Ознака: pat

opstina Struga

Струшкиот совет заседаваше по 49-ти пат

Post Views: 0 Советниците ја покажаа својата хуманост, прифаќајќи ја предлог одлуката да му се помогне на семејството Даути. 49-тата седница на советот на о.Струга им ја разбуди хуманоста на советниците. Советникот Беким Кица ја покрена иницијативата за да му се помогне на семејството Даути од село Радолишта.  Тие бараат од советот да им даде одобрение за изградба на куќа за семејството во кое живеат две деца со инвалидитет. Кица ги замоли неговите колеги да бидат хумани и да се одобри оваа предлог одлука со цел семејството Даути да биде ослободено од секакви трошоци при изградба...

Continue reading

bebe

ВИДЕО: Бебе на патот

Post Views: 0 Возач на автобус од Тексас за малку ќе прегазил 14-месечно бебе, кое во ниедно време од ноќта, облечено само во пелена седело мирно на белата линија на автопатот. Мајк Хабард прво помислил дека е куче, но навреме сфатил дека станува збор за беспомошно полуголо бебе. Веднаш закочил и успеал да го сопре автобусот на само неколку сантиметри од малото. “Од далеку не можев да видам што точно има на патот. Ми личеше на куче. Почнав да ја намалувам брзината и дури тогаш забележав дека на сред патот има бебе. Изгледаше како да има само 8 месеци. Не можев да видам дали јаде нешто,...

Continue reading

Michael Blumberg

Мајкл Блумберг по третпат избран за градоначалник на Њујорк

Post Views: 0 Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг по трет пат е избран на оваа должност на вчерашните делумни локални и државни избори во САД. Според 91 отсто од преброените гласови, поранешниот републиканец Блумберг, кој сега настапи како независен кандидат, освоил 50 проценти од гласовите, додека неговиот главен противкандидат, демократот Бил Томпсон 47 отсто.Сепак ваквите изборни резултати претставуваат изненадување, од причина што според предизборните анкети, се очекуваше Блумберг да победи со над десетпроцентна предност.Според американските медиуми, за изборната кампања...

Continue reading

amerikanski fudbal

Питсбург го освои Суперболот по шести пат

Post Views: 5 Како и минатата сезона победникот на Супербоулот е одлучен на 35 секунди пред крајот, кога Сантонио Холмс ја фати топката за тачдаун и конечна победа на Питсбург.Аризона долго беше во подредена ситуација и во еден момент изгледаше дека повеќе немаат што да бараат на овогодишниот Супербоул. Натпреварот почна споро, со голот на Џеф Рид за водство на Питсбург, додека Аризона брзо ја предаде топката на своите противници.Квортербекот Курт Ворнер не успеваше да ја покрене својата офанзива, да на другата страна Гери Расел успее да ја внесе топката во енд зоната и така на почетокот...

Continue reading

edro

Дипломатска регата за прв пат во Струга

Post Views: 1 За прв пат во водите на Охридското езеро Дипломатска регата. Утре во Струга ќе се одржи спортско едриличарска регата во класата „Минитонец“, каде се очекува присуство на членови од Дипломатскио кор на Р.Македонија. Едриличарскиот клуб „Снегар“,Јахтинг клубот „Сирма“од Струга, со помош на едриличарската федерација Р.Македонија организираат спортска регата за класата „Минитонец“. Планирано е учество да земат членови од Дипломатскиот кор на Р.Македонија, поточно членови на странските амбасади кои работат во нашата земја. Целта на овој голем настан е промоција на монденското...

Continue reading

nastap

По трет пат во Струга „Фолк мост“

Post Views: 6 500 играорции дефилираа по кејот на Дрим и струшката чаршија. Одлична можност за културна размена, велат учесниците. Различни народни носии можеа да се видат на едно место, на манифестацијата “Фолк мост“ во Струга. Истата се организира по трет пат и со тоа станува традиционална. Ваквата манифестација е одлична можност за културни размени помеѓу младите, вели уметничкиот раководител на манифестацијата. Младите се помалку се заинтересирани да бидат дел од фолклорните ансамбли. Со тоа незнаат што губат, вели играорецот, Јовче Милошоски. На манифестацијата учество зедоа...

