Ознака: шахта

Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска

Post Views: 9 Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска. Човекот, утрово, завршил со скршена нога во близина на пресекот на улиците Егејска и 7-ми Ноември. Станува збор за повозрасен човек, кој завршил со повреда како резултат од отворена и необезбедена шахта. Жителите кои се обратија до нашата редакција, а гравитираат на овој дел од градот стравуваат за својата безбедност, посебно на децата кои се движат по тротоарите. Реагираат дека по целата должина на тротоарите од двете страни на Егејска има опасни шахти. Нашата камера ја забележа ситуацијата на терен. При тоа се гледа...

Continue reading

Колекторска шахта го поплави патот накај хотел Парк

Post Views: 10   Дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк. Минувачите на пат кон плажите кога ќе стигнеа до езерцето формирано од нечиста колекторска вода се враќаа назад. Оние поупорните прескокнуваа по дрвени палети за да поминат по патот. Од дежурната екипа на МЈП Проаква Работна единица Водовод Охрид, велат дека станува збор за прелевање на колекторска шахта поради запушена канализација од колекторскиот систем.  Додаваат дека нивните екипи како и екипите на ЈП Нискоградба Охрид, работат на отстранување на...

Continue reading

lagadin

Во Лагадин спречено излевање на колекторска шахта во езерските води

Post Views: 1 Спречено понатамошно излевање на фекална вода од колекторска шахта во езерските води во Лагадин. По реакција од нашиот медиум, а на укажување од жители на Лагадин е поправен овој сериозен дефект. Жителите од Лагадин потврдија дека шахтата е санирана и повеќе нема прелевање на фекалните води. Но, додаваат дека сега од отворите во бетонската шахта навлегува езерска вода која пак  непотребно ја оптоварува пречистителната станица и се троши струја. Неодамна лагадинци поднесоа петиција со која бараат наместо елитна плажа, надлежните да го  решат проблемот со пречистителната...

Continue reading

shahta precistitelna

Проблем во Струга, нова преливна шахта

Post Views: 0 Атак на живиот свет во реката Црн Дрим. Вака екологистите го нарекоа новиот зафат на „МЈП „Проаква“ Р. Е. Колектор од каде деновиве работат на поставување на  дополнителна шахта во близина на пречистителната станица на влезот во Струга. Недозволиво е ниту капка вода да протече низ веќе поставената тунелска цевка наменета за проток на  непрочистените фекалии, вели екологот Мате Гогоски, повикувајќи се на алармирањето од страна на очевидци.Ова што ни се случува е невиден злостор, вели Трпе Негриески очевидец на целата состојба. Тој вели дека  побарале спас од струшките...

Continue reading

sahta

Решение или импровизација?

Post Views: 0 Проблемот со опасните отворени шахти низ градов, никако да биде решен. Пред два месеци, ТВМ информираше за постоење на вакви незаштитени шахти на неколку локации низ нашиов град. Денес, сликата воопшто не е променета. Така, отворената шахта на улицата „Марко Цепенков“ за која жителите на оваа улицат дека 5 години е незаштитена, а за која тие  уредно си реагирале до Фондот за комунален развој патишта и сообраќај сеуште е отворена и необележана. Од локалната тогаш со објаснување дека тука неколку пати интервенирале, но дека капаците биле украдени од несовесни граѓани....

Continue reading

sahta

Опасна отворена шахта на пресекот од „Бистрица“ и „Туристичка“

Post Views: 6 Отворена шахта на пресекот на улица „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“ потенцијална опасност за охриѓани. Загрижени граѓани ни го посочија овој проблем кој според нив станува уште поопасен во вечерните часови бидејќи токму на оваа локација не функционира и јавното осветлување. Тие велат дека за проблемот се обратиле до локалната самоуправа од каде добиле објаснување дека осветлувањето не се санира бидејќи на тоа место за скоро треба да се гради кружна крстосница. Стапивме во контакт со надлежните служби при МЈП „Проаква“. Директорот на јавното претпријатие не информираше...

Continue reading

Sushica

Нелегален приклучок на канализациона шахта-причина за загадувањето на реката Сушица

Post Views: 0 Канализациона шахта која се прелева е причината за загадувањето на реката Сушица. Жителите на Радојца Новичиќ години наназад реагираат на постојаното преплавување на шахтата, но и одвратната миризба која се шири, а која за нив, за жал е секојдневние. Одговори побаравме од локалната самоуправа. Од таму ни одговорија со допис, велејќи дека проблемот настанува поради тоа што постои нелегален приклучок на канализациона шахта поради што се надминува капацитетот на мрежата и доаѓа до прелевање. Велат дека дел се влева во реката, а дел продолжува низ одводниот систем. Нелегалниот...

Continue reading

niskogradba

Две нови мерки за наплата на сметки

Post Views: 0 ЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати. „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top