Tag:

fzom

ФЗОМ со софтвер ќе ги решава проблемите на хонорарците кои уплатиле за здравствено осигурување

Според директорот на Фондот, Сашо Стефаноски, хонорарците кои морале приватно да плаќаат за здравствени услуги поради овој проблем, ќе добијат рефундирање на средствата. Фондот за здравство со нов софтвер ќе го решава проблемот на хонорарците во однос на неможноста иако уредно уплатиле придонеси, да го користат правото од здравствено осигурување. Овој административен проблем кој настана поради новодонесениот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците резултираше со тоа што постоечкиот систем на Фондот не препознаваше дека хонорарците платиле придонеси, па со тоа тие беа приморани...

Continue reading

gruevski

Утре голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ

На 25 Април 2015 година (сабота) со почеток во 13 часот, во СРЦ „Билјанини извори “ во Охрид, ќе се одржи голем народен собир. На 25 Април 2015 година (сабота) со почеток во 13 часот, во СРЦ „Билјанини извори “ во Охрид, ќе се одржи голем народен собир. Пред присутните ќе се обрати Претседателот на Владата на Р. Македонија и Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. {loadposition content9}

Continue reading

karieren centar

Совети за идната кариера за средношколците од ЕМУЦ во отворениот кариерен центар

Свечено отворен кариерниот центар во електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски.“ Од денес, средношколците од ова училиште добија можност да добиваат совети за нивната професионална наобразба и своите идни кариери. Ова, според директорот на училиштето, Јане Цаноски ќе помогне во откривање на афинитетите и интересите на учениците уште додека се во училишните клупи. Средношколиците од електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ од денес ќе добиваат совети за нивната професионална наобразба, и помош при изборот на нивните идни професии во рамките на нивното училиште. Во присуство...

Continue reading

codefest

Непрекинати 32 часа програмирање-започна Codefest 2015

Маратонците, веќе ги имаат своите првични идеи, а ќе работат на создавање апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција. 32 часовно програмирање на апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција. Започна маратонот во програмирање Codefest 2015та под мотото Истрага на местото на кодирањето . 25Те тимови кои ќе работат непрекинато на развивање на нивните првични идеи ќе имаат полни раце работа. Годинава, унивезитетот за информатични науки и технологии „Св.Апостол Павле“ кои се организатори на настанот им ја обезбедија и поддршката од две познати компании...

Continue reading

asfaltiranje Elshani

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Овој локален пат последно бил реконструиран во седумдесетите години од минатиот век, а вкупната должина на делницата изнесува околу 2 и пол километри. Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески...

Continue reading

deca ou hristo uzunov

Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот

Здружението „ОХ Спорт“ заедно со активот по физичко воспитување на ова училиште, а во организација на Македонскиот олимписки комитет, на дечињата им овозможија еден отворен час на кој тие можеа да видат како треба да изгледа еден спортски час. Со забавни игри, аеробик, музика и смеа, првоодделенците од основното училиште „Христо Узунов“ денес го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Тие во спортската сала во рамките на училиштето, уживаа во еден забавен час водени од професорите од активот по физичко воспитување од училиштето „Христо Узунов“. „Правевме вежби со главата, со рамената и со струкот.“...

Continue reading

lazarki

Весели лазарки го најавија Велигден пеејќи лазарски песни низ охридската чаршија

Денес е Лазарева сабота. Убавата традиција на пеење лазарски песни облечени во традиционална невестинска облека, втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид. Денес е христијанскиот празник Лазарева сабота, лазарици или Лазаровден. На овој ден лазарките го најавувале доаѓањето на пролетта и Велигден. Има повеќе лазарски песни кои обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат подзаборавената традиција на лазарките. ...

Continue reading

promo tura

Странски туроператори и медиуми ќе се запознаваат со туристичките потенцијали на Охрид, а потоа ќе ги нудат во своите земји

Репортажи во најмалку десет специјализирани туристички списанија како и телевизиски репортажи за Охрид на национални сателитски телевизии од Турција, Србија, Русија, Словенија. Новинари, туроператори и туристички агенции од Србија, Словенија, Русија, Турција, Израел, Австрија ќе го промовираат Охрид во своите држави. Претставувањето на туристичките потенцијали на Охрид ќе се прави преку подготовка на новинарски репортажи во најмалку десет туристички списанија како и телевизиски репортажи на национални сателитски телевизии од Срција, Словенија, Русија и Турција. Ова треба да биде епилогот на...

Continue reading

akademija Crven krst

Со свечена академија, Црвениот крст-Охрид го заокружи одбележувањето на својот јубилеј

На академијата беа доделени и златни плакети и златни значки за истакнати волонтери од охридскиот Црвен крст. 70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст. „Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top