Continue reading

есеј

Во Струга, по трет пат „Година на Есејот“

Post Views: 8 По трет пат годинава Стружани ја одбележуваат манифестацијата „Годината на Есеј“.Литературниот собир на писатели, есеисти, професори и критичари, ќе биде организиран на многу повисоко ниво за разлика од претходните години.  Своето присуство на манифестацијата веќе го потврдиле повеќе писатели од  балканот. „Манифестацијата ќе трае три дена, ќе бидат опфатени различни теми на кои че дискутираме со сите учесниците на истата“- вели  м-р Разме Кумбароски од медитеранска академија „Браќа Миладиновци“. Годинешното признание –  „Портрет за севкупен творечки процес“ му се доделува...

Continue reading

Nikola Gruevski

Започна реконструкција патoт Струга-Дебар

Post Views: 4 Започнаа градежните зафати за реконструкција на регионалниот пат Струга-Дебар. Овој патен правец е од големо значење, бидејќи претставува единствена врска помеѓу двата града, но е и од исклучително значење за граѓаните кои гравитираат во овој регион. Жителите на село Луково сега можат да здивнат, еден проблем веќе ќе им биде решен. „40 години воопшто не е инвестирано во инфраструктурата. Досга, од село Луково до Струга патувавме речиси по еден час, иако може и многу побрзо да се стигне до градот“-вели Славе Милески, жител на С.Луково. Со реконструкцијата е предвидено...

Continue reading

Bitola_Resen

Патот Битола-Ресен по една коловозна лента

Post Views: 0 Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот Св. Јован Бигорски се одвива со повремени кратки застои и е дозволен само за патнички возила, додека за тешките товарни возила има забрана за движење во двете насоки. Авто-мото сојузот на Македонија информира дека екипите на Македонија пат работат на расчистување на одроните. Само по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патниот правец од Ресен кон Битола на искачување кон планинскиот превој Ѓавато поради лизгање на земјиштето. Сообраќајот се одвива во спротивен правец само за патнички...

Continue reading

odron

Нова лавина од снег повторно го блокира патот Маврово – Дебар

Post Views: 3 Големо количество на снег кое се спуштило од Бистра утрово околу 8 часот и 15 минути повторно го блокира магистралниот патен правец на местото каде минатата недела падна голем одрон. Гостиварската дирекција за заштита и спасување инфомира дека количеството на снег е за приближно две третини помало од претходното, но не можат да потврдат кога ќе се расчисти. – Нашите екипи до доцна синоќа работеа на расчистување на патот од две лавини кои паднаа вчера и на отварање на алтернативен пат. Сегашната сосотојба е таква што не можеме да дадеме прецизна информација колку...

Continue reading

logo

Струшкиот совет утре заседава за последен пат

Post Views: 8 Стружани задоволни од досегашната работа на советниците. Од новиот совет, очекуваат да носи одлуки  во интерес на сите граѓани. Струшките советници утре за последен пат се состануваат во ист состав. На 53-тата седница ќе дискутираат за вкупно 17 предлог одлуки. Со тоа, тие го завршуваат 4 годишниот мандат како советници во советот. За тоа што сработиле до сега, граѓаните со свои проценки. Граѓаните велат дека досегашниот совет во овие 4 години издејствувал градот инфраструктурно да се равие. Стружани не се со конкретни ставови и очекувања како би требало да работи идниот...

Continue reading

logo

Струшкиот совет заседаваше за последен пат за оваа година

Post Views: 14 Во празнично расположение го одобрија предлог буџетот за 2009 година и избраа командир на полициската станица во Струга. Струшките советници денес заседаваа за последен пат во оваа година. Во празничен амбиент советниците ги изгласаа речиси сите предлог одлуки. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко пред советот го презентира предлог буџетот за 2009-та година и истит едногласно беше прифатен. Како што веќе ТВМ информираше, општина Струга за следната година има предвидено буџет во висина на 725.467.969 ден. „Овој буџет беше на јавна расправа и истиот беше добро прифатен, ...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top