал во подрачје...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top