Ознака: 5

satelit

Кина лансира во вселената нов сателит „Јоган-5“

Post Views: 0 Кина успешно го лансира сателитот „Јоган-5“ во веселената за дистанционо снимање на Земјата, јавија денеска кинеските медиуми. Сателитот бил лансиран од космодромот „Таијуан“ во северната кинеска провинција Шанси со помош на носачот на ракети „Чанжан-4Б“. Тој ќе извршува различни задачи. Ќе ја набљудува еколошката состојба, ќе бара корисни наоѓалишта и ќе дава информации за градежништвото, земјоделството и шумските пожари.     {loadposition content9}

Continue reading

avikompanii

Авиокомпаните со загуба од 5 милијарди долари оваа година

Post Views: 1 Светските авиокомпании, се очекува да имаат загуби од пет милијарди долари за 2008. година и 2,5 милијарди долари за 2009. година. Според статистиката, реалните загуби на компаниите, пресметани во септември, се во висина од 5,2 милијарди долари, иако поради падот на цената на нафтата, загубата може да биде 5 милијарди долари. „Хроничната криза на секторот ќе продолжи и во 2009. година, при што ќе бидат регистрирани загуби од 2,5 милијарди долари. Тоа е најлоша состојба во последните 50 години“, велат од Асоцијацијата на воздушниот сектор.     {loadposition content9}

Continue reading

32 акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“

Post Views: 2 Викендов на просторот на просторот на поранешниот полигон за мали спортови во Охрид во заедничката акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, се одржа 32та акција за собирање ѓубре. Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец. Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која „Чист Охрид“ веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад. Беа собрани повеќе...

Continue reading

Chanel no 5

Дали ЕУ ќе го забрани легендарниот „Chanel No.5“

Post Views: 7 Познатиот “Шанел 5“, еден од најпродаваните парфеми на сите времиња, може да биде забранет на пазарите на Европската унија, бидејќи содржи состојки кои предизвикуваат алергија. Ова е не единствениот парфем од светските производители, кој веќе нема да го има на полиците на дрогериите во Европа. Во извештајот на Научниот одбор за заштита на потрошувачите на ЕУ, се наведени три алергени – синтетичката супстанца HICC и две природни есенции на мов – атранол и хлороатранол, како небезбедни по здравјето. Сите три состојки, кои се користат во парфемите, вклучувајќи го и “Шанел...

Continue reading

Киров: На балканот се се решава во “5 до 12“

Post Views: 0 Новата игра на животот, преку  балетската претстава  “5 до 12“, вечерва на Охридско лето. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК со балетската претстава “5 до 12” во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, ќе гостува во Охрид, на сцената на Долни Сарај во 21 ч. Костимите се на Александар Ношпал. Музичкиот селектор проф. Гордана Јосифова Неделковска,  нагласи дека станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, барем според побаувачката на билети. „Ако минатата година имавме прекрасно...

Continue reading

Aco Spasenoski

Нема лов на риба во следните 5 години

Post Views: 5 Охридското езеро нема да се издава под концесија до 2014 година. Одлуката на Владата ја поздравија еколошките друштва. Охридското Езеро нема да се издава под концесија. Рибниот фонд ќе биде заштитен и во наредните 5 години. Оваа е одлуката на Владата, која вчера ја соопшти министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Ацо Спасеноски. Стручните лица задоволни од оваа одлука. Велат конечно нивните барање се остварени.  Ваква одлука требаше да биде донесена уште порано, велат од еколошките друштав од Струга. Очекувавме дека рибниот фонд ќе биде заштитен за...

Continue reading

sank

Струшките плажи под закуп на 5 години

Post Views: 4 Се дефинираат последните подготовки до официјалното објавување на тендерот за издавање под концесија на истите. Привршуваат преговорите за издавање на струшките плажите под концесија. Градоначалникот Рамиз Мерко, со утрешната средба со министерот за екологија, ќе ги дефинира последните подготовки за објавување на долго очекуваниот тендер за издавање под закуп на струшкото крајбрежје. И по многуте препукувања годиниве  наназад, ресорните министерства и Локалната самоуправа најдоа приближни ставови околу критериумите кои треба да ги содржи тендерот. Градоначалникот информира...

Continue reading

Crn Drim

5 партии зад еден кандидат за градоначалник на Струга

Post Views: 1 Ова е заложбата на струшки невладини организации, спортски клубови,  месни заедници но и црковни одбори. Невладини организации, спортски клубови, месни заедници но и црковни одбори, во потрага на соодветна личност за прв човек на Струга. Тие пратија допис до Вмро-Дпмне, СДСМ, ПЕИ, ДОМ како и Вмро НП,  да се подржи еден заеднички кандидат кој би направил промени во градот. „Ситуацијата во нашата општина во последниве години наназад воопште не е мрдната од мртва точка, дури и се влошува. Струга од прекрасен туристички центар е ставена како заложник на интересите на поединици,...

Continue reading

spomen odbelezje

Три години од бродската несреќа

Post Views: 0 Со полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на жртвите од бродската несреќа, денеска во Охрид се одбележа тригодишниот помен за настраданите од несреќата со бродот „Илинден“.  Во спомен паркот и пред плочата изградена од камења извадени од Елешец,  местото каде што се случи трагичниот настан, почит на жртвите им оддадоа делегации од општина Охрид, Бугарската Амбасада во земјава, здружението „5 септември“, од Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, како и двете лекарки Гордана Димитриќ и Жаклина Спасиќ кои сосема случајно се затекнаа на местото на насреќата и им укажуваа...

Continue reading

nagrada

Здружението „Охрид 5 ти септември“ доби меѓународна награда

Post Views: 0 Идната година во Охрид ќе отпочне изградба на спомен парк во чест на 15-те загинати бугарски туристи во бродската несреќа. За својата досегашна работа здружението ја доби првата меѓународна награда. Ротари клибот од Пирдоп ги им додели Иницијатива на годината за 2009 год. Здружението „Охрид 5 ти септември“за својата мисија ја доби првата меѓународна награда.  Со ова на некој начин е крунисана работата на здружението и целта за која беше тоа формирано, вели претседателот на „Охрид 5 ти септември“.    На покана од Ротари клубот од Пирдоп, од 17 до 19 декември во Бугарија...

Continue reading

Goce Kostoski

Охридското езеро е старо помеѓу 2 и 5 милиони години

Post Views: 1 Завршница на петтата по ред најпрестижна светска конференција за заштита на прастарите езера во светот. Веќе пет дена Охрид е домаќин на најпрестижната светска научна конференција за заштита на прастарите езера во светот, СИАЛ 5.„ Настанот е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Хидробиолошкиот институт од Охрид, и универзитетот Гизен во Германија“, појаснува Др. Гоце Костоски. Конференцијата е петта по ред, а тема на истата е заштита на 10те прастари езера во светот меѓу кои спаѓа и охридското. „Овие езера истовремено претставуваат таканаречени „Музеи на живи...

Continue reading

kesi

Од први мај стоп за најлонските кеси помали од 5 килограми

Post Views: 0 Најлонски кеси помали од 21 микрон и  5 килограми ќе се забранат за употребата од први мај.  Наредбата   ќе ја спроведува министерството за економија  преку државниот пазарен инспекторат, а е иницирана од министерството за животна средина и просторно планирање. „Законодавецот направил пропуст и  оставил на совеста на  продавачите дали ќе ги користи хартиените кеси“, вели  Ѓоко Бошалески началник на ПЕ на државниот пазарен инспекторат. Продавчот не е должен да користи хартиени кеси за транспорт туку само за  размер во кеси помали од 5 килограми ,но никако купената стока...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top