Ознака: proakva

Проаква- неплаќачите ги исклучи од водоводната мрежа

Post Views: 2 Големата акција за исклучување започна денес, а најавено е да трае во текот на неделава. На удар се правните субјекти. Р.Е „Колектор“ исклучувањето го започна од Хотелот „Евро“. Конкретно, овој хотел има заостанат долг од 7 милиони денари, тврди заменик  директорот  на Р.Е Колектор. Овој правен субјект  ги нема подмирено долговите кон претпријатието години наназад а факт е дека истиот секоја сезона  работи со полн капацитет. „Со тој потег, тие покажуваат дека према нас како претпријатие немаат коректен однос и воопшто не не почитуваат. Ги предупредивме пред исклучување...

Continue reading

shahta precistitelna

Проблем во Струга, нова преливна шахта

Post Views: 0 Атак на живиот свет во реката Црн Дрим. Вака екологистите го нарекоа новиот зафат на „МЈП „Проаква“ Р. Е. Колектор од каде деновиве работат на поставување на  дополнителна шахта во близина на пречистителната станица на влезот во Струга. Недозволиво е ниту капка вода да протече низ веќе поставената тунелска цевка наменета за проток на  непрочистените фекалии, вели екологот Мате Гогоски, повикувајќи се на алармирањето од страна на очевидци.Ова што ни се случува е невиден злостор, вели Трпе Негриески очевидец на целата состојба. Тој вели дека  побарале спас од струшките...

Continue reading

proakva

Нема веќе пиење вода на вересија

Post Views: 1 Радикалните мерки на МЈП Проаква за наплата на вода, успешни. Оваа законска мерка позитивно се одрази врз порастот на наплатата на заостанатите сметки за вода. Моментално долгот на неподмирени сметки е 50 милиони денари. Деновиве од страна на стручните екипи на „Проаква“ се поинтензивно  се применуваат радикалните мерки. Се исклучуваат големи хотелски капацитети, кафетерии и сите останатите должници на ова меѓуопштинско јавно претпријатие. Првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски, вели дека ниту едно физичко или правно лице нема да биде привилеграно.Во наредниов...

Continue reading

sahta

Проектот со кој преку лето нема да има проблеми

Post Views: 2 Североисточниот дел од Општина Струга се обезбеди со квалитетно водоснабдување. Со проектот кој го реализира „Проаква“ на самиот влез од село Враништа, за зајакнување на водоснабдителниот систем ќе се решат проблемите на повеќе струшки села. Со него се предвидува непрекинато водоснабнувње да имаат селата; Драслајца, Враништа, Ложани, дел од Велешта, Горно и Долно Татеши, Добовјани, Биџево, Ливада и Ново Село. „Ако досега со вода грашаните се снабдуваа со 40 литри во секунда со новиот проет тоа ќе биде двојно повеќе“-истакна Агни Лена, директор на  МЈП Проаква Струга. Директорот...

Continue reading

aerodrom Sv Apostol Pavle

Аеродромот ќе го менува водоснабдувачот

Post Views: 3 Охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“ бара снабдувач со квалитетна вода за пиење. Веќе подолго време водата што ја користат аеродромот и жителите од околните села, Горенци и Оровник, не се хлорира и е неисправна за пиење. Корисниците не се задоволни од квалитетот на водата, а аеродром е должен да ги снабдува со исправна вода патниците кои ги користат нивните услуги. „Никогаш не се случило да ги снабдиме патниците со неисправна вода за пиење. Преземаме  дополнителни активности што не се наша обврска иако плаќаме за потрошена вода и услуга за кои снабдувачот е должен...

