Ознака: Џорџ

Конечно потклекна и тој

Post Views: 4 По бракот со Талиа Балсам, кој траеше од 1989 до 1993 година, Џорџ Клуни(52) рекол дека тој не требаше да биде оженет во тој момент од животот. “Не мислам дека бев чесен спрема Талиа. Не и дадов чесна шанса”, рекол тогаш холивудскиот заводник. Во 2007 година рекол дека никогаш нема да се ожени, но се чини дека Џорџ конечно “созреал” за брак. Близок  извор на актерот, за часописот People, открил дека Клуни ја запросил својата девојка, британската адвокатка Амал Аламудин(36). “Џорџ и Амал не зборуваат дека се вериле, но не се ни трудат тоа да го скријат. Мислам дека сакат...

Continue reading

George Robertson

Според Робертсон, Македонија подготвена за НАТО

Post Views: 1 Македонија има право да биде членка на НАТО, затоа што ги исполнува сите услови. Голема штета и скандал е тоа што земјата уште нема покана, изјави Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО во вчерашното интервју за емисијата на МТВ „Отворено со народот“. – Грција има свои причини зошто го блокира процесот, но таа се разбира, како членка на Алијансата може да блокира секакви одлуки во рамки на НАТО. Затоа сега верувам дека и Македонија и Грција ќе покажат флексибилност околу прашањето за името и Македонија ќе стане членка на НАТО, рече Робертсон. Тој потребата...

Continue reading

Воведување на посебна валута е ризик

Post Views: 0 Воведување на посебна валута би претставувало потенцијален ризик, затоа што се слаби валути и често предмет на напади, рекол милијардерот Џорџ Сорос, и додава дека Шкотска не би трбало да ја задржи фунтата. Валутниот спор се повеќе се актуелизира со приближувањето на референдумот за независност на Шкотска, кој е закажан за 18-ти септември, пренесува Reuters. Националистичките партии во Шкотска сакаат да ја задржат фунтата и услугите на Централната банка на Англија, но трите клучни партии во Британија се противат на тој план, наведувајќи дека доколку Шкотска ја напушти...

Continue reading

George and Liz

Клуни сведок на Берлускони

Post Views: 1 Џорџ Клуни и неговата девојка Елизабета Каналис ќе треба да  сведочат во одбрана на премиерот. Двојката се нашла на листата со 78 сведоци затоа што танчерката Карима Ел Махруг, заради која му се суди на италијанскиот премиер, рекла дека ги видела на една од забавите во Милано минатата година. Девојката на Клуни, Елизабета Каналис ги негира овие тврдења, но италијанските медиуми постојано го потенцираат фактот што актерот има вила во близина на “куќата на оргии” на Берлускони. Почетокот на судењето е закажано за 6-ти април, а за тоа како ќе изгледа финалниот...

Continue reading

Bush

Џорџ Буш: Повторно би наредил мачење на терористи

Post Views: 1 И покрај тоа што веќе подолго време не се појавува во јавност, Џорџ Буш се уште е контроверзен. Кога би морал се да започнам од почеток повторно би наредил мачење на терористи и би започнал војна против Ирак, изјави поранешниот претседател на САД, Буш. Буш при својот вчерашен говор во Економскиот клуб призна дека наредил „остро“ испитување на Калид Шеик Мохамед, идејниот организатор на нападите од 11 септември во 2001 година. Буш ладнокрвно изјави дека повторно би мачел терористи „ за да спаси животи“. Призна дека во текот на испрашувањето била користена контроверзна...

Continue reading

George W. Bush

Џорџ Буш помладиот, алкохоличар

Post Views: 4 Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот во мемоарите кои треба да излезат во ноември признава дека бил алкохоличар, но тврди дека пиењето го оставил „одеднаш“. Буш минатата ноќ на една конференција во Далас изнесе дека книгата „Клучни одлуки“ почнува со анегдота дека неговата жена Лора барала тој да избере: или таа, или алкохолот. Буш како што рекол пред присутните, тогаш сфатил дека е зависник и престанал да пие што му овозможило и да се кандидира за претседател на САД, Буш помладиот во книгата ги анализира клучните одлуки во неговиот живот, пред да...

