Ознака: megunaroden

velosipedi

Меѓународен ден без автомобили

Post Views: 11 Карван од велосипеди ќе врви денеска низ скопските улици во знак на одбележување на Меѓународниот ден без автомобили. Предвидено е карванот да тргне од пред градските бараки и ќе се движи кон трговскиот центар „Буњаковец“ каде што ќе биде презентирано паркиралиште за велосипеди. Централниот настан „Со велосипед е во ред! а каде да паркирам?“ треба да се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје. Целта на целиот проект е да го промовира велосипедот како рамноправно транспортно средство во урбаните средини и преку конкретни акции и поставување паркиралишта за...

Continue reading

Kongresen centar

42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 0 Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. На семинарот, што ќе трае до 27-ми овој месец, ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. На собирот во Охрид ќе присуствуваат и познатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка,  професорите Кшиштоф...

Continue reading

sudii

Продолжува судскиот спор со Грција

Post Views: 0 Македонија денеска треба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го поднесе меморандумот со писмените докази во спорот против Грција. Државава ја тужи Грција за прекршување на Времената спогодба од 1995 година, поради ветото за приемот на Македонија во НАТО лани во април на самитот во Букурешт. Меморандумот покрај другото ќе ги содржи изјавите на официјални грчки претставници и текстови кои можат да послужат како аргумент во процесот. Грција треба да одговори со своите аргументи во јануари годинава, по што процесот продолжува следната година. {loadposition...

Continue reading

logo

Први Мај – Меѓународен ден на трудот

Post Views: 25 Денот на трудот е меѓународен празник кој се одбележува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на штрајкот на околу 40.000 работници била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден.  Полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а  четворица од нив биле погубени. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки...

Continue reading

megunaroden sud

Македонија и Грција на суд во Хаг

Post Views: 2 Претставници на Грција и Македонија денес треба да се сретнат во Меѓународниот суд за правда, во Хаг, во најновата рунда од долгогодишниот спор меѓу двете земји околу македонското име. Македонија ја тужи Грција за блокирање на зачленувањето во НАТО , што е во спротивност со билатералната спогодба што Скопје и Атина ја потпишаа во 1995. Прашањето за историското наследство на името Македонија кое покрива географска територија на двете страни од границата, стана исклучително чувствителна тема во двете земји, која ги влоши политичките односи меѓу Атина и Скопје.       {loadposition...

Continue reading

Sv.Jovan Kaneo

Во Охрид ќе биде отворен вториот Меѓународен саем за туризам

Post Views: 0 Во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а под покровителство на Владата на Република Македонија, денеска во Охрид ќе биде отворен вториот Меѓународен саем за туризам. На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат евроамбасадорот Ерван Фуере, амбасадорот на САД Филип Рикер, бројни претседатели на светски и европски организации за туризам, како и странски тур оператори. Целта на саемот е промоција на македонскиот туризам во странство. Дел од предвидените активности се Форумот за туризам во чии рамки ќе се одржат три трибини – ИПАРД-фондовите...

Continue reading

U.N

Меѓународен ден на човековите права

Post Views: 3 Во Македонија денеска започнува одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечер ќе се одржи дванаесетата ораторска вечер „Иво Пухан“. Утре ќе се одржи академија на која ќе зборува американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, а настап ќе има и најдобриот оратор. Во организација на невладината организација „Цивил“ денеска во Младинскиот културен центар ќе биде организирана целодневна манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и 60 години од...

Continue reading

Simpozium turizam

Во Скопје ќе се одржи Меѓународен семинар за туризам

Post Views: 4 По повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, Факултетот за туризам од Скопје организира дводневен Меѓународен симпозиум на тема „Туризмот во 21-от век“. Симпозиумот е прв од ваков вид што се организира во Македонија и на него ќе учествуваат професори и експерти од областа на туризмот од странство и од Македонија.Целта е размена на знаења и искуства со оние земји кај кои туризмот има огромно позитивно влијание на севкупното стопанство.  

Continue reading

Меѓународен македонистички собир во Охрид

Post Views: 7 Во рамки на манифестацијата Година на македонскиот јазик 2008, во Охрид денеска ќе биде отворен Меѓународниот македонистики собир кој ќе трае до 1 септември. Со теми од областа на македонскиот јазик и литература пријавени се 59 странски македонисти од 15 земји и 57 професори и научници од универзитетите во Македонија. Излагањата ќе бидат со тематика од развојот и современата состојба на македонскиот јазик и македонската литература во 21 век, достигнувањата на македонистиката и споредбени теми. Воведни излагања ќе имаат докажаните проучувачи на македонскиот јазик –...

Continue reading

holokaust

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Post Views: 9 Полска и Израел, а со нив и целиот свет денеска во Аушвиц ќе го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. На денешен ден, 27. јануари, во 1945. година војниците на Црвената армија ги ослободија последните 7.650 преживеани логораши.Традиционалната порака до светот од Аушвиц дека холокаустот не смее никогаш да се заборави за да не се повтори, ќе ја упатат од пред споменикот на жртвите на холокаустот претседателот на Полска Лех Качињски, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и рускиот министер за образование и наука Андреј Фурсенко, како специјален...

Continue reading

Хаг

Во Меѓународниот суд во Хаг почнува правната битка за Косово

Post Views: 0 Во Меѓународниот суд во Хаг денеска почнуваат дебатите по прашањето за законитоста на независноста на Косово,  кое Генералното собрание на ОН му го постави на Трибуналот по иницијатива на Србија. Вкупно 30 држави ќе се изјаснат за време на сослушувањата, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбеднот на ОН (Кина, САД, Франција, Велика Британија, Русија). Сослушувањата ќе продолжат до 11 декември.Претставниците на Србија и на Косово ќе се изјаснат на првиот ден, 1 декември, и ќе имаат збор по три часа. Другите земји ќе имаат можност да ја изразат својата позиција...

Continue reading

stol

Меѓународен ден за подршка на жртвите на тортурата

Post Views: 3 Меѓународен ден на Обединетите нации(ОН) за поддршка на жртвите на тортурата се одбележува денеска низ светот. Во заедничката изјава на експертите и специјалните известувачи на ОН, фокусот се става на зголемувањето на заштитата од тортура на лицата со хендикеп. „Во насока на апсолутна забрана на тортурата, не може да постои повикување на исклучителни околности за нејзино оправдување, и земјите имаат обврска да ја спречат тортурата и другите сурови, нехумани или понижувачки постапки или казни, вклучително врз лица со хендикеп“, се вели во изјавата. Експертите истакнуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top