Ознака: јапонската

Два преседани истовремено

Post Views: 8 Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP. Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два...

Continue reading

Fukushima

Нова опасност од нуклеарката во Фукушима

Post Views: 1 Ново истекување од 100 тони високо радиоактивна вода е регистрирано во нуклеарната електрана Фукушима, соопшти операторот на јапонската компанија. Радиоактивната вода веќе не истекува од резервоар за складирање, потврди портпаролот на компанијата „Токиска електрична енергија“, но таа вест и’ зададе дополнителен удар на компанијата која ја загуби својата репутација како безбедна компанија. „Бидејќи нема дренажа во близина на истекувањето кое, во секој случај е далеку од океанот, малку е веројатно радиоактивната вода да го најде својот пат до морето“, навел портпаролот...

Continue reading

fukushima

Нуклеарката во „Фукушима“ повторно извор на радијација

Post Views: 8 Компанијата „Тепко“, која управува со јапонската нуклеарка Фукушима, соопштила дека силниот дожд предизвикал истекување на радиоактивна вода, која содржи канцедроген изотоп, во морето.Водата, која на едно место ја пробила бариерата, е контаминирана со стронциум-90 за 70 пати повеќе од законско дозволеното. Стронциум -90 се создава во текот на нуклеарните реакции, се акумулира во коските и е активна со години, предизвикувајќи различни видови на рак. Ова го соопштила компанијата „Тепко“ откако експертскиот тим на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија го заврши својот...

Continue reading

fukushima

Фукушима конечно ставена под контрола

Post Views: 9 Јапонската влада денес соопшти дека девет месеци по земјотресот и цунамито, нуклеарната централа Фукушима е доведена во стабилна состојба на “ладно гасење“. Сега може да започне макотрпниот, 40 годишен процес на рушење на нуклеарката и деконтаминација на областа. Инаку “состојба на ладно гасење“ значи дека температурата на водата со која се лади горивото во реакторот е под точката на вриење. Оваа состојба во Фукушима е постигната уште во септември, но инжењерите не сакале да избрзуваат поради повремените флуктуации на температурата на водата. Катастрофалниот земјотрес...

Continue reading

vector

Јапонскиот ефект врз светската економија ќе биде краткотраен

Post Views: 1 Експертите ширум светот прогнозираат дека земјотерост ќе ја чини земјата околу 2% од БДП или 100 милијарди долари, најголем удар ќе претрпи осигурителниот бизнис, загубите сега се проценуваат на околу 35 милијарди. Сепак, очекувањата се дека состојбата брзо ќе биде ставена под контрола, а земјата ќе остане економски џин. Според главниот економист на Светската банка, кризата нема да се прелее низ светот. – Гледајќи го начинот на кој јапонската Влада се справува со предизвиците и проблемите сите сме уверени дека ќе успеат соодветно да ги надминат. Затоа кризата повеќе...

Continue reading

Japonija

Јапонија продолжува да се тресе

Post Views: 1 Два земјотреса со магнитуди од 5,4 и 5,9 степени по Рихтер во саботата во близина на источниот брег на Јапонија, соопшти американскиот Центар за геолошки истражувања. Потреси се регистрирани во 10,27 и 11:23 по локално време (02.27 и 03,23 по македонско време) во регионот на источното крајбрежје на јапонскиот остров Хоншу. Фокусите на земјотресите биле на длабочина од девет километри и од 24 километри.Предупредување за опасност од цунами не е издадено. Повеќе од 260 земјотреси со јачина од 5,0 и повеќе степени по Рихтер се регистрирани во текот на минатата седмица во...

Continue reading

kolektor

Ќе живне ли конечно колекторскиот систем

Post Views: 8 Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците,...

Continue reading

Охридското езеро го демне опасност

Post Views: 2   Охридското езеро го демне опасност. Колекторскиот систем кој ги прочистува отпадните води кои потоа се влеваат во езерот е стар и дотраен. Честите дефекти на пумпните станици доведуваат до се почести еколошки инциденти. Посебно се критични пумпните станици во Воска и Подмоље кои при поголеми врнежи се надвор од функција, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро. Можеби најкритично е функционирањето на самата пречистителна станица во Враништа бидејќи во неа се влеваат и води од фекалната и од атмосферската канализација што дополнително...

Continue reading

foto

Фотоапарат кој ве разубавува

Post Views: 9 Јапонската компанија Panasonic  претстави фотоапарат кој поседува функција наречена “Beauty Retouch”, со чија помош може да ги избелите забите и да ги сокриете брчките. Фотоапаратот Panasonic Lumix DMC-FP7 поседува софтвер кој овозможува додавање на шминка на лицето на фотографираните луѓе, може да ги испегла брчките и да ги направи забите бели. Исто така, можете да го одредите степенот на “разубавување” на лицето на фотографијата.Мејкап опцијата овозможува додавање на боја и тонови, а можно е додавање и на кармин и руменило на лицето. Покрај разубавувањето, можете...

Continue reading

езеро

ОБНОВЕНО:Со средства од јапонската Влада ќе се санира колекторскиот систем

Post Views: 2 Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро. Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот...

Continue reading

ezero

Јапонците ќе му помагаат на Охридското езеро

Post Views: 1 Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција...

Continue reading

jika

JICA: Колекторскиот систем е во незавидна состојба

Post Views: 1 Колекторскиот систем кој игра незаменлива улога во заштитата на Охридското езеро, моментално се наоѓа во незавидна состојба, зборуваат податоците прибрани од терен од страна на тимот на  Јапонската агенција за меѓународна соработка, ЏАЈКА. Во таа насока тие ги презентираа и техниките  кои може да се употребат за негово реновирање. „Денес сум многу почестен со присуството на овој семинар на кој ќе бидат презентирани резултатите од испитувањето. Уште поважно ќе биде предложено решение за проблемот со канализациониот систем и понатамошните активности подобрување нживотната...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top