Ознака: direktor

Niko Nestor

Во О.У. „Нико Нестор“ поништен конкурсот за избор на директор

Post Views: 1 Денес по втор пат се објавува конкурс за избор на прв човек на средното училиште „Нико Нестор“. Ова следи по претхоно поништениот оглас за директор на оваа образован институција. Конкурсот беше објавен на 20-ти претходниот месец и  на истиот аплицираа 4 кандидати. Моменталната в.д директорка Драгица Добреска, професорите Васил Максимоски, Јаковче Матлиески како и Маре Бојческа. Училишниот одбор повторно ја реизбра Добреска за прв човек на Нико Нестор. ТВМ дознава дека за неа гласаа 8 професори од вкупно 11. Се шпекулира дека  конкурсот е поништен по извршената контрола...

Continue reading

Fritz Henderson

Извршниот директор на „Џенерал Моторс“ поднесе оставка

Post Views: 10 Главниот извршен директор на американската автомобилска корпорација „Џенерал Мотрос“, Фриц Хенедерсон поднесе оставка на функцијата, јави телевијата Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на неимениван извор „близок до раководтсвото на компанијата“. Според истиот извор, ваквата своја одлука Хендерсон ја обелоденил на заседанието на 13-члениот Одбор на директори на „Џенереал Моторс“ што се одржа синоќа во Детроит.Хенедерсон беше избран за главен извршен директор на „Џенерал Моторс“ кон крајот на март оваа година, кога компанијата беше доведена до банкрот и беше спасена со голема...

Continue reading

logo

Директорот на МААЕ во Техеран

Post Views: 0 Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел барадеј се очекува на „почетокот од иранската недела“, односно денеска да пристигне во Техеран. Ова го соопштија извори од Иранската организација за атомска енергија(ОИЕА). „Ел Барадеј на почетокот на неделата ќе го посети Техеран, каде ќе се состане со директорот на ОИЕА, Али Акбар Салехи“, соопшти истиот извор. Генералниот директор на Ел Барадеј доаѓа на покана на иранските власти, кои покрај тоа на преговорите во Женева се согласија инспекторите на МААЕ да го прегледаат нивниот втор погон...

Continue reading

logo

Директорот на Џенерал моторс поднесе оставка

Post Views: 8 Извршниот директор на американската автомобилска компанија Џенерал моторс, Рик Вагонер поднел оставка по барање на претседателот на САД Барак Обама кој треба денеска да го соопшти планот за спасување на автомобилската индустрија. Со него е предвидена поголема финансиска помош под строго определени услови, објавија американските весници. „Од Вагонер беше побарано да поднесе оставка во рамки на реформи во Џенерал моторс и тој се согласи“, објави Њујорк тајмс кој цитира извор од Белата куќа. Вагонер беше директор на компанијата веќе осум години и за многумина симбол на...

Continue reading

Mischael Haden

Сенатот го назначи вовиот директор на ЦИА

Post Views: 0 Сенатот на САД ја одобри кандидатутрата на Лион Панета за директор на ЦИА.Седумдесетгодишниот Панета е поранешен конгресмен демократ од Калифорнија и поранешен началник на кабинетот на претседателот Бил Клинтон. Тој ќе го замени на функцијата Мајкл Хејдн.Номинацијата на Панета предизвика изненадување во Вашингтон, бидејќи ЦИА вообичаено се управува од експерти од разузнавањето, а Панета нема искуство во собирањето или анализата на разузнавачките информации, истакнуваат дел од западните медиуми. Обама изјави оти го избрал за функцијата заради неговите управувачки вештини...

Continue reading

Sasko Kedev

Директорот на Кардиологија на врвот на светот

Post Views: 2 Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев вчера се искачи на Монт Еверест висок 8.848 метри и е третиот Македонец што го освои највисокиот врв во светот. Кедев се искачил на врвот преку тешката јужна страна изутрина околу 8 часот по локално време, како член од поголема американска планинарска експедиција, која ја сочинувале околу сто луѓе. Шерпасот Пасанг Тензинг пристигнал на врвот во 7.30 часот, во 8 часот пристигнал шерпасот Анг Дорџи. кој го освоил врвот 13 пат, а заедно со нив бил и Сашко Кедев од Македонија – пишува во веста што сведочи за несекојдневниот...

