Ознака: mali

Poligon za mali sportovi

Замрзната постапка

Post Views: 1 Конгресниот центар кој требаше да се изгради на местото кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прчичев” ќе почека. Овој простор, оставен на забот на времето во моментов е бескорисен и наместо да се изгради, останува поле на препукување помеѓу сопственикот или корисникот „Гранит“ и Kатастар. Од грдежната фирма „Гранит“- Скопје, директорката на правниот сектор Виолета Божиновска, вели: “Воопшто не е почната постапка за изградба на конгресен центар, ниту е планирано да се гради се додека не се расчистат сопственичките односи за земјиштето“. Божиноска не...

Continue reading

balerina

Мали балерини- големи надежи за успех

Post Views: 10 Во професионалното балетско студио на професорката Ана савиќ, најмладите охриѓанчиња учат како да станат дел од оваа уметност. Со прекрасните звуци на Лебедовото езеро од Чајковски не пречекаа младите балерини од Професионалното студио на професорката Ана Савиќ. Понесени од љубовта кон оваа уметност тие редовно ги посетуваат часовите по балет и ги следат инструкциите на својата професорка. Ги има на различни возрасти. Најмладите членови имаат три години. Часовите во ова балетско студио, веќе година дена, се одржуваат во просториите на детската градинка Развигорче....

Continue reading

vakcina

Дополнително вакцинирање во тек

Post Views: 1 Дополнителното вакцинирање против Мали сипаници, заушки и рубеола, сеуште е во тек. Заводот за здравстевена заштита располага со 1600 дози вакцини за Охрид, Струга и Дебар. Досега во општина Охрид регистрирани се 24 случаи на заболени од заушки. Во заводот за здравствена заштита и денес се вршеше вакцинирање против МОРБИЛИ, ЗАУШКИ и РУБЕОЛА. Од заводот велат дека денешниот ден им е работен, за на студентите , кои за викенд си доаѓаат дома, да им се овозможи, да се вакцинираат. Од 19 март од кога започна дополнителното вакцинирање во заводот за здравствена заштита вкупно...

Continue reading

tabla

Субвенции и за малите и големите земјоделци

Post Views: 9 Христафил Блажески од село Ливоишта е земјоделец, кој на сопствените обработливи  површини одгледува  пченица, рж, јачмен и пченка. Овој земјоделец по втор пат се пријавува во агенцијата за подршка на земјоделството за добивање неповратни, државни пари  за неговото земјоделско производство. Во агенцијата за подршка на земјоделството  за само 7 дена, од кога почна да тече доставување на документи за субвенционирање на есенските посеви, околу 100-тина земјоделци имаат доставено пријави. Лани неповратни средства од државата искористиле 900 земјоделци, а годинава се очекува...

Continue reading

Filip Riker

Дванаесет офицери на езерската полиција обучени за операции со мали чамци

Post Views: 13 Дванаесет офицери на езерската полиција, што работи во состав на македонската гранична полиција се обучени за операции со мали чамци. Во  изминатите две седмици  четворица инструктори интензивно работеа со нив пренесувајќи им ги своите знаења и искуства. Дипломите за завршен напреден курс им ги врачи американскиот амбасадор Филип Рикер. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, се заблагодари на помошта што американската влада и ја дава на Република Македонија на полето на безбедноста и одбраната. Обуката беше финансирана од Владата на Сад, а реализирана...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top