Ознака: Хаг

megunaroden sud

Македонија и Грција на суд во Хаг

Post Views: 2 Претставници на Грција и Македонија денес треба да се сретнат во Меѓународниот суд за правда, во Хаг, во најновата рунда од долгогодишниот спор меѓу двете земји околу македонското име. Македонија ја тужи Грција за блокирање на зачленувањето во НАТО , што е во спротивност со билатералната спогодба што Скопје и Атина ја потпишаа во 1995. Прашањето за историското наследство на името Македонија кое покрива географска територија на двете страни од границата, стана исклучително чувствителна тема во двете земји, која ги влоши политичките односи меѓу Атина и Скопје.       {loadposition...

Continue reading

papa

Тужба за папата во Хаг

Post Views: 0 Група жртви на сексуално злоставување од страна на католички свештеници поднесоа во Меѓунаросниот кривичен суд во Хаг тужба против папата за злосторства против човештвото. – Злосторства врз десетици илјади жртви, најголем број деца, биле „покриени“ од страна на црковни официјални лица на највисоко ниво во Ватикан. Во тој случај сите патишта водат кон Рим, изјави адвокатот на организацијата.Поднесени се докази на 20.000 страници, јавуваат американски медиуми. {loadposition content9}

Continue reading

Ratko Mladic

Семејството на Младиќ планира да го прогласи за мртов

Post Views: 1 Семејството на најбараниот хашки бегалец, планира да поднесе барање до судот во Белград преку кое ќе се обиде да го прогласи Ратко Младиќ за мртов. Но, според српските медиуми и да успеат во тоа, српското обвинителство и Хаг нема да се откажат од потрагата по него. Семејството на Младиќ се одлучило на тој чекор поради огромниот притисок кој секојдневно го трпи. Се сомневаат дека би можел да ги преживее условите во бегството, бидејќи на почетокот на оваа деценија имал тешки стомачни и срцеви проблеми, поради кои бил на лечење. {loadposition content9}

Continue reading

Хаг

Во Меѓународниот суд во Хаг почнува правната битка за Косово

Post Views: 0 Во Меѓународниот суд во Хаг денеска почнуваат дебатите по прашањето за законитоста на независноста на Косово,  кое Генералното собрание на ОН му го постави на Трибуналот по иницијатива на Србија. Вкупно 30 држави ќе се изјаснат за време на сослушувањата, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбеднот на ОН (Кина, САД, Франција, Велика Британија, Русија). Сослушувањата ќе продолжат до 11 декември.Претставниците на Србија и на Косово ќе се изјаснат на првиот ден, 1 декември, и ќе имаат збор по три часа. Другите земји ќе имаат можност да ја изразат својата позиција...

Continue reading

Momcilo Kraisnik

Пресуда за Краишник

Post Views: 5 Меѓународниот суд во Хаг треба да ја објави денеска пресудата за поранешниот претседател на парламентот на Република Српска, Момчило Краишник. Тој во 2006 година беше осуден на 27 години казна затвор. Обвинителот побара од апелациониот суд доживотна казна затвор, а Краишник кој сам се брани пред судот, не ја призна вината и побара да биде организиран нов судски процес. Краишник му беше десна рака на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, за време на војната во Босна (1992 – 1995 г.). Тој, на 27. септември 2006 година беше прогласен за виновен за злосторства врз...

Continue reading

presuda-hag

Како грчките медиуми ја доживеаја пресудата во Хаг?

Post Views: 2 Грчките медиуми со неверување и со лоша реакција ја прифатија пресудата од Хаг.Грчкиот „Етнос“ денес напиша дека Грција е осудена за ветото. „Хаг: Грција ја прекрши времената спогодба со БЈРМ, одлуката е конечна, без право на жалба“. Вака извести Елефтеротипија. Та Неа посочи дека одлуката е донесена со 15 гласа за и еден против. „Судот на страната на Скопје- прифатена тужбата на БЈРМ против Грција“, известува Та Неа. Грчкиот правен тим во Хаг денес не пристигна во полн состав, а Атина најави дека ќе ја проучува одлуката на судот. – Со целосна почит кон Меѓународниот...

Continue reading

spor

Македонија до 9 јуни за грчките контрааргументи во Хаг

Post Views: 4 Меѓународниот суд на правда на ОН со седиште во Хаг го утврди 9 јуни годинава како рок до кој Македонија треба да одговори на контрааргументите на Грција во спорот што го покрена против таа земја за кршење на одредбите од Времената спогодба.Судот, како што јавува еРепортер, исто така, го утврди 29 октомври за рок до кој, пак, Грција треба да одговори на новите македонски аргументи.Судот оваа одлука ја донесе разгледувајќи го барањето на Македонија за дополнителни четири и пол месеци што земјата ги побара, откако го доби одговорот на Атина во првата фаза од спорот.Хашкиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top