Ознака: штети

guantanamo

Затворот Гвантанамо конечно под клуч?

Post Views: 3 Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш повика на затварање на затворот Гвантанамо на Куба,при што наглaси дека тој затвор им штети на интересите на САД. Изјавата на Обама доаѓа по бројните вести за штрајк со глад на затворениците, како и мерките на присилно хранење што се вршат над нив од страна на затворските служби. -Затворот е штетен на меѓународен план, ја загрозува соработката со нашите сојузници во борбата против тероризмот и служи единствено како оружје за регрутација на екстремистите изјавил Обама. Во затворот со глад штрајкуваат 166 затвореници,...

Continue reading

zemjotresna mapa

Силен земјотрес повторно ја погоди Јапонија

Post Views: 6 Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја стресе Јапонија. Потресот бил почувствуван и во Токио, каде зградите се нишале околу половина минута.Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Тошиги, северно од Токио на 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални жртви и причинети материјални штети, ниту пак е издадено предупредување за цунами. {loadposition content9}

Continue reading

Во Слатино пуштена во употреба браната која беше реконструирана во рамки на програмата на ЕУ за санација на штети од поплави

Post Views: 3 Пуштена во употреба браната на Слатинско езеро во Општна Дебрца. Овој хидрографски објект е ренструиран, со средства од ЕУ и е во склоп на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави. Зоран Ногачески – градоначалник Општина Дебрца, им се заблагодари на претсавниците на делегацијата на ЕУ, бидејќи оваа помош не само што ќе им помогне помогна на граѓани да ги надминат последиците од поплавите, туку овој хидрографски објект ќе го трансформираат и во потенцијална туристичка дестинација. „Хидрографскиот објект Слатинско езеро е од витално значење...

Continue reading

Најголеми штети има во автокампот Љубаништа и во Св. Наум

Post Views: 5 Оштетени коли од откорнати дрвја, превртени и искршени камп приколки, како и оштетувања на кровни конструкции од станбени објекти е епилогот од 20 минуитното невреме кое го зафати охридското крабржје пред неколку дена. Претставници од локалната самоуправа го посетија погодениот реон на потегот од Градиште до Св Наум. За среќа, констатирале помали оштетувања од ветерот кој дувал со брзина од 140 до 150 км, информира Томе Нанески од Фондот за комунален развој. „ Констатирано е дека најголеми штети има на дел од кампот Љубаништа и кампот Св. Наум и за среќа нема повредени....

Continue reading

Сопствениците на објекти кои претрпеа штети од ланското невреме оптимисти дека ќе добијат обесштетување

Post Views: 3 129 правни и физички лица чекаат на обештетување од државата по претрпените штети кое ги предизвика силниот ветар со брзина од 100 км/час, високите бранови и обилните дождови во март 2018 година. До општинската комисија за проценка на штети пристигнале 109 барања од физички лица, а останатите се од правни лица. Сопствениците на платформи кои претрпеа штети од силното невреме дел од штетите надоместиле со сопствени средства, но очекуваат и помош од држвата. „ Јас очекувам дека ќе го реши и општината и Републиката, Владата. Имаме други  лоши  искуства, но се надевам дека...

Continue reading

Владата додели повеќе од шест милиони денари за обесштетување за претрпените штети од земјотресот во 2017-та

Post Views: 21 Владата на РМ обезбеди повеќе од шест милиони денари за обесштетување од претрпените штети од јулскиот земјотрес во Охрид од минатата година. Со ова за обесштетување на правните и физичките лица кои пријавиле штети на располагање, општината ќе има   6.451 013 ден. кои ќе бидат префрлени на посебна сметка,  а со решение на градоначалникот на Општина Охрид, ќе бидат обештетени 862 објекти од кои  60 се на правни лица, 802  на физички лица. „Во наредниов период ќе почне исплата на овие средства, според претходно изработениот елаборат од Општинската комиисја за проценка...

Continue reading

Пријавување штети од невремето на 17ти август

Post Views: 0 Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8 до 16 часот во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492....

Continue reading

Повик до граѓаните да пријават штети од невремето со ветер, силен дожд и град

Post Views: 3 Локалната самоуправа објави јавен повик до граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека невремето проследено со ветер, силен дожд и град  кое го зафати  подрачјето  на Општина Охрид на 06.05.2018 година, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( земјоделски површини засадени со култури, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот  од 08.05.2018 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина...

Continue reading

Невремето повторно предизвика штети на крајбрежјето

Post Views: 0 Силниот ветар од јужен правец што вчера попладнето и ноќта го зафати Охридскиот регион повторно го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи високи бранови што наместа ги префрлаа бетонските бариери на езерскиот Кеј. Поголеми проблеми не се предизвикани, освен на местата каде нема физичка можност водата сама да се врати во езерото, а Колекторскиот систем за негова заштита нема доволно капацитет наеднаш да прими толкави количини. Со намалувањето на брзината на ветерот ситуацијата се нормализира и водата повторно се врати во езерото. Од брановите повторно настрадаа...

Continue reading

Започна проценката на штети од невремето во Охрид

Post Views: 1 Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од утринава е на терен за да ги утврди последиците кои ги предизвика невремето кое Охрид го зафати во саботата. Комисијата излезе првично да види какво е оштетувањето,на терен и утврдивме дека има големо оштетување покрај брегот на Охридското езеро. Оштетени се угостителски објекти и платформи, има оштетување и на објекти, паднати оџаци, покриви, моторни возила. До Комисијата досега пристигнати се 58 барања. Од утре излегуваме на терен и ќе вршиме проценка...

Continue reading

Охридскиот регион претрпе големи штети од обилните врнежи

Post Views: 4 Десеттина граѓани денес ги пријавиле штетите од вчерашните поплави. Уште вчера во утринските часови од повеќе населени места во градов и околината имало голем број јавувања од граѓани кои претрпеле штети од обилните врнежи кои го зафатија регионов во изминатите денови. Се јавиле од Опеница, Косел, Долно, Горно Лакочереј, Орман улица Железничка, Дејан Војвода. Од првичните проценки оштетувања ќе има на 445 00 метри квадратни или околу 40 до 50 хектари. Најкритично е во село Орман каде се поплавени стамбени објекти и многу земјоделски површини со раноградинарски култури. Ако...

Continue reading

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Post Views: 6 Се повикуваат земјоделците од Општина Дебрца, на кои ниските температури кои ја зафатија Општината во изминатиов период, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на Општина Дебрца. Пријавувањето на штетите може да се изврши од 08:30 до 16:30 часот, во најбрз можен рок, во архивата на Општина Дебрца. Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост (имотен лист).

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top