Ознака: човештвото

polarna mecka

Има или нема климатски промени?

Post Views: 28 Нема место за дебата.Климатските промени се реални и ни се случуваат. А човештвото е делумно виновно за тоа. На светскиот ден на поларната мечка, една од животинските врсти најмногу погодена од климатските промени, помеѓу научните експерти постои 97 проценти консензус дека луѓето го предизвикуваат глобалното загревање. Сепак некои многу гласни Американци продолжуваат да дебатираат за тоа што е со сигурност факт. Прашањето е: зошто?Се разбира, довербата има голема улога. Според Гордон Гошат, вонреден професор по социологија од Универзитетот во Висконсин, само 42 проценти...

Continue reading

mumbai

Ќе преживее ли човештвото?

Post Views: 12 Луѓето толку многу ја смениле планетата што нивното истребување е сосема реална можност доколку продолжат „по старо“, пишува „Хафингтон пост“. Меѓутоа, ако најдеме начин да формираме одржлив систем, некои делови од човечката цивилизација би можеле да станат квазибесмртни, тврди еден научник. Предизвикот лежи во заедничкиот општествен фокус и прифаќањето на одговорноста дека човештвото игра клучна улога во обликувањето на судбината на планетата, наместо да реагира на одделни моментни кризи и краткорочни цели. „Нашата цивилизација би можела да стане нов ентитет на планетата,...

Continue reading

papa

Тужба за папата во Хаг

Post Views: 0 Група жртви на сексуално злоставување од страна на католички свештеници поднесоа во Меѓунаросниот кривичен суд во Хаг тужба против папата за злосторства против човештвото. – Злосторства врз десетици илјади жртви, најголем број деца, биле „покриени“ од страна на црковни официјални лица на највисоко ниво во Ватикан. Во тој случај сите патишта водат кон Рим, изјави адвокатот на организацијата.Поднесени се докази на 20.000 страници, јавуваат американски медиуми. {loadposition content9}

Continue reading

Ratko vo Hag

Младиќ: Не сакам да ми се чита обвинението

Post Views: 0 Првото прашање беше дали го разбира јазикот на кој му се обраќа судот, на што Младиќ одговори дека ги разбира само српскиот и македонскиот јазик. Имаше и  недоразбирања околу датумот на неговото раѓање, но сето тоа произлезе од фактот дека Младиќ тешко ги разбира прашањата. На прашањето од судијата Алфонс Ори дали ја разбира процедурата која му е прочитана, Младиќ рече: “ Господине судија, јас сум тешко болен човек. Слушнав што рече госпоѓата. Мене ми треба малку повеќе време да размислам за тоа што таа го прочита. Бидете трпелливи со мене“. Судијата го праша Младиќ...

Continue reading

Одброени деновите на човештвото на планетава

Post Views: 9 Човечкиот род може да исчезне за околу 1.000 години доколку не избегаат од „кревката“ Земја – предупредува професорот Стивен Хокин, пренесува порталот „Факултети“. Познатиот теоретски физичар објаснува дека ризиците од нуклеарна војна, вештачки вируси и малициозна вештачка интелигенција може да значат дека деновите на човештвото на оваа планета се изброени. Професорот Хокинг ги повика луѓето да започнат да се интересираат за патување во вселената, така што иднината на човечката раса би можела да биде обезбедена меѓу ѕвездите. „Можеби еден ден ќе можеме да ги користиме...

Continue reading

лого

30 години од најголемата нуклеарна катастрофа која ја памети човештвото

Post Views: 5   Сирени беа пуштни во раните утрински часови за да го одбележат моментот кога првата експлозија го разнесе покривот на зградата на реакторот и фрли облак со радиоактивен материјал во воздухот, пловејќи низ Украина, Русија, Белорусија и северна Европа. Комеморацијата беше одржана после полноќ во градот Славутич, кој беше изграден за да се сместат работниците од катастрофата во Чернобил. Украинскиот претседател Петро Порошенко, подоцна во текот на денот планира да ја посети церемонијата во близина на нуклеарниот реактор. Исто така предвидена е панихида и во црква во Киев....

