Ознака: центар

Центар за деца со церебрална парализа

Post Views: 6 Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид. Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие лица....

Continue reading

Охрид ќе добие Центар за нега на стари и лица со попреченост

Post Views: 20 Наскоро охриѓани ќе добијат Центар за нега на стари и лица со посебни потреби. Има голема побарувачка за нега во домашни услови за овие наши сограѓани, а општинската организација на Црвен крст организира стручна обука за негуватели кои може да ги понуди според потребите, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. Досега се направени две обуки со лица кои се стекнале со меѓународен сертификат верифициран од Министерството за образование и кои може да се вклучат во функционирањето на центарот.Имаме 14 негуватели да пружат услуги. Се надеваме според пријавите досега...

Continue reading

Струшкиот центар за култура доби двојно повеќе средства за бројни проекти

Post Views: 0 Два милиони денари доби струшката национална установа, центар за култура „Браќа Миладиновци“ од ресорното министерство за финансирање проекти во сите дејности за 2022. Доделени се двојно повеќе средства за културата во споредба со минатата година како поддршка за сите активности во творештвото. Станува збор за одржување на традиционалните фестивали којшто секоја година се одржуваат во Центарот за култура, а има и нови проекти кои се планираат да се одржат за оваа година, информира Николина Велкоска Глигороска, директорка на Центарот за култура.Во соработка со Сојузот...

Continue reading

Активирана е комуникација со Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи на НАТО, привремена пренамена на расположливите ИПА средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА програмите

Post Views: 9 Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-вата седница на која беа усвоени записниците од 13-тиот и 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година. Согласно заклучокот од 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, Владата заклучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите...

Continue reading

Во Вевчани отворен мултикултурен центар

Post Views: 4 Со богата културно-уметничка програма денес точно напладне свечено беше отворен мултикултурниот центар во Вевчани. Некогашната стара училишна зграда која се распаѓаше денес современ грандиозен центар, кој го носи името Коста Србакоски, иницијаторот, идеологот и водачот на борбата за демократија и слобода на Вевчани.Коста Србакоски е една од маркантните личности во најновата македонска историја, кој со своите напредни идеи е главниот автор на најновото поглавје за митот за вевчанската пркос и борбен дух.Оваа институција е производ на една длабока визија, на Вевчани...

Continue reading

Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

Post Views: 2 Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи  за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи. Видео од тепачка, за која се тврди дека се случила во Дебар, од синоќа се споделува по социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а денеска е преземено од неколку портали. Корисник на Фејсбук без подетално објаснување, пишува:Рестрикциите на Венко! Видео превземено од Твитер. Еве што се случува,додека тој си шета слободно ! Ова е во Дебар!Овој пост во моментот на нашата рецензија ...

Continue reading

Претставата „Сопружници“ во петок пред охридската публика

Post Views: 1 Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ВО ПОСЕТА НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ЗРАЦИ“

Post Views: 0 По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3-ти декември, градоначалникот Кирил Пецаков денеска беше во посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“.Со вработените кои секојдневно се ангажирани за грижа на лицата со попреченост, градоначалникот разговараше за начинот на функционирање и тековните потреби на центарот. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа продолжува со обезбедување на финансиска поддршка за овој центар од општинскиот буџет и дека ќе вложи напори за овозможување на редовни приходи за ангажираните воспитувачи...

Continue reading

Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар

Post Views: 2 Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника. Тука ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба. Од Министерството за здравство изразија огромна благодарност за досегашната успешна соработка со Embassy of Switzerland in North Macedonia и амбасадорката Сибил Зутер за континуираниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава, особено во време на пандемија, кога сите земји се соочуваат со низа предизв...

Continue reading

Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”

Post Views: 2 Овој ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19.00 часот, Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид. Цена на карта 100 денари. По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.Оригинален наслов: СТЕЛА Траење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2019Жанр: Драма, СемеенГлумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ Режија: Стојан ВујичиќДистрибутер:...

Continue reading

Liljana Zaturoska

Дневен центар за лекување на нарко зависници е неопходен и во Струга

Post Views: 6 На оваа потреба освен што укажуваат стручните лица, интерес пројави и пратеничката Затуроска. Вети дека ќе покрене иницијатива за изградба на ваков центар. Дневен центар за лекување на зависниците од дрога,  недостига и во Струга. Оваа потреба пред извесно време ја потенцираа и  психијатрите од градот. Иако од министерството за труд и социјална политика имаше ветувања дека оваа идеа ќе се реализира, сепак од тогаш се поминати деве години а досега  нема никакви позитивни сигнали за реализирање на истата.Интерес за изградба на дневен центар пројави и пратеничката од редовите...

Continue reading

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

Post Views: 6 Со нова опрема и реновирање специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид ќе прерасне во современ центар за физикална терапија, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски при посета на Охрид. Министерот посочи дека ова е единствената болница во Југозападниот плански регион од овој домен, но исто така е и единствената болница која е специјализирана во делот на ортопедија и трауматологија на ниво на цела држава. – Во моментот овој центар не функционира со полн капацитет односно не функционира базенот и делот за хидротерапијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top