Бројни капитални проекти ќе реализира охридскиот Завод и музеј
Post Views: 5
Во 2009 година, Националната установа Завод и музеј- Охрид влегува со амбициозни планови. Пари за нивна реализација има. Директорот, Тања Паскали- Бунташеска, вели дека е повеќе од задоволна со финансиските средства кои Владата ги издвоила за оваа намена.
„Сите проектите за кои аплициравме до Министерството за култура се прифатени. За работењето на Завод и музеј за 2009 Владата има издвоено над 40 милиони денари“, вели Бунташеска.
Годинава ќе се реализираат неколку капитални проекти. Реконструкцијата на куќата на Уранија е само еден од нив.
„Завршена е првата фаза...