Post Views: 8
Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан ќе организира в сабота на плоштадот „Македонија“, движењето за социјална правда Ленка.
Причина за собирот, како што наведуваат од движењето, се осумте години кои месецов се навршуваат од започнувањето на војната во Авганистан.
Премиерот и Претседателот на Македонија го поддржаа Светскиот марш на мирот во чија Декларација се бара „откажување на владите од користење на војната како средство за решавање на конфликти“ и „неодложно повлекување на освојувачките трупи од окупираните територии“, потсетуваат од...
Post Views: 8
Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Во шестата ротација на мисијата во Авганистан АРМ испраќа и тројца штабни офицери, како тројца офицери кои ќе извршуваат задачи во рамките на тимот за обука и врски за потребите на Авганистанската национална армија (OMLT).
„Шкорпионите“ задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
Мировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат сложени задачи како...
Post Views: 9
Од Одделот за истрага при американскиот Конгрес соопштиле дека злоупотребата на дрога е еден од главните проблеми на авганистанските безбедносни сили. На секои 10 испитаници, четворица биле позитивни на тестовите за користење на дрога. Справувањето со недозволена трговија со дрога претставува главен предизвик за американската кампања во Авганистан, бидејќи 90 проценти од опиумот во светот, се произведува во Авганистан. Во извештајот на американскиот Конгрес се вели дека можеби бројката на припадници на безбедносните сили кои користат дрога е поголема, но дека тоа тешко...
Post Views: 6
Најмалку 21 лице загинало, а 14 се ранети во воздушниот напад на НАТО силите во Јужен Авганистан соопшти денеска авганистанското министерство за внатрешни работи.Од НАТО потврдиле дека авионите на алијансата синоќа нападнале колона на возила бидејќи верувале дека во нив се наоѓаат бунтовници кои се подготвувале за напад, а потоа било констатирано дека во возилата се наоѓале жени и деца,НАТО не го соопштил бројот на жртвите ниту дали сите кои се наоѓале во возилата биле цивили.Авганистанската влада и НАТО ја започнале истрагата.
{loadposition content}
Post Views: 2
Холандската влада на премиерот Јан Петер Балкененде се распадна поради повеќемесечниот спор околу ангажманот на холандксите војници во Авганистан. Маратонските ноќешни разговори не донесоа никакво решение, соопшти холандскиот премиер. „Кралицата Беатрикс во текот на денов треба да ги прими оставките на министрите и државните секретари на Социјалдемократската партија на трудот“, изјави холандскиот премиер утрово на прес конференција во Ден Хаг.
Претстои одржување предвремени избори, зашто со излегувањето на Партијата на трудот од владата, владејачката коалиција го губи...
Post Views: 0
Како што соопштија меѓународните заштитни трупи ИСАФ, две ракети испалени врз упоришта на талибанците ја промашиле својата цел и погодиле куќа. Командантот на ИСАФ, Стенли Меккристал се извини кај авганистанскиот претседател Хамид Карзаи: „Жалиме што во текот на нашите заеднички напори животот го загубија невини луѓе“, изјави американскиот генерал. Тој вети дека ќе биде преземено се‘ за да не се повторат вакви инциденти. Меккристал истовремено ја оправда офанзивата како нужен придонес кон повторно воспоставување безбедност и стабилност во јужен Авганистан.
Претседателот...
Post Views: 9
Во операцијата под имаето “Муштарак”, што значи “Заедно”,која се спроведува во провинцијата Хелманд на југот на земјата учествуваат 15 000 војници од САД, Велика Британија, Естонија, Канада и Авганистан, стои во соопштението на НАТО.Цел на операцијата е да се истераат талибанците од нивното упориште Марџа во провинцијата Хелманд. Спред првичните информации, по почетокот на офанзивата,војниците наишле на минимален отпор од талибаните,пренесува Ројтерс.
{loadposition content}
Post Views: 2
Американскиот претседател Барак Обама, објави дека САД ќе испратат во Авганистан уште 30.000 војници, но истовремено најави и почеток на повлекувањето на американските воени сили од аваа азиска земја, за 18 месеци.
Во својот говор за воената стратегија во Авганистан, кој Обама го одржал синоќа во воената академија “Вест Поинт“, тој рекол дека новите американски војници ќе стигнат во Авганистан за време на годинешниве Божиќни празници, како и тоа дека новата стратегија во својата прва година ќе чини 30 милијарди долари.
“Дополнителни 30.000 војници ќе бидат распоредени...
Post Views: 5
Најмалку седум лица загинаа во вооружен напад во среда врз објект на Обединетите нации(ОН) во Кабул.
Одговорноста за нападот, во кој загинаа и три лица на персоналот на ОН, го преземаа талибанците.
Портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид изјави дека нападот е предупредување пред претстојните претседателски избори. Тој додава дека нападот го извршиле тројца самоубијци вооружени со експлозив и автоматски пушки.
Талибанците пред три дена преку официјално соопштение им се заканија на сите што работат на претседателските избори.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Владата на Австралија размислува за повлекување на австралиските војници од Авганистан, најави денеска австралискиот министер за одбрана Џон Фокнер.
Тој во изјава за радиото Еј-Би-Си рече дека побарал од експертите да проценат кој е најкусиот рок во кој Австралија ќе може „да го прекине својот исклулчитечно голем ангажман“ во Авганистан. Во составот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан се наоѓа и контингент од 1.500 австралиски војници. Од нив 450 беа испратени како засилување за време на претседателските избори во Авганистан и треба...
Post Views: 2
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска прифати предлог закон за финансирање на војните во Ирак и Авганистан, вреден 97 милијарди долари.
Законот е прифатен со 368 гласа „за“ и 60 „против“. Законот не го прифатија 51 демократи, кои гласаа против предлогот на администрацијата на претседателот Барак Обама, а наспроти тоа го поддржаа сите републиканци.
Тие го поддржаа законот и покрај тоа што демократите додадоа дополнителни 12 милијарди долари расход на првичниот предлог на Обама, што предвидуваше 85 милијарди долари за финансирање на војните.
Со прифаќањето...
Post Views: 1
САД немаат намера да остануваат уште долго време во Авганистан, и покрај неодамна донесената одлука во оваа земја да се испратат дополнителни воени сили, соопшти синоќа претседателот Барак Обама во интервју за телевизиската мрежа Пи Би Ес.
„Една од работите, кои според мене треба да ги направиме е да го натераме Авганистан да разбере дека ние немаме никаков интерес или намери да остануваме таму за подолг временски период“, подвлече претседателот.
„Нашата основна цел во овој регион е да ја гарантираме безбедноста на Американците“, продолжи тој.
Според него, употребата...