Tag:

Охрид

Охрид ќе се дотерува пред летната сезона

Охрид ќе се дотерува пред летната сезона. Охрид инфраструктурно ќе се дотерува за престојната турисичка сеозна. Се асфалтираат улици, оние што се започнати ќе се довршуваат, хортикултурно ќе се  уредуваат и  осветлуваат површини низ градот, ќе се довршува плоштадот кај мини маркет, пешачката патека кај Студенчишта, ќе се градат спортски игралишта, ова  беа  дел од наведените проекти кои Локланата самоуправа во 2015 ги презема во интерес на туризмот. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција ги изнесе сите  инфрастурктурни  зафати и промотивни активности за престојната...

Continue reading

deca

Охридските основни училишта се без логопед

Охридските основни училишта се без  логопед. Охриѓанчиња  имаат се повеќе потреба од корекција на  говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека  расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање...

Continue reading

carsija

Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија

Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија. Во охридската чаршија на две локации  се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека  и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено,...

Continue reading

би

ЈП Билјанини извори склучи договор со ЕВН за сервисирање на долгот

ЈП Билјанини извори склучи договор со ЕВН  за сервисирање на долгот. Ристе Мишев директор на ЈП Билјанини извори даде отчет за работењето на претпијатиоето во изминативе две години. Во овој период успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието, истакна при тоа Мишев. Долгот на претпријатието е намален за 2 милиони и 204 илјади денари и  се обезбедени  средства за спортските објекти. Претпријатието долго време го мачеше долг  за неисплатена  електрична енергија кон ЕВН Македонија. „ Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние. Склучивме конечно договор за сервисирање...

Continue reading

проаква

Охридска Проаква ќе бара раздружување од струшката работна единица

Охридска Проаква ќе бара раздружување од струшката работна единица. Директорот на МЈП Проаква,Томе Паскалоски најави мерки со кои ќе се подобри финансиското работење на претпијатието. Паскалоски не е задоволен од поставеноста на фирмата како Меѓу општинско јавно претпријатие со струшката работна едница. Веќе презеле чекори за разрешување на ситуацијата која не оди  во прилог на охридското ЈП Проаква.„ Ние сме МЈП Проаква, но со анекси во 2007 годин се дадени права за финсиско раководење и располагање со средствата на РЕ Струга за нивниот дел. Моментално и овластувања во менаџирање со човечките...

Continue reading

свр

Шест лица приведени за тепачка во кафе бар и во Општа болница Охрид

Шест лица приведени за тепачка во кафе бар и во Општа болница  Охрид. Охридската полиција приведе шест лица кои предизвикле тепачка во кафе бар и во општа болница Охрид. Настанот се случил во 1 часот по полноќ, кога под дејсво на алкохол четири лица во охридски кафе бар по меѓусебна расправија започнале физички да се пресметуваат со тупаници, чаши и шишиња. Тројца од нив на возраст од 18, 25 и 40 години  завршиле на хируршкото оддление. Тројца доктори  истовреме хируршки интервенирале на повредените пациенти во пределот на главите, немало пациенти  со прострелни рани, информираше хирургот Димитар...

Continue reading

школо

Во Охрид расте бројот на аутистични деца

Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Иако не се знае точниот број на деца со аутизам учителките од одделенска настава се почесто во пракса  се среќаваат со деца кои боледуваат од аутизам. Аутистичните деца  не може подолго време да го задржат вниманието на наставната содржина, велат наставниците. Во текот на наставата овие деца бараат поголемо внимание од училтелката, почести паузи, да работат со фломастер или пластелин, кажува Мери Димзова учителка од ОУ „ Григор Прличев“ со долгогодишно работно искуство. Димзова  има работно искуство со аутистично...

Continue reading

промоција

Пред охриѓани претставени избрани дела од творештво на Бранко Цветкоски

Пред охриѓани претставени избрани дела од  творештво на  Бранко Цветкоски. Охриѓани се запознаа со избраните дела од литературното творештво на Бранко Цветкоски сместени  во шест тома.  Во животот на еден автор во творечкиот период доаѓаат преломни моменти кога се  прави сметка со сето она што си го створил во животот рече во таа пригода врвниот македонски поет, критичар и есеист, Бранко Цветкоски. „ Кај мене се совпаднаа  минатата година моите 60 години и 40 години творештво. Минатата година се објави 6-томникот на моите избрани дела главно поезија, критика и есеистика. Во тие томови се направи...

Continue reading

РН

Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ

 Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ. Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад  Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му  е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат  фолкорното друштво Охриѓанка,  Теквондо клубот и амбулантата издадена под  концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција  објектот. „ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top