Ознака: nov

tabla

Денес Министерството за здравство одлучува за вакцината за новиот грип

Post Views: 2 Министерството за здравство денеска треба да донесе одлука од кого и какви вакцини ќе купи за превенција од новиот грип А(Х1Н1). Одлуката ќе биде донесена откако претходно ќе се знае дали Холандија ќе може да и испорача вакцини на Македонија, од кои дел треба да бидат донација, а дел да се платат. Доколку Холандија не одговори позитивно на македонското барање, најверојатно вакцината на „Новартис“против грипот А ќе биде избрана од страна на Министерството за здравство. Министерот за здравство Бујар Османи вчера изјави дека кинеската вакцина, иако е со најниска цена, најверојатно...

Continue reading

SVP

Струшките вечери на поезијата добија нов претседател на Управниот одбор

Post Views: 0 Поетот, Славе Ѓорго Димоски е новиот претседател на  Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Тој доаѓа на местото од Иљаз Османи. Славе Ѓорго Димоски вели дека СВП заедно со Фестивалот „ Охридско лето “ се најголемиот културен бренд на Македонија. За две години поетската манифестација ќе слави 50 годишен јубилеј. Мојата цел како Претседател на Управниот Одобр е да направам осовременување на фестивалот и во содржинска и во концепциска форма, и да биде подготвен како спектакл на светската поезија, вели Ѓорго Димоски.  Поетот  Ѓорго Димоски потенцира дека фестивалот...

Continue reading

logo

Нов земјотрес регистриран синоќа во Дебар и околината

Post Views: 1 Земјотресот со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран во 18.41 часот.Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, во дебарското епицентрално подрачје претходно се регистрирани серија слаби земјотреси. Најсилниот земјотрес што предизвика материјхални штети во Дебар и околината беше регистриран на 6. септември, со јачина од 5,3 степени според Рихтер.{loadposition content9}

Continue reading

jurij Goncaruk

Именуван новиот украински амбасадор во Македонија

Post Views: 4 Претседателот Ѓорге Иванов вчера во летна резиденција во Охрид, ги примил акредитивните писма на новоименуваниот украински амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, соопштуваат од кабинетот на претседателот. На средбата Иванов изразил задоволство од високото ниво на соработка меѓу двете земји, и од добрите општи односи. Тој се заложи за натамошно продлабочување на економската размена меѓу двете држави оценувајќи дека се работи за економии кои меѓусебно се надополнуваат, а кои дополнително може да ја развиваат соработката во областа на земјоделството и туризмот и промоцијата...

Continue reading

Ѓорге Иванов

Ѓорге Иванов, новиот претседател на Македонија

Post Views: 5 Излезноста во вториот круг на претседателски избори, според претходните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) изнесуваше 40,79 насто со што е исполнет законскиот цензус. Кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНе Ѓорге Иванов, по исполнувањето на цензусот, е нов претседател на Македонија, откако претходно беше соопштено дека освои 437.455 гласови. Кандидатот на опозицијата Љубомир Данаилов Фрчкоски, кој претходно му ја честиташе победата на Иванов во вториот круг освои 252.195 гласови. ДИК податоците за излезноста ги соопшти рано изутрината, бидејќи поради малиот...

Continue reading

granicar

Нов систем за контрола на границите

Post Views: 1 Информационен систем за интегрирано гранично управување ќе биде пуштен денеска во употреба во зградата на Граничната полиција. Со ова, Македонија ќе се вброи меѓу ретките земји кои располагаат со систем на интегрирана контрола на границите, соопшти Министерството за внатрешни работи. На отворањето, како што е соопштено, ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за информатичко општество Иво Ивановски. {loadposition content9}

Continue reading

Medicinski centar

Болниците стартуваа со нов систем на наплата на услугите

Post Views: 3 Системот на дијагностички сродни групи (ДРГ) почнаа да функционира во болниците во Македонија. Станува збор за систем на класификација на болничките пациенти во повеќе од 600 различни групи, сродни по дијагноза и просечни трошоци. Ова подразбира плаќање согласно вложениот труд, а не како досега рамномерно плаќање. Целта на ДРГ системот е во фокусот да биде пациентот наместо како досега лековите и материјалите за работа. Со воведување на овој систем првпат ќе се има увид за тоа како се работи во болниците, увид на пациенти и нивниот конкретен третман. Секој пациент ќе...

Continue reading

Metju Nimic

Македонија ќе го информира Нимиц за новиот преговарач

Post Views: 1   Македонија денеска официјално ќе го информира медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц, за назначувањето на Зоран Јолевски за нов македонски преговарач. Указот за негово назначување денеска се очекува да го потпише шефот на државата Бранко Црвенковски. Амбасадорот Зоран Јолевски викендов беше именуван за нов преговарач за името, во рамки на преговорите што се одвиваат под закрила на Обединетите нации. Јолевски најавил дека во тимот остануваат и досегашниот преговарач Никола Димитров, како и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер. Со изборот на Јолевски...

Continue reading

makedonsko zname

Шеесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Post Views: 2 Република Македонија денеска одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските...

Continue reading

Filip Riker

Новиот амбасадор на САД Филип Рикер ќе ги предаде акредитивните писма

Post Views: 1 Новонаименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Томас Рикер денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски. Рикер е петти американски амбасадор во Македонија, кој тука работеше од 1997 до 1999 година како раководител на Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, кога беше и портпарол на тогашниот амбасадор Кристофер Хил. Кога дојде во четвртокот, Рикер за медиумите изјави дека е задоволен што ќе има можност да биде со старите пријатели и да запознае нови за време на...

Continue reading

Sukhoi

Русија се претстави со нов борбен авион

Post Views: 5 Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион од петтата генерација за кој се претпоставува дека е одговор на технолошката супериорност на американското воздухопловство, изјавија извори од руската армија. Надзвучниот борбен авион е невидлив за радарите, а има и напредни управувачки и борбени уреди. Авионот се развива во компанијата Сухој и се очекува да биде готов до крајот на овој месец. Воените експерти, новиот авион го гледаат како одговор на американскиот Ф-22 Рептор кој се смета за најнапреден авион од петтата генерација.{loadposition...

Continue reading

kiotvi

Над 120 китови угинаа во Нов Зеланд

Post Views: 12 Над 120 китови угинаа, исфрлувајќи се на брегот изминатиот викенд на две места во Нов Зеланд, но еколозите успеаја да спасат 43 од животните, враќајќи ги при плима обратно во морето. Стотици доброволци се вклучија во акцијата. Тие ги прекриваа китовите со мокри чаршафи, за да ја одржат влажна нивната кожа, додека правеа обиди да ги вратат во водата.Во текот на летото по бреговите на Нов Зеланд често се случува да излезат китови. Научниците се уште не можат да ги објаснат причините за тие т.н. „колективни самоубиства“.{loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top