Без канализација
Post Views: 9
Жителите од Подмоље, Лескоец, Велгошти и Пештани и ова лето ќе останат без приклучок на канализациона мрежа. Повеќе од 7 месеци од Републичкиот фонд за патишта молк околу давањето дозволи за прекоп на магистралните патишта М5 И М8. И овој пат изостана одговорот во чиј лавиринт е заглавена работата.
Исто толку време помина и од ветувањето на Министерот за транспорт и врски дека ќе помогне да се реши овој проблем. Од локалната самоуправа потврдуваат дека до денес од Републичкиот Фонд за патишта нема издадено дозвола и работите сеуште тапкаат во место. Главните канализациони...