Ознака: povredeni

bolnica

Синоќа во Струга се случи воружен инцидент, заврши со двајца повредени

Post Views: 10 Вербалната расправија била помеѓу македонци и албанци. Причина за кавгата  е  неотстапување на првенство на минување во сообраќајот. Вооружена престрелка се случи синоќа околу 23 часот  и 30 минути, во центарот на Струга. Инцидентот произлегол  од вербалната  расправија која преминала во престрелка. Во тепачата инволвирани се четири лица, двајца македонци Г.Р  и неговиот брат А.Р од една страна,  и двајца албанци, лицата Р.К од село Теферич и Б.Ш од Струга,  од друга страна.   Твм дознава дека причината за кавгата била неотстапување на првенство на минување во сообраќајот, ...

Continue reading

policiska akcija

Еден полицаец убиен двајца ранети,интензивна потрага по напаѓачите на „алфите“

Post Views: 40 Во оруженито напад што околу 12,30 часот беше извршен во близина на Природно математичкиот факултет во Скопје е убиен Африм Арифи (39) припадник на полициската единица Алфи. Други двајца припадници на единицата, на возраст од 33 и 37 година, се ранети. Едниот е во критична состојба, а другиот е полесно ранет. Деталите за оружениот инцидент попладнево на вонредна прес конференција ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. За мотивите на оружениот напад, полицијата не исклучува дека е можна одмазда за неодамнешните апсења на повеќе криминалци, но,...

Continue reading

ARM Irak

Колона возила од контингентот на АРМ во Ирак налетала на експлозивна направа

Post Views: 4 Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа. Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици по животите и здравјето на припадниците на АРМ. Експлозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот HMMWV – М114 („хамви“).  По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила ...

Continue reading

Bali

Најмалку осум повредени во два земјотреса во Индонезија

Post Views: 0 Земјотрес со силина од 6,4 степени по Рихтер во сабот наутро го погоди индонезискиот остров Бали. Министерствотот за здравство соопштило дека има повредени. Земјотресот се случил 101 километар југоисточно од градот Нусаду, на длабочина од 36 километри.Бидејќи епицентарот на земјотресот бил на дното од океанот, Метеоролошката служба издала педурпредување за можно цунами. Најмалку седум лица биле повредени. Некои биле повредени од делови кои паѓале од зградите а други се повредиле откако во паника скокале од повисоките катови, изјавил  службеник во министерството за здравство...

Continue reading

zrtvi

Во престрелка во САД повредени петмина средношколци

Post Views: 1 Седум лица, меѓу кои најмалку пет ученици, се повредени денеска во престрелка на автобуската станица во Детроит, во близина на средно училиште, соопштија официјални претставници. Состојбата на двајца од повредените е критична, изјави шефот на полицијата Родерик Гримс.Гримс наведе дека непосредно по завршување на наставата, на автобуската станица запрело зелено комби и оти двајца напаѓачи од возилото отвориле оган. Напаѓачите, кои ги покриле лицата, прво повикале некого на станицата по име, по што отвориле оган, пренесува Си-Ен-Ен.Претставник на средното училиште изјави...

Continue reading

logo

Бомба експлодира крај атинска банка, нема повредени

Post Views: 1 Бомба експлодира утрово пред банка во јужниот дел од Атина, но нема повредени, соопшти грчката полиција. Бомбата била активирана пред влез на Евробанк во атинското предградие Агиос Димитриос. Половина час пред тоа во локален весник било пренесено предупредување од анонимен глас за поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста. Полицијата претпоставува дека нападот е извршен од леви екстремисти чии напади стануваат се побројни откако во декември минатата година полицаец застрела 15-годишно момче. Досега во нападите нема жртви. Нивни цели станаа полициски станици,...

Continue reading

Hunan

Деветнаесет повредени и илјадници евакуирани во земјотреси во Кина

Post Views: 1 Деветнаесет лица се повредени, а илјадници се евакуирани во три земјотреси што го погодија југозападниот дел на Кина, јавија денеска кинеските медиуми. Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Жујли во провинцијата Јунан при што 19 лица се повредени.Претставник на локалната власт соопшти дека околу 10.000 лица се евакуирани. Земјотрес со интензитет од 4,3 степени е почувствуван во село во близина на главниот град на Јунан, Кунмин.Третиот земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер е регистриран во провинцијата Гуејџоу, но...

Continue reading

carshija

Тројца ученици повредени во тепачка во Струга

Post Views: 4 Овој пат инволвирани се два класа од гимназијата „Ибрахим Темо“. Засега не е познат мотивот за инцидентот. Повторно конфликти помеѓу ученици во Струга. Тепачката помеѓу ученици албанци  и македонци се случи утринава околу 11часот и  30 минути. Неофцијално конфликтот  бил надвор од училишните дворови на двете средни училишта, односно непосредно до така наречената „Стара Пожарна“. Во неа биле вклучени околу 60-тина ученици од втора година, од гимназијата „Ибрахим Темо“. Епилогот од тепачката се тројца повредени кои се пренесени во хирушкото оделение во Струга. Лицата се...

Continue reading

skele

Се сруши градежно скеле

Post Views: 23 Овој случај треба да ни биде опомена дека во иднина градежните фирми треба да водат многу повеќе внимание за обезбедување на вработените, но и на околината на објектите каде се вршат градежните зафати. Утрово се сруши градежно скеле, во момент додека работниците ја фасадирале зградата. За среќа освем матријална штета, нема други последици. Во моментот кога се срушило скелето, во близина на објектот немало минувачи, ниту пак цеца кои често тука играат.ТВ М  еден час по немилиот настан отиде на лице место. Глетката која ја затекнавме беше ужасна, но за тоа никој од станарите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top