Ознака: pari

komunalno

Комуналното Претпријатие преку кредитирање ќе им ги исплати заостанатите плати на вработените

Post Views: 5 За ваквиот потег, ќе бараат одобрение од советот на општина Струга. Комуналното претпријатие ќе се задолжи за да им ги исплати заостанатите плати на вработените. Управниот одбор одлучи од советот на општина Струга да побара одобрение за претпријатието да може да подигне кредит во некоја од банките во Македонија. Напорно работевме  и успеавме од 8 заостанати плати да ги донесеме на половина,кажува  директорот на Комуналното претпријатие. Директорот Џила вели дека овај начин е најсоодветен и истовремено најповолен за претпријатието. Тој потенцира дека  за разлика од минатиов...

Continue reading

agencija za razvoj na zemjodelie

Струшката агенцијата за развој и потикнување на земјоделството остана без пари

Post Views: 10 Вработените алармираат на последиците кои им се закануваат на земјоделците. Од владата смируваат, ќе се реши и тој проблем. Струшките земјоделци ја испуштија можноста  да бидат советувани на кој начин треба да се засее плодната површина. Оваа но и другите активности  кои се предвидени во  есенскиот период не може да бидат реализирни од страна на Ангенцијата за развој на земјоделетво, бидејќи четврти месец на нивната сметка не е префрлен ниту денар. Ваква е ситуацијата во сите агенции низ Македонија,  но за овој проблем јавно проговорија претставниците од струшкиот регион....

Continue reading

dolari

Македонија на заседанието на EGMONT

Post Views: 4 Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам денеска заминува во Катар каде ќе учествува на пленарното заседание на EGMONT. На заседанието на EGMONT (тело што ги обединува единиците за финансиско разузнавање од целиот свет) во Доха, македонската делегација ќе ја предводи директорот на Управата за спречување на перење пари, Ване Цветанов. Од Управата најавуваат дека на заседанието на EGMONT ќе биде поставен на дневен ред проблемот со одбивањето на Грција да соработува со Македонија на полето на борбата против перењето на пари. „Грција...

Continue reading

dolari

Надминување на слабостите во борбата против перење пари

Post Views: 4 Денес во Скопје ќе се одржи дебата под наслов „Национална стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам“ за периодот 2009 – 2011 година. Дебатата е во организација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, од каде информираат дека по согледувањето на слабостите се наметнала потребата за изготвување нова Национална стратегија. Во новата стратегија придонес треба да дадат сите инволвирани институции. Според најавите, меѓу учесниците на тркалезната маса ќе бидат и гувернерот на НБРМ, Петар Гошев, директор на Управата за јавни...

Continue reading

mafia

Мафијата годишно „врти“ 20 милијарди евра преку екологија

Post Views: 0 Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте. Главните активности на мафијата чија цел на делување зависи од сивата економија, во еколошкиот сектор опфаќа кривични дела со управувањето на отпадот, производството на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето. Во врска со отпадот, кривичните дела на мафијата вклучуваат управување на диви депонии и испраќање...

Continue reading

funti

Политичка проституција во Британија

Post Views: 1 Тројца поранешни лабуристички министри денеска се обвинети за „илегално“ лобирање за потребите на британски компании, како и за „трговија“ со министерските места, откако британскиот телевизиски Канал 4 и неделникот “Сандеј Тајмс”, чии новинари лажно се претставиле како посредници, прикажаа дека се подготвени за лобирање и дека за тоа наплатуваат меѓу три и пет илјади фунти на ден Поранешниот министер за транспорт Стивен Бајерс кој веќе пет години не е во Владата, како и министерот за здравство Патриша Хјуит и за одбрана Џеф Хун, кои беа членови на кабинетот...

Continue reading

Obama-nobelova

Обама ги подари парите од Нобеловата награда

Post Views: 1 Три месеци откако ја прими Нобеловата награда за мир, Барак Обама синоќа го објави имињата на хуманитарните организации на кои ќе им подели 1.4 милиони долари, колку што изнесува паричниот дел на наградата. „Тие организации вршат одлична работа во САД и странство, помагајќи им на студентите, бранителите и на неброени други кои имаат потреби. Горд сум што можам да ја поддржам нивната работа“, изјави американскиот претседател Барак Обама. Најголем износ, 250.000 долари, прими организацијата Fisher House, која обезбедува сместување на семејствата на тешко ранетите од Ирак...

Continue reading

Ceca

Каде се парите од трансферите?

Post Views: 1 Истрага против Цеца Ражњатовиќ за злоупотреба на пари од продажба на фудбалери на ФК „Обилиќ“. Според пишувањето на белградскиот весник „Ало“ белградскиот општински суд од неколку странски фудбалски клубови ја добил оригиналната документација за продажбата на фудбалери на „Обилиќ“, на што се темели обвинението против српската фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ за злоупотреба на функција. Истрагата за сомнителни продажби на фудбалери, што се води против вдовицата на Аркан,е почната уште во 2003 година, кога Цеца заврши четири месеци зад решетки во текот на акцијата „Сабја“. На...

Continue reading

otkrivanje falsifikati

Повторно лажни стотки и илјадарки

Post Views: 1 Фалсификувани евра што се пуштаат во оптек на македонските пазари повеќе ги загрижуваат надлежните институции за борба против овој вид криминал отколку лажните денари. Фалсификуваните валути на ЕУ, во земјава доаѓаат исклучиво од странство, за разлика од лажните денари, кои поединци или мали групи ги изработуваат на домашен терен во импровизирана печатница на обична компјутерска технологија, која ни оддалеку не е доволна за се направи успешен фалсификат. Тоа не е случајот со лажните евра, кои се дело на професионални фалсификатори и се изработуваат во пософистицирани...

Continue reading

klubovi

Германските клубови први по приходи од реклами

Post Views: 7 Најголема заработка од реклами на дресовите оваа година ќе имаат германските фудбалски прволигашки екипи, чиишто вкупен приход ќе достигне 102,9 милиони евра. Според податоците што ги објави компанијата за истражување на пазарот „Спорт унд Маркет, листата од 18 германски бундеслигаши ќе ја предводи Баерн Минхен, кој сезонава од реклами на своите с=дресови ќе инкасира дури 20 милиони евра. Заработката на англиските клубови од овој вид на спонзорство значително опаднала и тоа поради падот на вредноста на фунтата.Клубовите од Премиерлигата сезонава од реклами на дресовите...

Continue reading

perenje pari

Обука на вработени за превенција против перење пари

Post Views: 3 Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од денес почнува со серија  обуки на вработените во субјектите задолжени да превземаат мерки и дејствија за превенција против перењето на пари и финансирање на тероризам. Целта на обуките е подобро запознавање на вработените во субјектите со законските обврски и светските трендови во оваа област. Како што информираат од институцијата до крајот на март секојдневно ќе се одржуваат предавања, на кои ќе бидат обучени вработените во 240 менувачници од целата земја. Според програмата наредните месеци обуката...

Continue reading

javni nabavki

Нетранспаентно трошење на јавните пари

Post Views: 3 Недоволна отчетност на државните институции за трошењето на јавните пари преку постапките за јавни набавки со што не се почитуваат обврските од Законот за јавни набавки. Ова е само дел од Извештајот за резултатите од редовниот мониторинг на процесот на јавни набавки кој ќе биде презентиран во вторник во Скопје. Истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации дошло до заклучок дека е зголемен бројот на жалби по јавни набавки од страна на компаниите. Зголемување имало и на одолговлекувањето на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, а наспроти...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top