Ознака: ѓубре

20-ТИНА АКТИВИСТИ СОБРАА НАД 50 ВРЕЌИ ЃУБРЕ ВО ДАЛЈАН

Post Views: 2 Дваесеттина активисти денеска собраа над 50 големи вреќи со ѓубре од крајбрежјето кај Далјан. Во организација на „Чист Охрид“ и „Не Биди Ѓубре“, а заедно со „Енхелеус“ и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите „Партизан“ и „Мизо“ собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па се до пластика. Продолжуваме заедно да работиме за поубав и чист Охрид – велат активистите.

Continue reading

Млади лица расфрлаат ѓубре на спортските игралишта низ Охрид

Post Views: 7 Спортско игралиште кое се наоѓа во областа на Билјанини извори е расфрлано со отпад од несовесни лица. Наша сограѓанка која го забележала ова, ни испрати фотографија и вели: -Деца секој ден тренираат преку ден, а навечер други деца оставаат ѓубре. Нема многу канти, но има две кои не се користат туку се расфрла ѓубрето насекаде. Има каде, но нема основна култура !

Continue reading

Десет наредби на своите челенови

Post Views: 4 Нема чепкање на заби и фрлање на ѓубре низ прозор од автомобил, се две од десетте наредби кои на своите членови службено ги испоставила локалната организација на кинеската комунистичка партија во покраината Сечуан. Кинеските комунисти се загрижени поради негативната слика која некои членови ја оставаат во јавноста, стравувајќи дека ако се продолжи со таква пракса би можело да го загрози влијанието на партијата во јавноста а со тек на време да се доведе во прашање водечката улога во земјата. Кога на крајот од 2012 година дошол Си Џинпинг на чело на партијата најавил  борба...

Continue reading

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда

Post Views: 4 Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда. На тој начин тие го изразија својот револт од бавната реакција на институциите за реашавање на проблемот со дивата депонија. Од струшко поле денеска повторно се издигаше чад кој ги гуши стружани. Депонијата повторно гори откако со тешки напори беше изгасната средината на јуни. Граѓаните не отстапуваат од своите барања, засилени мерки за контрола, чуварска служба, полициски надзор, но и казни за лицата кои ќе бидат фатени како ја палат депонијата. „Јас сабајле станав рано и во магла ја гледав цела Струга. Ова...

Continue reading

Казнето лицето кое беше идентификувано како растовара ѓубре во националниот парк Галичица

Post Views: 2 Изречена парична казна за лицето кое направи мини депонија растоварајќи го ѓубрето од својата викендичка на патот кон Велестово. Лицето беше фотографирано од случаен минувач кој го затекнал како се ослободува од домашниот отпад на недозволена локација во рамките на НП Галичица. Фотографиите беа доставени до ЈП „Охридски Комуналец“, а потоа и до општинскиот инспекторат и СВР Охрид. „Идентификувано е лицето кое го оставило шутот во НП Галичица.Направен е записник на лице место , записник со сторителот и е издадено решение и налог за глоба. Целосно е завршена целата постапака....

Continue reading

На иницијатива на „Не биди ѓубре“ исчистен полигонот

Post Views: 0 Десетина луѓе, овој пат на иницијатива на групата „Не биди ѓубре“,вчера чистеа на локацијата позната кај граѓаните како Полигон, во близина на ресторанот Европа.„Жалиме што повторно и повторно ја гледаме истата слика, најверојатно создадена од несовесни млади луѓе кои дружејќи се навечер на тоа место, зад себе, меѓу другото оставаат пластични шишиња, отпушоци и голем број на стаклени шишиња.“ – велат од групата активисти Чист Охрид. Итно е потребно надлежните да го санкционираат ваквото однесување, порачуват од Чист Охрид и додаваат дека и покрај нивните напори...

Continue reading

Расфрлано ѓубре кај Градскиот пазар во Охрид

Post Views: 9 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија, наши сограѓани испратија слика преку која реагираат на расфрлан отпад од несовесни лица во Градскиот пазар во Охрид. Строг центар, позади БАКО и ресторанот Стар Чинар, во делот на Градскиот пазар. Депонија !!! – напишаа нашите сограѓани под фотографијата.

Continue reading

Вмро Дпмне: И понатака се депонира градежен шут и ѓубре на Мауцкер

Post Views: 1 Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер. „Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Градоначалникот Георгиески...

Continue reading

Огромен куп со ѓубре стои повеќе од месец дена на „Радојца Новичиќ“

Post Views: 2 Жители на улицата „Радојца Новичиќ“ до рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија пријавија проблем со отпад со кој што се соочуваат повеќе од месец дена. Велат дека неколкупати пријавиле и до ЈП Охридски Комуналец, но иако им било кажано дека ѓубрето ќе биде собрано за неколку дена, тоа до овој момент не е исполнето. Ова е нивниот коментар: Повеќе од месец дена се гомила зелен отпад на тротоарот на улица Радојца Новичиќ наспроти поранешната амбуланта. Пријавувано е неколку пати до Охридски Комуналец и одговорот е секогаш дека за неколку...

Continue reading

Полни корпи со ѓубре, расфрлан отпад на Оровничка плажа

Post Views: 2 Преполни корпи со ѓубре, расфрлан отпад насекаде. Ваква е денес глетката на едно од најубавите места на Охридското крајбрежје, поточно на Оровничка плажа, каде што голем број жители на околните места одат на прошетка и уживање. Но несовесните лица, од ова прекрасно место повторно направиle вистински хаос. Сликите ни ги испратија жители на Оровник, кои секојдневно се рекреираат на Оровничка плажа, а ова е нивниот коментар: Скоро секој ден доаѓаме тука да уживаме, да се рекреираме и да дишиме чист воздух. Но како ќе биде тоа, со толку многу ѓубре кое секако го оставиле...

Continue reading

Приодот на ОУ „Св. Климент Охридски“ со ѓубре

Post Views: 16 Наша сограѓанка во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слики од приодот и околината на едно од најубавите основни училишта во Охрид, Св. Климент Охридски. Но, за жал она што можеме да го видиме на овие се слики е расфрлано ѓубре од несовесни лица. Природата се обидува да ни го разубави секој период од годината, но ние како да се трудиме да и докажеме дека ѓубрето и отпадоците ни се омилено опкружување. За жал, од најмалите почнува. Ова се фотографии од приодот на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – вели нашата сограѓанка за рубриката „Ти...

Continue reading

drisla

Какво богатство крие депонијата „Дрисла“?

Post Views: 23 Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на “Kомунална хигиена” или на депонијата “Дрисла”, пренесува “Дневник”. На никој од нас не му е пријатна миризбата на ѓубрето знаејќи што се’ се крие во него, но кога се во прашање скапоцени предмети или документи што завршиле таму, секој е подготвен да пробуричка за да ги најде. Портпаролот во јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица вели дека досега повеќе пати...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top