Нова порака на Осама бин Ладен до Американците
Post Views: 9
Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен го предупреди денеска во аудио порака американскиот народ на блиски врски на Владата на САД со Израел оценувајќи дека претседателот Барак Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан.
Неговата порака под наслов Соопштение до американскиот народ, трае околу 10 минути и е објавена на исламистичка интернет-страница која често ја користат приврзаниците на Ал Каеда. Лидерот на Ал Каеда оцени дека Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан и оти само ги „променил лицата во Белата куќа“....