Ознака: ezero

Граѓаните се загрижени за судбината на Охридското езеро

Post Views: 6 Охридското езеро оставено на милост немилот. Трската нагло се пали, се уништува растителниот и животинскиот свет. Водите од Охридското езеро исто така се изложни на загадување. Граѓаните се едногласни, кога станува збор за тоа колку е заштитено езерото. Велат, никој не се грижи за него, секој гледа за својот џеб. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање на неодамнешната посета во Струга, рече дека приоритет на овој ресор е заштита на Охридското езеро. Примерот за заштита на водите од Преспанското зеро, ќе се применува и за охридското. Ќе се гради почистителна...

Continue reading

Prespansko ezero

Преспанското и Дојранското езеро под концесија

Post Views: 16 Издавање концесии за Дојранско и Преспанско Езеро, е тема на прес конференцијата, која денеска ќе ја одржи министерот за земјоделство Абдилгафар Синани. Владата претходно најави дека ќе бидат распишани огласи за давање под концесија на Преспанското и Дојранското езеро, додека за Охридското езеро стави мораториум за стопански риболов до 2014 година. Дотогаш за Охридското езеро ќе се грижи рибочуварската служба и Министерството за внатрешни работи. {loadposition content9}

Continue reading

Ohridsko ezero

Eзерото мора да се спаси

Post Views: 0 Светскиот проблем со загадувањето на водите му се заканува и на Охридското езеро. Оваа го констатираа експертите на хидробиолошкиот институт на денешната трибина која се одржа во Охрид на тема „да го заштитиме крајбрежието на Охридското езеро од еколошка деградација“. Др Ленче Локоска потенцира дека за среќа Охридскот езеро постојано се надополнувасо свежа изворска вода и точно поради тоа езерото опстојува милион години. Но, тоа што го поправа природата го уништува човекот. Човечкиот фактор има големо негативно влијание врз разновидниот растителен и животински свет во...

Continue reading

ezero

Водата во езерото исправна!

Post Views: 5 Реките Черава, Коселска, Сатеска и Велгошка остануваат најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Според резултатите од физичко-хемиските и микробиолошки испитувања, спроведени од страна на Центарот за јавно здравје од Охрид, квалитетот на водата во Охридското Езеро, пред почетокот на туристичката сезона е од прва и втора класа. Според уредбата за класификацијата на водите пак, вода од прва класа може да се користи за водоснабдување, додека вода од втора класа може да се користи за капење, спорт и рекреација, вели Сашо Точко од Центарот за јавно здравје. По направената...

Continue reading

Crn Drim

Што се случува?

Post Views: 9 Останаа затворени уште две клапни од браната во Струга од каде се испушта водата од езерото. Се зголемува ризикот од поплава во населените места на охридско – струшкиот регион. Алармантната и напната состојба се повеќе се наметнува меѓу населението а одговорните смируваат. Човечкиот фактор е причината за се ова што ни се случува последниве неколку денови, вели Мате Гогоски, еколог од Струга. Доколку не се регулира хидротехничката брана на ХЕЦ „Глобочица“ во Струга може да настане катастрофа, додава тој.Опасноста ќе се зголеми доколку почнат нагло да се топат снеговите,...

Continue reading

mini

Извадени 3 500 неексплодирани убојни средства

Post Views: 4 Во акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес  извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар. „Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата...

Continue reading

jaguli

Охридското езеро, побогато за уште 25.000 единки jaгула

Post Views: 2 Во езерото иам јагула но немаме увид кој и колку лови, велат од Институтот за Сточарство. Состојбата со фондот на јагулата во Охридското езеро не е загрижувачка. Годиниве наназад пракса било на струшкиот „Даљан“ да се ловат од 8 па до 16 тони јагула, количина регистрирана на вага, кажува Димче Тале, од Институтот за сточарство. „Последниве години, оваа количина е намалена. Можам слободно да си земам за право да кажам, откако е забранет ловот на сите видови риба во езерото, немаме увид кој и колку лови“- додава Тале. Природниот пат на мрестот на јагулата е прекинат...

Continue reading

manifestacija

Струга беше домаќин на манифестацијата „Денот на Езерото“

Post Views: 3 Со тоа официјално започна и туристичката сезона. Градоначалниците на Струга, Поградец и Охрид се пофалија на досегашната заеднича соработка. Збратимените езерски градови Охрид, Струга и Поградец и годинава заедно го одбележаа „Денот на езерото“. Овој пат, градоначалникот Рамиз Мерко и градот Струга беа домаќини на манифестацијата. Тој потенцира оти во изминативе 6 години тројцата градоначалници одлично соработувале во повеќе свери кои се во нивни ингеренции. И градоналчалникот на Поградец, Артан Шкамби, е задоволен од одличната комуникација помеѓу колегите од Струга...

Continue reading

Vodostoj

Охридското езеро ќе го сруши рекордот од `68 год.

Post Views: 3 Нивото на езерото по вчерашните врнежи порасна и денеска изнесува 17 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија.Надлежните не соопштуваат нов официјален податок, така што засега се објавува вчерашното ниво од 17 сантиметри над горната дозволена граница. Сепак , се остава можност, езерото денеска да ја достигне критичкаата точка од 18 сантиметри над горната утврдена кота, со што ќе се изедначи со рекордот од 1968. година. Утринава во Скопје заседава Координативното тело за следење на ситуацијата, по што ќе излезе во јавноста...

Continue reading

plazi

Половина oхридски плажи ги проголта езерото

Post Views: 1 Нивото на езерото сеуште над дозволениот максимум. Овој пат штета од поголемата количина вода имаат концесионерите на плажите, затоа што надојдената вода им покри половина од песочниот простор наменет за поставување на лежалки. „ Четврта година по ред како крајбрежјето е уредено, а годинава изгледа како сега да почнуваме со активности. Се е разрушено, а причина за тоа е преголемата количина на вода“, вели концесионерот на плажата Акапулко Љупчо Нечковски. „Кога имаше најмногу врнежи од дожд, во најтешките денови, езерото се намалуваше, бидејки се регулираше Дримот....

Continue reading

pastrmka

Трето порибување на езерово со пастрмка оваа година

Post Views: 3 400 илјади парчиња подмладок на пастрмка  пуштени во водите на Охридското Езеро. На ова трето по ред порибување, присуствуваше и српскиот министер за земјоделство, Саша Драгин кој изјави дека земјите од регинот мора да соработуваат во заштитата на екосистемите, посебно во период кога климатските промени го покажуваат својот гнев. Македонскиот министер согласен со неговиот српски колега, додаде дека се прават напори со албанската страна и нивното Министерството за екологија со цел да успешно да се спроведе заштитата на овој ендемски вид риба. Министерот ги отфрли обвинувањата...

Continue reading

езеро

Масна дамка на површината на Охридското Езеро

Post Views: 1 Камерата на ТВМ, вчера попладне,  забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на Охрид Потеклото не е познато, но се претпоставува дека се работи за материјал од нафтени деривати истурен во канализациската мрежа. Денес на местото се излезени претставници на Државниот инспекторат за животна средина, локален комунален иснпекторат и од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое стопанисува со Колекторскиот систем за заштита на езерото. Според државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет, причината за излевањето е непозната,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top