Post Views: 5 Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во Њујорк треба да има обраќање пред учесниците на 64-тото Генерално Собрание на Обединетите нации. Иванов, како што е најавено во својот говор ќе се осврне и на прашањето за разликите околу името меѓу Скопје и Атина, откако вчера имаше средба со медијаторот на светската организација Метју Нимиц. Ивановна медијаторот Нимиц му пренел дека Македонија е посветена активно да учествува во процесот што се води под покровителство на ОН. Македонија очекува да се постигне взаемно прифатливо решение кое треба да го зачува идентитетот,...
Post Views: 2 Иванов ќе има обраќање на главната дебата на Генералното собрание, а ќе учествува и на повеќе други форуми на Светската организација.Иванов, ќе има обраќање на главната дебата на Генералното собрание, ќе учествува и на повеќе други форуми на Светската организација, а предвидени се и серија билатерални средби.Контактите со многубројните странски државници, меѓународни претставници и дипломати ги почнува утре со средбите со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со емирот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал Талини. Иванов ќе се сретне и со генералниот секретар...
Post Views: 1 Тркалезна маса на тема „Уредувачка етика во он-лајн медиумите“ ќе се одржи денеска во просториите на Македонскиот институт за медиуми(МИМ). На средбата ќе бидат претставени Препораките за уредувачката етика во он-лајн медиумите, подготвени од Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа, а ќе стане збор и за досегашните практики при уредувачката етика во интернет изданијата во земјава, како и за можностите за нивно подобрување. Најавено е учество на уредници на он-лајн медиуми и интернет изданија на традиционалните медиуми од Македонија. {loadposition...
Post Views: 2 Министерот за економија Фатмир Бесими од денеска до 1 април ќе престојува во Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 63-та сесија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ). Централни теми на сесијата се „Економскиот развој во регионот на Европа“ и „Справување и прилагодување со климатските промени – работата на УНЕЦЕ: Трансформирање на глобалните цели и заложби во регионални резултати“.Министерот Бесими, денеска, во рамки на сесијата на третата панел дискусијата ќе се обрати на тема „Влијанието на финансиската криза врз мали и отворени економии“. Според...
Post Views: 1 Седница на Советот за Безбедност на ОН ќе се одржи во Њујорк во петок 22 јануари и ќе биде целосно посветена на Косово. На седницата на Советот за Безбедност покрај претседателот Тадиќ, ќе присуствува и министерот на за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ. Дневниот весник Политика пишува дека се засилуваат конфронтациите додека се чека одлуката на Меѓународниот суд на правдата кој треба да се произнесе околу легалноста за прогласувањето на независноста на Косово.{loadposition content9}
Post Views: 3 Копенхаген во понеделник се подготвува да ги угости стотината шефови на држави и влади на конференцијата посветена на климатските промени во организација на Обединетите Нации(ОН). Самитот што ќе трае до 18 декември се очекува да изработи документ кој ќе го замени протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година. Експертите сметаат дека Самитот ќе биде успешен доколку на него биде постигнат и договор за намалување на емисијата на штетни гасови што го предизвикува ефектот на стаклена градина. Емисијата на штетни гасови, а особено на јаглен-диоксид(ЦО2) е главната...
Post Views: 1 Најмалку 50 војници од мировните сили на ОН во светот се казнети поради сексуални злоупотреби од 2007 година досега, соопшти ОН.Казните се од деградирање до пресуди од осум месеци затвор. Податоците беа објавени откако медиуми поставија прашања за мерките на ОН против свои миротворци, обвинети за сексуални криминални дела во конфликтните региони како ДР Конго. ОН може да врши истрага по сигнали за криминални дела, но судски процедури може да почнат само државите кои испратиле мировници. Во оваа година бројот на судски гонети мировници е поголем од претходната –...
Post Views: 13 Владата на Јапонија се подготвува значително да го скрати своето учество во финансирањето на ОН, но и покрај тоа Јапонија ќе остане втората држава, по САД, според уделот во буџетот на светската организација.Досега делот на Токио во буџетот на ОН беше 16,6 отсто, а Владата планира да го намали до 12 отсто, пишуваат денеска јапонските весници. ОН на секои три години ги преразгледуваат уплатите на земјите членки во буџетот. Сега се водат преговори за периодот 2010-2012 година. Се очекува САД да останат со најголем удел – 22 проценти од финансирањето на ОН. Заради...
Post Views: 13 Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави. Текстот, што го предложи Пакистан во име на Организацијата на исламска конференција, е усвоен со 23 гласови “за“ и 11 “против“, додека 13 држави се воздржаа од гласање. Европските држави, Канада и Чиле гласаа против, Индија беше воздржана, додека неврзаните и повеќе исламски држави го поддржаа текстот. Резолуцијата, која правно нема обврзувачки карактер, укажува на “сериозна загриженост кога се во прашање...
Post Views: 5 Специјалниот пратеник за Блискиот Исток Роберт Сери изјави синоќа дека ОН се загрижени од можна копнена инвазија во појасот Газа, што само би го влошило судирот во кој стотици луѓе веќе ги загубија животите. „Силно сме загрижени бидејќи тоа би значело само нов круг насилства и натамошна ескалација на судирот. Тоа мора да престане“, истакна Сери. Специјалниот пратеник на ОН, преку видео бим од Ерусалим, рече дека имајќи предвид оти израелските тенкови се на граицата со Газа, сега апсолутен императив е да се најде начин да се избегне поширок конфликт со уште поголем...
Post Views: 6 Генералното собрание на Обединетите нации го зголеми двогодишниот буџет поради зголемените расходи за мисиите во кризните региони и новите функции. Буџетот на ОН за периодот 2008-2009 година изнесува 4,86 милијарди долари, иако претходно беше фиксиран на 4,17 милијарди долари. Како причини за зголемувањето на расходите се 27 мисии на ОН во светот, посебно мисијата во Авганистан, во Ирак и во Судан. Генералното собрание на Светската организација одобри финансирање на 92 нови функции во ОН за развој и 49 во политичкиот оддел односно за превентивна дипломатија. Генералниот...
Post Views: 1 Избрани се петте нови непостојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година. За единственото место предвидено за азиска држава е избрана Јапонија, која освои 158 гласови, а конкурентот Иран 32, соопшти вечерва претседателот на Генералното собрание на ОН Мигел Декото. Во групата на Европа за непостојани членки се избрани Австрија и Турција, а Исланд беше елиминиран. Од групата на Латинска Америка и Африка, беа избрани единствените кандидати Мексико и Уганда.