Continue reading

По 70 години забрана излегува книгата на најголемиот злосторник на човештвото

Post Views: 0 По 70 години забрана, во Германија повторно ќе биде издадена книгата на еден од најголемите злосторници на човештвото, Адолф Хитлер, Mein Kampf. Сепак тоа ќе биде поинаква верзија бидејќи книгата ќе содржи и 3.500 забелешки на четворица академици кои му контрираат на идеите на Хитлер за антисемитизмот, нацизмот и геноцидот. Книгата е напишана за време на неговите затворенички денови во 1924 година и позната е како своевиден нацистички политички манифест на омразата спрема Евреите и ширењето на Германија. Mein Kampf прв пат е испечатена во 1933 година. Издавачките права...

Continue reading

Stephen Hawking

Нема да има крај на светот, сами ќе заминеме

Post Views: 3 Стивен Хокинг, британскиот физичар што својата кариера ја помина во дешифрирање на вселената, повика на продолжување на нејзиното истражување – за доброто на човештвото. „Ние нема да преживееме уште 1.000 години без да избегаме од нашата кревка планета“, рекол 71-годишниот Хокинг во вторникот во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес, каде што бил во посета на лабораторија за матични клетки што е фокусирана на обидот да ја забави прогресијата на болеста Лу Гериг, која му беше дијагностицирана нему пред 50 години. Хокинг ја споредил работата на центарот со својот...

Continue reading

“Ова е напад на човештвото во целина”

Post Views: 0 Генералниот секретар на Обединетите нации, Ban Ki-moon остро го осуди разорувањето на стариот антички град Nimrud кој беше уништен од страна на злогласната терористичка организација Исламска држава на северот од Ирак, квалификувајќи го тој чин како “воено злосторство”. Тој побара од верските и политички лидери да го “подигнат гласот” за да ги осудат овие неприфатливи атаци. “Намерното уништување на нашето заедничко културно наследство претставува воено злосторство и напад на човештвото во целина”, рекол во соопштението генералниот секретар на Обединетите нации. Откако...

Continue reading

Пиењето алкохол сеуште мистерија за човештвото

Post Views: 8 Пиењето алкохол можеби е една од последните големи мистерии на човештвото која еден тим на истражувачи се обидела да ја разреши. Навистина, зошто човекот почнал да пие алкохол? “Сите аспекти на модерниот начин на живеење, од болките во грбот до претераното земање на шеќер, се резултат на историјата на човечката еволуција”, навел палеонтогенетичарот Matthew Carrigan, лидер на истражувањето и професор на колеџот во Санта Фе на Флорида. “Се обидовме да дознаеме повеќе за односот човек – етанол, психотропна супстанца која се наоѓа во сите алкохолни пијалоци”, рекол тој а...

Continue reading

Крај на човештвото?

Post Views: 0 Огромен астероид се движи кон Земјата, а поради силината на ударот би можел да збрише сѐ од лицето на земјата. Астрономите од универзитетот во Tennessee го пресметале точниот датум на ударот на овој астероид. Кобниот ден за човештвото, моментот кога овој астероид ќе го уништи животот на Земајата, спрема експертите  е 16 март 2880 година. Астероидот  со дијаметар од еден километар, со паѓањето на Земјата би предизвикал катаклизма како онаа кога исчезнале диносаурусите. Астероидот 1950ДА се движи со брзина од 15 километри во секунда, а ударот се споредува со детонација...

Continue reading

atlantis

Атлантида пронајдена…

Post Views: 17 Островот што беше мистерија за човештвото повеќе илјадници години и никој не ја знаеше неговата точна локација по легендарното „исчезнување“ е откриен. Тоа е тврдењето на тимот американски археолози кои објавија дека го пронашле „загубениот“ остров Атлантида во јужна Шпанија. Професорот Ричард Фреуд, од Универзитетот „Хартфорд“ во Конектикат, тврди дека легендарниот остров исчезнал по силно цунами што го збришало од лицето на Земјата. За да ја лоцираат местоположбата на Атлантида тимот користел сателитски фотографии и комбинација на радари наменети за големи длабочини,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top