Continue reading

stop policija

Полицијата се уште не ги знае причините за убиството на Угриновска

Post Views: 91 Денеска на градските гробишта Бутел во Скопје ќе бидат погребани посмртните останки на директорката на Заводот за рехабилитација – Лилјана Угриновска која вчера 17 пати беше избодена со нож во вратот и градниот кош, од страна на нејзин колега доктор од заводот. На инцидентот за кој нема сведоци, му претходела расправија меѓу двајцата лекари, која почнала во холот на заводот, а продолжила во канцеларијата на Угриновска. Според вработените во заводот, помеѓу докторот и неговата претпоставена и претходно постоело нетрпение. Врз 64-годишната директорка на Заводот...

Continue reading

Petko Kutanoski

Петко Кутаноски директор на Комунално, официјално, потврдено и ексклузивно!

Post Views: 13 Петко Кутаноски веќе трет ден е на раководното место во ЈП. Комунано. ТВм неодамна ексклузивно објави дека директорската функција на  Ваљон Џила ќе ја превземе  Кутаноски. Граѓаните од старт имаат големи очекувања од новиот директор. Деновиве интензивно ја скенирам состојбата во која се наоѓа Комуналното претпријатие, вели актуелниот директор Петко Кутаноски. Раководниот тим на претпријатието подготвува нова програма за преродба на истото, бидејќи е во клиничка смрт, додава тој.  Според него, приоритет во моментов е Комунално да биде граѓански сервис. Формирано е за...

Continue reading

Nikola Zaturoski

Трета среќа за „Нико Нестор“

Post Views: 3 Нов директор во средното стручно училиште „Нико Нестор“. На челната функција во ова училиште е поставен Никола Затуроски,  професор по математика и актуелен советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Иако тој на ова место е само три дена, вели од старт, приоритет му е во „Нико Нестро“ целосно да се надминат меѓуетнички препукувања помеѓу учениците. „За скоро време ќе побарам средба со градоначалникот на Струга и министерот за образование, за на тој начин да увидиме до каде е состојбата со ова училиште и кои се плановите за во иднина“-вели в.д директорот Никола Затуроски. Тој...

Continue reading

Valjon Dzila

Петко Кутаноски, ќе ги враќа долговите на ЈП Комунално

Post Views: 40 Актуелниот директор на ЈП  Комунално, Ваљон Џила ќе биде заменет со член на ВМРО ДМНЕ. Ноефицијално веќе е договорено на директорската фотеља на претпријатието  да седне Петко Кутаноски, долгогодишен активист на ВМРО  ДПМНЕ. Ова е договорено по пазарењето помеѓу ДУИ и вмроовците за претседател на струшкиот совет. Според информациите на ТВМ, најверојатно промени во раководниот тим во  МЈП  Проаква нема да има. Неофицијално на актуелниот директор на претпријатието,  Агни Лена, инаку член на ДУИ,   ќе му биде продолжен мандатот за уште 4 години. „Досега директорите на...

Continue reading

Saso Akimovski

Разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат

Post Views: 43 Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Сашо Аќимовски со одлука на Владата е разрешен од функцијата прв човек на оваа институција. Во соопштението од владината прес служба, се наведува дека и покрај тоа што досегашниот директор на пазарниот инспекторат покажа значителни позитивни резултати во доменот на своето работење, поради јавно објавената снимка во која е содржан компромитирачки разговор на Аќимовски, Владата одлучи заради морална и политичка одговорност да го разреши од неговата позиција.Министерството за внатрешни работи најави дека ќе постапи соодветно...

Continue reading

Ohridsko leto

Дали ќе има смена на првиот човек на „Охридско лето“?

Post Views: 0 Гласините кои деновиве проструија низ охридската јавност дека се подготвува смена на првиот човек на Националната Установа Фестивалот „Охридско лето“, се чиста шпекулација, вели директорот Тони Симоноски. Напротив, додава дека привршуваат подготовките за уште едно успешно издание. Споменуваната алтернатива за директорското место, Зоран Велјаноски – Летра, е чиста невистина, дознава ТВМ од високи партиски функционери. Но, истите потврдуваат дека Министерството ја анализира досегашната работа на Симоноски и неизвесно е дали ќе следува негова смена. {loadposition...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top