Ознака: Milososki

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски на Самиот на министри во Молдавија

Post Views: 8 Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на министри и Самитот на шефови на Влади на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) што се одржува во Кишињев, Молдавија. Тема на министерскиот состанок е улогата на ПСЈИЕ во јакнењето на регионалната соработка и интензивирање на соработката помеѓу земјите на политичко ниво во сферите од заеднички интерес. На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи Милошоски ќе оствари неколку билатерални средби со свои...

Continue reading

Antonio Milososki

Министерот Милошоски на состанок на земјите на Јадранската повелба

Post Views: 8 Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски  денеска во Тирана ќе учествува на редовниот состанок на Партнерската Комисија на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Јадранската Повелба.  На состанокот ќе учествува и генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата ќе се дискутираат прашања поврзани со иднината на Јадранската група, а ќе биде усогласена и заедничка изјава на министрите за надворешни работи. На маргините на состанокот министерот Милошоски ќе оствари билатерални средби...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски во работна посета на Брисел

Post Views: 3 Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, при што ќе оствари средба со комесарот за проширување Оли Рен. На средбата ќе се разговара за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. Ќе се разговара и за укинувањето на визниот режим на Европската Унија кон Македонија,...

Continue reading

Shefer Milososvski

Милошоски и Коњановски во посета на Брисел

Post Views: 9 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел. Во рамките на посетата во седиштето на НАТО во Брисел, министрите денеска ќе имаат средби со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и повеќе амбасадори на земјите членки при НАТО, официјално е соопштено. Приоритетните теми кои ќе доминираат на средбите се актуелните случувања и ставови, поврзани со членството на Македонија во НАТО, учеството на државата во меѓународните мировни мисии и проекциите на реформите...

Continue reading

Antonio Milososki

Милошоски во Калкута ќе положи спомен плоча на гробот на Мајка Тереза

Post Views: 4 Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во рамките на неколкудневната официјална посета на Индија денеска ќе престојува во Калкута, градот во кој речиси седум децении живеше и работеше најпознатата Скопјанка во светот, хуманистката и нобеловка Мајка Тереза. Милошоски во Калкута ќе го посети Домот и Музејот на Мајка Тереза, а на нејзиниот гроб ќе положи спомен плоча како благодарност од граѓаните на Република Макеоднија. Ќе се сретне со нејзината наследничка сестра Нирмала при што ќе ја информира за последните подготовки за претстојното отворање на спомен...

Continue reading

CEI

Милошоски во Кишињев на Самит на ЦЕИ

Post Views: 1 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе учествува Состанокот на шефови на дипломатии и на Самитот на претседатели на влади на земјите-членки на Централно-европската иницијатива што се одржува во Кишињев, Молдавија. Тема на министерскиот состанок, како што соопшти МНР, е улогата на ЦЕИ во јакнењето на регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија. На Самитот на ЦЕИ ќе биде разгледана ситуацијата во регионот, а ќе биде усвоен и финален документ што се однесува на улогата на Централно-европската иницијатива. Со овие собири завршува претседавањето...

Continue reading

Antonio Milososki

Милошоски – Оценката на ЕК не е сосема независна

Post Views: 9 Оценката на Европската комисија(ЕК) за напредокот на Македонија има одредени основи на техничко ниво, но сепак не е сосема независна од политичкото влијание и вкупната атмосфера која се случува внатре во ЕУ. Ова, го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. „Македонија во овој момент не е ништо помалку подготвена за да започне преговори за членство во ЕУ, отколку што беа подготвени земјите кои станаа членки на Унијата пред пет или десет години“, смета Милошоски. Тој додава дека одговорноста за недобивањето датум веќе четврта година не е само кај еден...

Continue reading

Antonio Milisoski

Шефот на македонската дипломатија Милошоски во посета на Украина

Post Views: 4 Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски во рамки на официјалната посета на Украина, денеска во Киев ќе се сретне со шефот на украинската дипломатија Вoлoдимир Огризко. Милошоски и Огризко ќе потпишат Програма за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Шефот на македонската дипломатија ќе биде примен и од претседателот на Украина Виктор Јушченко и од претседателот на Врховната Рада Арсениј Јацењук. Се очекува на официјалните разговори да стане збор за можностите за натамошен развој на односите меѓу двете земји...

Continue reading

Црвенковски и Милошоски во Њујорк

Post Views: 0 Висока државно владина делегација на Македонија денеска треба да замине за Њујорк на 63 Генерално собрание на ОН што започнува на 23 септември.            Според најавите, шефот на државата Бранко Црвенковски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски во Њујорк ќе имаат интензивни дипломатски активности за прашањето за името.            Предвидено е Црвенковски да има средби со медијаторот Метју Нимиц, со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и со претставници на американскиот Стејт департмент.            Атинските медиуми објавија синоќа дека Милошоски и неговата...

Continue reading

Министерот Милошоски на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Авињон (RPT)

Post Views: 5 Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска присуствува на вториот ден на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија во Авињон, Франција. На состанокот, покрај министрите на земјите-членки на Унијата, присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите кандидатки – Македонија, Хрватска (Гордан Јандроковиќ) и на Турција (Али Бабиџан). На неформалниот состанок во Франција присуствуваат и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, европскиот комесар...

Continue reading

Милошоски: оптимист за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО

Post Views: 3 „Сигурен сум дека како држава со посветеност, со реформи и дополнителен труд за надминување на одредени пречки ќе успееме  да ги постигнеме надворешно-политичките приоритети – членството во НАТО и во ЕУ, како нација која би требало да ја круниса својата демократизација.“ -ова го нагласи министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчерашната седница на собраниската Комисија за надворешни работи. Милошоски информира дека приоритет на Владата и на МНР е исполнување на осумте одредници добиени во март од страна на Европската комисија, чие исполнување ќе значи...

Continue reading

Antonio Milisoski

Од лидерската средба во понеделник не треба премногу да се очекува

Post Views: 6 Од лидерската средба во понеделник не треба да се очекува премногу, таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои, изјави Министерот за надворешни работи на РМ, Антонио Милошоски. „Во секој случај позитивно ја оценувам средбата и што премиерот ја свика. Оваа средба може да биде добар вовед во она што допрва ни претстои. Од како евентуално ќе имаме нов  предлог за името, тогаш ќе треба со сета сериозност и одговорност, сите политички чинители, повторно да завземат конечен став кој на најдобар начин ќе ги застапува македонските интереси“ , рече министерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top