Continue reading

Почина поп ѕвездата Џорџ Мајкл

Post Views: 6 Џорџ Мајкл (роден како Георгиос Кириакос Панајоту 25 Јуни 1963 – 25 декември 2016) — британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите кога го оформи поп-дуото “Wham!” (Вем!) со неговиот средношколски другар Ендру Ридгелеј. Неговата прва соло песна “Careless Whisper” (Безгрижен Шепот) излезе додека тој се уште беше дел од дуото, и продаде околу шест милиони копии низ цел свет. Како еден од најпродаваните светски музичари, Мајкл има продадено повеќе од сто милиони албуми низ целиот свет до 2010 година. Неговиот...

Continue reading

Sara Palin

Сара Пејлин го обвини Џорџ Буш за изборниот неуспех на републиканците

Post Views: 0 Кандидатот за потпретседател на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Сара Пејлин ја обвини администрацијата на се уште актуелниот шеф на државата Џорџ Буш, дека нејзината политика е главна причина за загубата на републиканците на изборите, што се одржаа на 4 ноември. Гувернерот на Аљаска одби да каже дали ќе се кандидира за претседателската фунција, по четири години, нагласуваќи оти се уште е рано да се говори за тоа. Пејлин сепак напомена дека нема да ја пропушти следната политичка можност, која ќе и се укаже. „Доколку Господ сака да влезам во...

Continue reading

Џорџ Сорос ги продаде акциите на Alibaba а купува во Facebook

Post Views: 4 Фондот во сопственост на влијателниот милијардер Џорџ Сорос ги продаде мнозинството акции на кинеската компанија за интернет трговија Alibaba, известуваат светските медиуми.Soros Fund Menagement сега има само 60.000 акции на таа кинеска компанија вредни 4,88 милиони долари, пренесува BBC, повикувајќи се на извештаите доставени до американскиот регулатор. Заради споредба, на крајот од март месец фондот имал акции во вредност од 370 милиони долари.Акциите на Алибаба излегоа на берзата во Њујорк во септември минатата година, а рекордната цена ја достигнаа во ноември за...

Continue reading

Angela i George

Клуни сака да ја глуми Ангела Меркел

Post Views: 2 Џорџ Клуни на промоцијата на новата политичка драма „Мартовски идеи“ изразил желба да ја глуми германската канцеларка Ангела Меркел. Холивудскиот актер во интервјуто за магазинот „Емоушн“ изјавил дека многу радо би ја играл германската канцеларка Меркел. – Отсекогаш сум сакал да се најдам во улога на една германска жена, а кога би морал да одберам државник кого би го глумел, тоа би била Ангела Меркел – рекол низ смеа Џорџ Клуни за познатиот женски магазин. {loadposition content9}

Continue reading

george clooney

Обиди се да береш тутун

Post Views: 5 Џорџ Клуни им порачал на своите колеги актери да престанат да се жалат на работата бидејќи постојат и многу потешки начини да се заработи во животот. Вели дека му е смачено да слуша како некои „кукаат“, а поим немаат колку се всушност среќни. -Јас порано берев тутун во Кентаки и едно време продавав осигурување од врата до врата – тоа е тешка работа. Глумата не е – рекол Клуни во текот на состанок со „Холивуд рипортерс“. -Ако некој се наоѓа на оваа маса, значи имал многу среќа во животот. Сум познавал многу талентирани актери кои не ја добиле својата шанса....

Continue reading

Stacy I Clooney

Девојка ми може да ме натепа

Post Views: 7 Не е лесно да се совлада човек како Џорџ Клуни, но неговата девојка Стејси Киблер го стори тоа. Таа може да го натепа. „Таа е многу висока и може да ме совлада да паднам два од три пати“, изјави Клуни. Пад е крајот на мечот во борење, така што Клуни мислеше на атлетските моќи на девојка му, што ги стекнала како кечер во светскиот шампионат во борење. „Може да ме натепа“, изјави холивудската ѕвезда и додаде дека е многу фина. {loadposition content9}

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top