Ознака: цената

Огромен скок на цената на горивата

Post Views: 1 Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво. Ова се новите цени: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) – Масло...

Continue reading

Охридските превозници на јавен транспорт бараат зголемување на цената

Post Views: 2 Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот. Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за...

Continue reading

Владата утре ќе одлучува за цената на струјата

Post Views: 3 Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски вели дека конечно успеале да ги склопат финансиските планови за домашното производство, но и колку пари ќе им требаат за реализирање на предвидените јавни набавки за 2022 година. Ковачевски уверува дека наместо законски предвидените 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ЕСМ ќе ја обезбеди целата потребна енергија и нема да има потреба од увоз на скапа електрична енергија од берзите. Ковачевски вели дека на Владата и...

Continue reading

Русија без милост

Post Views: 1 Русија денес објавила дека гасот на Украина, од април, ќе и го продава по цена од 485 долари за 1000 кубни метри, што е една од најголемите цени за европските земји. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјавил денес дека го укинал последниот попуст на цената на гасот која Москва и го гарантираше на Украина, па 1000 кубни метри на гас ќе чини 100 долари повеќе отколку досега. Најава за поскап гас дошла по разговорите на шефот на рускиот Гаспром, Алексеј Милер, и шефот на украинската компанија за гас Андреј Кобољев, околу долгот на украинскиот Нафтогас од 2,2 милијарди...

Continue reading

На почеток на неделава пад на цената на нафтата

Post Views: 3 Барел американска лесна нафта (WTI), за испорака во мај, поефтинил на берзата во Њујорк за 25 центи и изнесува 101,42 долари по барел, додека истата количина на северноамериканска нафта од типот брент, за мајската испорака на пазарот во Лондон, чини 107,91 долар, односно 16 центи помалку од минатата недела, пренесува агенцијата Frans Press. Цената на WTI минатата недела порасна затоа што податоците укажале на силен раст на личната потрошувачка во САД, додека нарачките на трајна стока во САД, клучен показател за состојбата во економијата, се зголемија во февруари за 2,2%...

Continue reading

Украина ја предупредува ЕУ

Post Views: 5 Украинскиот министер за енергетика и рударство Јури Продан ја предупредил Европската унија дека транзитот на гас во западноевропските земји наскоро може да биде стопиран. Мораме да ве предупредиме дека нема многу време за да се договори испораката на гас од земјите на ЕУ во Украина. Доколку тоа не се направи за скоро време, лесно е да се предвиди дека може да се повтори “гасната војна” од 2009 година, со исто сценарио и исти економски последици, се наведува во писмото од Продан. Тој истакнува дека во претходните неколку дена се најавува најлошото сценарио, кога станува...

Continue reading

Недостиг на кафе и какао

Post Views: 2 Цената на кафето и какаото оваа недела достигнале најголемо ниво во изминатите две години поради страв од намалена понуда, додека шеќерот пак во исто време поефтинил. На лондонската берза минатата седмица, кафето вредело 2.218 долари по тон, што е најмногу во последната година и пол, додека пак на берзата во Њујорк достигнала рекордна вредност во последните две години од 209,75 центи по фунта, пренесува АР. Загриженоста поради недостаток на понуда од бразилското кафе довела до раст на цената на “арабика” за околу 80% од крајот на јануари 2014 година. Сушата од почетокот...

Continue reading

Пореметување во испораката на гас?

Post Views: 3 Рускиот џин, за производство на гас, Гаспром објавил денес дека не ја исклучува можноста за пореметување во испораката на гас кон Европа поради политичката ситуација во Украина. „Политичката ситуација на напнатост во Украина, додатно ја загрозува и влошува и економската ситуација, која би можела да предизвика пореметувања во испораката на гас кон Европа“, пренесува Itar-Tass, повикувајќи се на извештаите од Гаспром. Од Гаспром порачуваат дека ќе вложат максимални напори како би се намалиле ризиците за извоз, пренесол порталот Seebiz. „Ќе продолжиме да вложуваме во извозно...

Continue reading

“Авио-билет до САД за десет евра”

Post Views: 0 Нискобуџетната авио-компанија РајанЕр (Rayanair), најави дека компанијата ќе воведе летови кон САД, за кои цената на билетот ќе биде десет евра. Оваа изјава ја дал лично извршниот директор на РајанЕр, Мајкл О’ Лири. РајанЕр за почеток ќе лета од Европа до Њујорк и Бостон, најавил О’ Лири на годинешната конференција на ирските хотелиери одржана на 25-ти февруари, пренесува Дејли телеграф. Најефтиниот билет до САД ќе чини десет евра, додека билетот кон Европа ќе биде уште поефтин – ќе чини 7,3 евра. Сеуште не е познато од кои градови во Европа, РајанЕр планира да лета. “Секако...

Continue reading

Донев: Да побарате од советниците кои сте ги гласале да се спротивстават на предлогот за покачување на цената на водата

Post Views: 3 Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење, обвини претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев. „Вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари.“ – смета Донев. Донев ги повика охриѓани да се обединат против, како што рече, ваквиот однос на градоначалникот кој е понижувачки,...

Continue reading

Прети недостиг на чоколадо

Post Views: 7 Во следните седум години заради поголема побарувачка, светот ќе остане без какао затоа што нема доволно производство и се помалку плантажи за какао. Цената на какаото на почетокот од годината се зголемила за 9%, а дури 40% во последната година. Заради поголемата побарувачка која производителите не можат да ја задоволат, пренесува Фигаро. “Побарувачката на чоколадо во светот непрестано расте поради непрестаниот раст на потрошувачи од земјите во развој. Производителите од цел свет настојуваат да призведат доволно какао како би се задоволила потребата на индустријата за...

Continue reading

kriza

Дали е на повидок нова финансиска криза?

Post Views: 0 Светот повторно се наоѓа на работ на нова финансиска криза, бидејќи ниските камати во Франција, Германија и другите развиени економиии се зафатени од кризната состојба на пазарот на недвижнини, тврди познатиот американски економист Нуруел Рубини. Тој верува дека веќе „надуваниот балон“ на пазарот на недвижнини порано или подоцна ќе „експлодира“. Потоа треба да се очекува нова хипотекарна криза и рецесија во светската економија. Рубини, кој управува со инвестицискиот фонд „Рубини глобал економикс“, е прв меѓу познатите меѓународни економисти кој предвиде избивање на глобалната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top