Ознака: Ohridsko

Niko Nestor

Училиштата во охридско-струшкиот регион започнаа со настава

Post Views: 4 На часовите не дојдоа само оние ученици кои не биле информирани оти денес се започнува со настава. Сеуште неизвесно, на кој начин струшките средношколци  ќе ги надополнат изгубените часови. По десетдневникот штрајк денес  во  сите училишта во охридско-струшкиот регион, се оджува  настава. Учениците седнаа во училишните клупи и наставата се одвиваше вообичаено. Раководителот на одделението за образвование при општина Струга, Џејми Хајредини, не информира дека денес 90% од учениците беа на училиште, останатиот дел биле отсутни бидејќи како што рече тој не биле информирани...

Continue reading

logo

Откажана претставата на Роберт Вилсон на „Охридско лето“

Post Views: 2 Откажана е претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Роберт Вилсон закажана за 29 јули во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, соопшти дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.По посетата на техничкиот директор на претставата било утврдено дека техничките перформанси на Центарот за култура, ниту кој било друг затворен простор во Охрид, не се соодветни за прикажување на претставата и оти македонската публика не би ја видела со полн уметнички квалитет. – Благодарејќи на великодушната покана и желбата за учество на „Охридско...

Continue reading

Еnio Morikone

Енио Мориконе го отвори овогодинешното „Охридско лето“

Post Views: 9 Музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори синоќа 49-то „Охридско лето”. Италијанскиот композитор Мориконе диригираше со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои во Античкиот театар во Охрид изведоа колаж од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други. Најпрестижната културна манифестација во Македонија, „Охридско лето” свечено ја отвори македонскиот претседател...

Continue reading

Ohridsko ezero

Eзерото мора да се спаси

Post Views: 0 Светскиот проблем со загадувањето на водите му се заканува и на Охридското езеро. Оваа го констатираа експертите на хидробиолошкиот институт на денешната трибина која се одржа во Охрид на тема „да го заштитиме крајбрежието на Охридското езеро од еколошка деградација“. Др Ленче Локоска потенцира дека за среќа Охридскот езеро постојано се надополнувасо свежа изворска вода и точно поради тоа езерото опстојува милион години. Но, тоа што го поправа природата го уништува човекот. Човечкиот фактор има големо негативно влијание врз разновидниот растителен и животински свет во...

Continue reading

mini

Извадени 3 500 неексплодирани убојни средства

Post Views: 4 Во акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес  извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар. „Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата...

Continue reading

fiskalna smetka

Високо ниво на фискализација

Post Views: 1 За разлика од другите делови од Македонија, во охридско-струшкиот регион фискализацијата на ниво. Сите стопански субјекти го почитуваат законот, набавиле фискален апарат, велат од регионалната дирекција на УЈП. Фискализацијата на високо ниво во Охрид и Струга. Речиси, сите даночни  обврзници набавиле фискални апарати. Зачестените контроли потврдуваат дека обврзниците си ги почитуваат законските одредби и ја спроведуваат фискализацијата во целост, вели Петко Колчакоски, директор на регионалната дирекција на УЈП  во Битола. Негова отценка е дека истата во охридско-струшкиот...

Continue reading

TVM

Фестивалска магија и организациона замаеност

Post Views: 8 И по 50 години никако да се научиме како да организираме фестивал без пропусти. И на отварањето на златното, јубилејно издание на светски познатиот фестивал, „Охридско лето“, работите на организаторите не им тргнаа во посакуваната насока. Откако во пет до дванаесет беше разрешен првиот човек на фестивалот, Тони Симоновски, за негов наследник беше назначен Васил Зороски. Именувањето на Зороски за вд директор уште во првите денови се покажа како лош потег, кој навестуваше дека ова издание на фестивалот нема да помине без пропусти. Доцнењето на картите во продажба, измената...

Continue reading

Simon Trpceski

Трпчески или Вилазон

Post Views: 0 Секоја година за отвoрање на Фестивалот „Охридско лето“ аплицираат врвни светски уметнички  имиња. Оваа година, за јубилејното 50-то издание во потесниот круг влегоа 5 проекти, од кои 3 влегоа во потесниот круг. Како што ТВМ дознава, двајца врвни уметници ја водат завршната битка. Дали на 12-ти јули ќе го гледаме нашиот светски познат и признат Симон Трпчески во придружба на  филхармонија од светска класа или Роландо Вилазон, еден од водечките тенори на светската музичка сцена, придружуван од домашен оркестар. Иако во јавноста проструи дека Трпчески ќе ја има честа...

Continue reading

Bob Dilan

Боб Дилан за почеток на „Охридско лето“… ама во Скопје

Post Views: 27 Настапот на  легендарниот Боб Дилан, организаторите,  Авалон продукција, го најавија  како означување на почетокот на фестивалот  „Охридско лето“ кој годинава ја одбележува својата 50- годишнина. Била разгледувана и можноста концертот да се одржи во Охрид, што би било најлогично, кога веќе со него се означува почеток на фестивал кој половина век се одржува тука, но организаторите сепак одлучиле дека подобри услови имало во Метрополис арената. Охрид, очигледно, не е дораснат за еден Боб Дилан, иако,  рака на срце ,пречекал и многу поголеми ѕвезди од него. Нејсе… ...

Continue reading

Се сели ли Охридско лето во Скопје…

Post Views: 7 Претставништво на фестивалот „Охридско лето“ наскоро ќе биде отворено и во Скопје – ова денес за ТВМ го потврди директорот на фестивалот Тони Симоноски. Станува збор за помошна канцеларија чиешто седиште ќе биде во зградата на „Нова Македонија“. “Целта  на оваа канцеларија ќе биде да се олесни функционирањето на фестивалот“ информира Симоноски и додава “…канцеларијата ќе функционира и како прес-центар и место каде ќе може да се одржуваат состаноци помеѓу уметниците и селекторското тело на фестивалот“ Симоноски потенцира дека ова во никој случај нема да значи...

Continue reading

Panoski

Заедничка активност со Албанија за сливот на Охридското езеро

Post Views: 14 Денес во организација на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро стручен тим ќе престојува во Поградец, Албанија Целта на посетата и состанокот е многукратна. Прво, заеднички со тим од албанската страна ќе се разгледа состојбата настаната од новата хидролошка состојба и нејзиното влијание во сливот и врз самото езерото. Планирано е потоа да се увидат состојбите со управувањето на рибниот фонд на албанската страна, притисокот од урбанизацијата и степенот на одведување на отпадните води. Ќе се разговара и за обезбедување термин за следниот состанок на...

Continue reading

pretstava

„Пер Гинт“ од Ибзен во режија на Александар Поповски на „Охридско лето“

Post Views: 1 Се дефинара програмата за годинешното издание на „Охридско лето“. „Пер Гинт“ од Ибзен во режија на Александар Попоски е претстава која е веќе дефинирана за прижаување на фестивалската програма. Директорот на фествалот „Охридско лето“ штотуку се врати од Хрватска, каде беше во посета на театарот Гавела, еден од најдобрите театри.„Таму нашиот режисер Александар Попоски ја имаше поставено неговата театарска претстава „Пер Гинт“ од Ибзен, која кај пребирливата хрватска публика остави многу силен впечаток“, вели директорот на фестивалот Тони Симоноски.Симоноки потврди дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top