Ознака: хигиената

kontener

Струга ја подобрува хигиената

Post Views: 1 Струга ја подобрува хигиената. Сега речиси и не може да се забележи неподигнат смет од контејнерите или расфрлан смет по улиците. Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме беа задоволни од грижата на ЈП Комунално Струга, за хигиената во градот. Првиот човек на ЈП, Гарип Каба, вели дека со домаќинско работење и соработка со граѓаните, веќе резултатите биле видливи. Но според него тоа не е доволно и треба уште повеќе да се залагаат за градот да светне во пресрет на туристичката сезона. Каба не крие дека на почетокот од преземањето на неговата обврска како директор, јуни...

Continue reading

pazar

Струга-Бејрут

Post Views: 34 Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните. И невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и нехигиена...

Continue reading

mraz

Да знаете што има во коцките мраз

Post Views: 6 Најново истражување направено од страна на Агенцијата за заштита на здравјето покажало дека во коцките мраз се наоѓа бактерија која доаѓа заедно со валканите раце, нивното лошо миење по употребата на тоалетот. При тестирањето на мразот, неговата машина и приборот за мраз покажале катастрофални резултати – се појавиле околу 30% лоши хигиенски услови. Со споредувањето на резултатите од 1990 година, околу 50% од луѓето доживеале гадење поради нечист мраз во пијалокот. Од Агенцијата за здравје изјавуваат дека инфекциите се јавуваат бидејќи машините не се чистат, а вработените...

Continue reading

pazar

Хигиенско техничките услови на градскиот пазар, лоши, надлежните сеуште молчат околу изградбата на нов пазар

Post Views: 16 Охриѓани се жалат на хигиената и организираноста на градскиот пазар. Велат дека производите кои се продаваат не се чуваат правилно, голем дел од пазарџиите зеленчукот и овошјето го оставаат преку ноќ на тезгите покриено само со некои најлонски кеси,а многу пати гајби со производи можат да се видат и до тезгите поставени буквално на земја. Од ЈП „Градски пазар“ објаснуваат дека уредувањето на пазарот е пропишано со посебен правилник според кој закупците се задолжени секојдневно наутро да ја изложуваат стоката, а навечер да ја прибираат. Додаваат дека продавачите на сопствен...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 6   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите. Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Continue reading

fontana

Фонтаната кај Чинарот заборавена од надлежните

Post Views: 23 Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа  во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат  жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат  еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината  хигиена.     Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат...

Continue reading

komunalec

Успешна година за Охриски Комуналец

Post Views: 19 ЈП „Охридски Комуналец“ годинава што измина ја оценува како успешна. Тоа се должи на максималната ангажираност на вработените од сите работни единици на ова ЈП зедно со менаџерскиот тим, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Ме радува фактот што за престојните новогодишни празници градот е преполн со гости, се надеваме дека уште поголем број на туристи ќе има за Божиќните празници за празникот Богојавление, со што нашите служби максимално ќе бидат ангажирани за хигиената во градот“. Работата на ЈП, посебно деошла до израз за време на празниците, бидејќи...

Continue reading

toalet

Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата

Post Views: 1 Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од државата...

Continue reading

holms

Семејство Холмс апелира грижете се Охрид да биде чист

Post Views: 3 „Чувајте го Охрид чист“ е повикот на семејството Холмс од Англија до пријателите на градот. Овој апел го упатуваат разочарани од расфрланиот смет и немарниот однос на македонците кон околината.  Невил и Лилјана од Лондон воодушевени од убавините на Охрид, решиле да купат стан во  населбата Рача.  Пред една недела Холмсови  заедно со нивните деца го исчистиле спортското игралиште од расфрланото ѓубре кое е во непосредбна близина на нивниот стан.  Една недела подоцна тоа повторно било  покриено со отпадоци.  „Кога работи школото постои контејнер, а сега школото е затворено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top