Ознака: церебрална

Центар за деца со церебрална парализа

Post Views: 6 Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид. Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие лица....

Continue reading

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Post Views: 0 Со синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена боја, Локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6-ти октомври. На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во светот кои страдаат од ова здравствено нарушување.Церебралната парализа е несакан глобален феномен и е еден од најчестите физички попречености што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното растење и развој. Затоа сите во рамки на своите надлежности да работиме на подобрување...

Continue reading

Родителите на деца со церебрална парализа бараат Дневен центар за згрижување

Post Views: 13 Децата со церебрална парализа од Охрид се соочуваат со изолација. Тие се исклучени од образовниот процес, а во општината нема дневен центар за згрижување на оваа категорија деца, се жалат родителите, кои проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град”.   Велат долги години бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен Дневен центар за децата со церебрална парализа.Претходниот градоначалник ветил простор кај касарната, но со промената на власта и тоа е неизвесно.Сега имаме нова локална власт се обративме и до...

Continue reading

Мала надеж за подобро утре на Линдита

Post Views: 6 После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан. Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош. Каљоши категоричен дека согласно Законот, на...

Continue reading

kadmo

Хуманитарен концерт на плажата Кадмо

Post Views: 7 Вечерва, хуманитарен концерт за собирање средства за Искра Донева која боледува од церебрална парализа и треба да и се направи операција во Русија. Концертот ќе се одржи на плажата Кадмо со почеток во 23 часот. На него ќе настапат Влатко Лозаноски, Ѓоко Танески, Александар Белов, Ивица Велковски, Денис Мурат и други. Овој хуманитарен настан е поддржан од Црвениот крст од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

humanitaren koncert

Време е за хуманост!

Post Views: 4 Хуманитарен концерт во организација на Здружението на македонско – турско – српска соработка со цел  да му се помогне на малиот Илче  кој боледува од церебрална парализа. Случувањето е во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот, каде на хуманитарниот концерт ќе настапат познати имиња од македонската естрада. Златко Ратајкоски, потпретседател на ова здружение се надева на хуманоста кај луѓето и не ја губи надежта за малиот Илче. Во Детско одделение при општа болница Охрид за малиот Илче немало место обвинува Ратајкоски и додава дека морале да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top