Ознака: чешми

Градските јавни чешми се безбедни за пиење вода

Post Views: 2 Граѓаните пијат вода со добар квалитет од јавните градски чешми. Испитуваните примероци на вода од 10 јавни чешми и од Билјанини покажаа дека се безбедни за пиење, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Испитани се примероци од јавните чешми кои се наоѓаат во централното градско подрачје, во Далјан и Воска. Водата од Билјанини Извори во моментов исправна, но е со променлив квалитет. Граѓаните да следат дали има поставено табла со забрана за пиење бидејќи ние ги информираме инспекциските служби за кавлитетот на анализираните примероци и тие поставуваат табла со забрана,...

Continue reading

paris

Жителите на Париз ќе пијат минерална вода од чешма

Post Views: 1 Во Париз од синоќа е пуштена во употреба првата јавна чешма од која наместо обична, ќе тече газирана вода.Од чешмата, именувана како “La Petillante“ ќе тече свежа газирана вода на нормална температура, соопшти парискиот Водовод. Како што пренесуваат француските медиуми ваквата идејата потекнува од Италија, каде што веќе постојат неколку такви чешми. Чешмата е поставена во паркот Реј во источниот дел на Париз, а водата ќе биде бесплатна за сите жители од отварањето на паркот до неговото затворање.{loadposition content9}

Continue reading

Центарот за јавно здравје подготвува мобилна апликација за квалитетот на водата од артерските и јавните чешми

Post Views: 2 Се подготвува карта на јавните чешми и артерските, подземни води од кои се пие вода на јавни места во Охрид. Податоците ќе бидат достапни на веб страната на Центарот за јавно здравје, но и на мобилна апликација. Јавноста ќе има постојано информации каков е квалитетот на водата за пиење од чешмите, но и на брегот на Охридското езеро. Регистерот со податоци го подготвуваат од Центарот за јавно здравје , а ќе биде во употреба од идната пролет. Засега се мапираат артерските чешми на јавни места како кај ОУ Григор Прличев, кај Комерцијална банка и пазарот, а дополнително...

Continue reading

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми и на јавните капалишта во градов

Post Views: 2 Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон. Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат право да...

Continue reading

Нови чешми на градските гробишта

Post Views: 4 Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градските гробишта хортикултурно се уредуваат и се чистат. По барање на граѓаните за поставување на дополнителни чешми, градежната оператива на јавното претпријатие врши поставување на нови чешми во Градските гробишта.

Continue reading

kej

Езерската вода со одличен квалитет, водата во охридските реки не ги задоволува законските стандарди

Post Views: 1 Трите реки во охридско, Коселска, Велгошка и Сатеска со идентичен квалитет, односно трета класа. Ова се резултатите од примероците кои Центарот за јавно здравје ги зел во текот на првата недела од месецов. Бромологот од Центарот за јавно здравје, д-р Сашо Точков вели дека според добиените резултати може да се заклучи дека водите од овие три реки не ги задоволуваат стандардите според законската регулатива во класификацијата на водите. Лоша е состојбата и во реката Црн Дрим која пак се загадува со водата која поминува низ пречистителната станица во Враништа која е од 4...

Continue reading

plaosnik

Што ако ве фати зорт на Плаошник?

Post Views: 13 На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо. Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е...

Continue reading

javna ceshma

Секое задоволство чини пари или?

Post Views: 0 Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа. „Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па и...

Continue reading

toplo vreme

Температурите се високи, но барем има каде да се ладите

Post Views: 0 Врнежливиот почеток на летово веројатно причина за потешката адаптација на моменталните високи температури. За многу кратко време се случија големи температурни промени кои негативно влијаеа посебно врз лицата со хронични заболувања. Од Центарот за јавно здравје во Охрид не информираа дека засега некои итни случаи како последица на високите температури немало, но ситуацијата постојано се следи. Покрај редовните препораки кои ги даваат лекарите во вакви ситуации, од Центарот за јавно здравје презеле уште една мерка во насока на заштита на здравјето на граѓаните. „Пуштен...

Continue reading

bromolog

Водата во Охрид, добра

Post Views: 0 Задоволителен квалитетот на водата од јавните чешми и изворот „Студенчишта.“ Резултатите од последната направена физичко-хемиска и микробилошка анализа од претходната недела, спроведени од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, покажуваат вода со добар квалитет, вели Сашо Точко од ЦЈЗ. „Значи од јануари месец од почетокот на оваа година имавме земени 7 примероци на вода од кои сите беа со добар квалитет, без никаква бактерија и без никакво загадување, секако зборувам и за изворот „Студенчишта“. Што се однесува до квалитетот на водата во селските водоводи, Точко...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top