Ознака: хумана

stefanija

Музички перформанс со хумана димензија

Post Views: 3 Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска, која преку песната ширејќи позитивната мисла ќе допре до сите срца. Овој невообичаен и интересен музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид. Настанот ќе се одржи на 09.11.2015 г. (понеделник) во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 ч. Влезот е слободен. Ги покануваме нашите сограѓани да...

Continue reading

Охрид се вклучува во нова хуманитарна акција „ Сите играме за Јане“

Post Views: 0   Малиот Јане Велковски од Скопје денес меѓу охриѓани делеше летоци за нашата поддршка лекот Спинраза и останатите лекови да се внесат во регистерот на лекови за ретки болести. Охриѓани ќе се вклучат  во спортскиот настан „ Сите играме за Јане“, но, и за сите лица со ретки болести. Утре во СРЦ Билјанини извори во 11часот и 30 минути ќе се игра фудбал и ракомет за поддршка на лицата со ретки болести.  

Continue reading

Десет години хумана мисија на охридските лајонисти

Post Views: 0 Година на јубилеи на лајонс движењето. Под мотото „Децата појасно да го гледаат светот“ охридскиот клуб одбележува десет години од своето постоење. Проектот се спроведува и на државно ниво, кој пак е во знакот на 20 годишниот јубилеј, додека пак лајнонизмот во светот бележи 100 години постоење.Денеска во градинката „Јасна Ристеска“ беа правени офталмолошки прегледи на видот кај најмалите охриѓанчиња. Претседателот на Охридскиот Лајонс клуб, Љупчо Жупан истакна дека навремените офталмолошки прегледи се од големо значење посебно кога тие се прават на возрас кој ја препорачуваат...

Continue reading

Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна

Post Views: 2 Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење...

Continue reading

etno vesta zena

Прекрасни етно специјалитети на вештите жени за хумана цел

Post Views: 2 Ѓомлезе, плашица, јагула, и разни други етно специјалитети приготвени за еден хуман гест. Вештите жени од 22 градови од земјава секој од својот крај ги презентираа традиционалните етно јадења, а за кои беше лицитирано. Собраните средства ќе се донираат за децата со посебни потреби токму од овие 22 градови во кои се одржуваше манифестацијата “Етно Вешта жена”. Снежана Стојаноска, претседателка на здружението “Вешта жена на Република Македонија” вели дека семејството е столбот за сите работи, па оттука предновогодишните забави кои тие ќе ги организираат...

Continue reading

humanitarna

Охриѓани на кафе муабет за една хумана мисија

Post Views: 4 Секој пијалок-мала помош но со големо значење. Денес охриѓани на кафе муабет во кафе барот Аквариус со една хумана цел. Втора година со ред, познатите личности од градов, со келнерските и шанкерските способности кои ги стекнаа на минатогодишната хуманитарна акција, вооружени со насмевка и ведрина дадоа свој придонес за помош на оине на кои тоа им е потребно.  “Секое патување почнува со првиот чекор. Се надеваме дека ќе прерасне во традиција, тоа е наша желба и интенција е да се повторуваат и да се множат вакви настани. Еве како што гледате, хуманитарниот карактер...

Continue reading

crven krst spasiteli

Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест

Post Views: 2 „Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид. А хуманите активности за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој боледува од тешка болест продолжуваат и понатаму....

Continue reading

kombe

Децата со посебни потреби веќе имаат сопствен превоз

Post Views: 6 Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше  оваа хумана акција и како истата се реализира. „Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би требало...

Continue reading

humano srce

Здружението „Хумано срце за сите“ повторно во акција

Post Views: 0 Да се помага на луѓето е најважната цел на постоењето на човекот. Оваа универзална вистина е зацртана во уште една хумана акција на Здружението „Хумано срце за сите“. И оваа година како и минатата, здружението ќе организира хуманитарни концерти во Охрид и Струга, на кои ќе настапат ѕвездите од македонската музичка естрада. На овие концерти ќе настапи и охридската група Силви бенд кои се и заштитно лице на Здружението. „Сето ова мислам дека е најдобар начин да ја побуди хуманоста кај децата пред се, но и да не потсети нас дека во основа на нашето битие треба да е благородноста...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top