Continue reading

voda

Во сабота без вода

Post Views: 4 Поради интервенција на водоводната мрежа, во сабота, 15ти Мај,  во периодот од 1 часот по полноќ, до 19 часот, без вода за пиење ќе останат потрошувачите од Охрид, населбата Рача и Пештани. Ќе се врши редовно измивање на водоводната мрежа и поправки на главните шибери низ градот и на раскрсниците. Се молат граѓаните, навреме да си обезбедат резервна количина на вода за пиење. {loadposition content9}

Continue reading

Состојбата со поплавите во Радојца Новичиќ се нормализира

Post Views: 8 Состојбата со поплавите во Радојца Новичиќ се нормализира, тврди првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски. За работите побрзо да се вратат во нормала од  МЈП инсталирале три пати посилна пумпа за испумпување на надојдените води. Се нормализира состојбата во населбата Радојца Новичиќ. Деновиве покрај постоечките пумпи кои од Проаква тврдат дека се адекватни на потенцијалот за оваа населба, била инсталирана уште една многу посилна, со цел надојдената вода побрзо да биде испумпана. Директорот на МЈП Бранислав Трпчевски вели дека во моментов се работи на лоцирање...

Continue reading

voda

Охриѓани деновиве пијат бела вода

Post Views: 2 Во јавноста деновиве се крена фама поради количната на хлор и исправноста на водата за пиење. Ваквата појава ги збуни граѓаните. Многумина веќе реагирале до службите на МЈП „Проаква“, а како одговор на сомнежите на граѓаните со свој став и мислење се огласи првиот човек на претпријатието Бранислав Трпчевски. Тој истакна „оправдана е загриженоста на граѓаните после сите настани што се случија со зголемувањето на нивото на Охридското Езеро, бројните пореметувања, како и штетите од поплавите во Охрид и Струга“. Тој покрај се смирува и вели дека се е во ред со водоснабдителниот...

Continue reading

pres

Сметката на општина Струга „полесна“ за 4 милиони денари

Post Views: 1 Министерството за финансии одзело над 4 милиони денари од сметката на општина Струга, по основ долг на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – обвинуваат градоначалниците на Охрид и Струга. Долгот пак, за кој се терети Проаква, е рата од кредит за проект кој никогаш не бил технички примен. Сметката на Општина Струга олеснета од Министерството за финансии за 4 милиони денари. Мерко претпоставува дека парите од сметката на општината се повлечени поради неисполнета обврска  на меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква кон  „КF“ банката, а за што државата била гарант. Долгот...

Continue reading

Proakva

Спас за Проаква

Post Views: 3 ВМРО ДПМНЕ обвинува но првиот човек на Проаква ,Трпчевски ,смета дека не треба на се да му се дава политичка конотација. Ново кредитно задолжување не доаѓа во предвид, се побунаа денес советниците од ВМРО ДПМНЕ.  Оваа изјава ги разниша и онака тенките односи на тема Проаква и нејзината актуелна состојба. „Со одлуката што ја донесе советот се продлабочува неефикасното работење на ЈП Проаква затоа што со одлуката за кредитно задолжување дел од средставта се насочени кон покривање на тековните потреби на јавното претпријатие а со тоа се продлабочи неефиксното работење...

Continue reading

logo

Новина во потрошувачката за вода

Post Views: 11 5 кубици ќе биде просечната потрошувачка за член од семејство на ниво на општините Охрид и Струга. Доколку се надминат истите, ќе има дуплирање на цената. На десеттата седница на советот на општина Охрид помина предлог одлуката за давање согласност на одлуката за одржување просечна потрошувачка на вода за пиење. Тоа значи дека на секој член на семејството му следува 5 кубици вода или 5000 литри што е сосема доволно за одржување на потребниот хигиенски минимум за секој, вели раководителот на финансискиот сектор во МЈП Проаква Билјана Ангелоска. Таа додава дека ова е...

Continue reading

cevka

Дефект кој никој не го санира

Post Views: 4 Дефект на водоводната мрежа во Лескоец, четири месеци никој не го санира. „Ми рекоа ако шахтата ја откопаш сам, ние веднаш ќе дојдеме, но од ветеното сеуште ништо“, вели жител на селото Лескоец. Од Проаква пак ветуваат, дефектот ќе го поправиме до крајот на оваа работна недела. На сред улица бара. Со овој проблем жителите на Лескоец се соочуваат веќе четири месеци. Славчо Цветкоски видно револтиран кажува дека во повеќе наврати решавање на проблемот барал обраќајки се во службата на Проаква во Лескоец.  За жал, од таму не добил ништо друго освен ветување. „Еден месец...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top