Ознака: фолклорна

РЕГИОНАЛНА ФОЛКЛОРНА РЕВИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ОСМИОТ РЕГИОН ВО ВЕВЧАНИ

Post Views: 0 Вчера, понеделник 20 мај 2019 год.во Домот на културата во Вевчани се одржа 17-та по ред фолклорна ревија на песни,музика и игри на Здруженија на Пензионерите од осмиот регион, Охрид, Кичево, Струга, Гостивар, Македонски Брод и домаќинот Вевчани. На ревијата настапија околу 300 фолклористи и инструменталисти од југо-западниот дел од републикава со свои етно-фолклорни напеви од своите подрачја.Ревијата на која присуствуваше и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, ревијата за отворена ја прогласи претседателот на Сбранието на СЗПМ Илија Адамоски.За успешниот настап...

Continue reading

СЕ ОДРЖА НАЈГОЛЕМАТА ФОЛКЛОРНА СМОТРА ВО ОХРИД

Post Views: 8 Над 300 уметници – членови на Културно уметнички друштва од западниот регион на нашата држава, вчера во Охрид под звуците на тапаните, зурлите, гајдите продефилираа низ Охридската чаршија и го заиграа најголемото оро до сега на плоштадот Св. Климент Охридски. Дефилето беше во рамките на регионалната фолклорна смотра во организација на сојузот на фоклорни ансамбли на Македонија. Смотрата ја отвори проф. м-р Благица Илиќ раководител на фолклорниот оддел при музичко балетскиот училишен ценатр ,,Илија Николовски – Луј“ од Скопје и член на уметничкиот совет на...

Continue reading

Во Охрид се одржува фолклорна смотра за Западна Македонија

Post Views: 7 Денеска во Охрид се одржува регионална фолклорна смотра за Западна Македонија на која учество зедоа 13 културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Тетово, Битола, Ресен, Вевчани, Струга, Демир Хисар, Новаци, Охрид. Како претседателка на СОФАМ чувствувам особено задоволство што Културно уметничките друштва и ансамбли од Западниот Регион, многу посветено работеа во изминатиов период, а еден од резултатите на нивната работа е и оваа фолклорна смотра кој е еден од поважните проекти во нашата организација. Многу ми е мило што смотрата се одржува во Охрид на значаен...

Continue reading

Нашите пензионери успешно се преставија на Републичката фолклорна ревија во Скопје

Post Views: 8 Викендов во Скопје се одржа 9-та Републичка фолклорна ревија на песни,музика и игри.На ревијата учествуваа 25 здруженија од републикава со 554 музичари и фолклористи. Од името на организаторот присутните учесници и гостите на Ревијата, ги поздрави, претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, а за отворена ревијата ja прогласи покровителот, премиерот на Владата на Македонија Зоран Заев. На ревијата настап и КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца. Охридското здружение со изведбата на својот охридски староградски мелос постигна забележителен успех,кој кај публиката остави силен...

Continue reading

Во тек е пријавувањето за „Фолклорна Бајка“

Post Views: 0 Младите музички таленти кои го негуваат македонскиот народен мелос и годинава ќе бидат дел од Фолклорна Бајка. Овој фестивал минатата година беше организаиран за прв пат и се карактеризира по тоа што е единствен од ваков вид во Македонија. Стефан Нестороски еден од организаторите вели дека задоволство е да се работи со деца кои одлично ги интерпретираат преработените аранжмани на познатите македонски рефрени од народната музика. „Фолколорна Бајка“ е уникатен фестивал, минатата година зачудувачки ги плени интересите од сите медиуми, од децата посебно ние сме изненадени...

Continue reading

Охриѓани синоќа уживаа во вистинска „Фолклорна бајка“

Post Views: 10 Охриѓани опиени од првата „Фолкорна бајка“. Носени од звуците на најпознатите македонски народни рефрени присутните уживаа во маестралните изведби на младите но неверојатно талентирани интерпретатори. Салата во Центарот за култура беше исполнета до последно место што само по себе говори каква ќе биде иднината на овој детски фестивал по само првото негово издание. Некои од децата кои настапуваа дури за прв пат се сретнале со овие рефрени, некои ги знаеле, некои тогаш се запознале, што говори и за самата идеја на фестивалот, македонската народна песна и тоа огромно богатство...

Continue reading

Во Струга се одржа 19-та регионална, фолклорна ревија на музика, песни и игри

Post Views: 5 На ревијата која се одржува под покровителство на СЗПМ учествуваа околу 100 фолклористи, музичари и рецитатори од ЗП Дебар и Центар жупа , Кичево, Македонски Брод, Гостивар , Охрид и Дебрца и домаќинот Струга. Учесниците на ревијата од 8-от западен регион во името на градот домаќин ги поздрави Милорад Трпоски , претседател на ЗП Струга. Со поздравни зборови на фоклористите и гостите ревијата за отворена ја прогласи претседателката на сојузот на пензиониери на Македонија Станка Трајкова, која на крајот на ревијата на претседателите на ЗП , учесници на ревијата им врачи...

Continue reading

Balkanski

53-от Балкански фестивал на реновираната сцена на Долни Сарај

Post Views: 1 Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна. „На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до...

Continue reading

penzioneri

Охридските пензионери највпечатливи на регионалната фолклорна ревија

Post Views: 28 Пензионерите од Охрид и Дебрца со впечатлив настап на 12та регионална фоклорна ревија на песни, музика и игри. На оваа традиционална фолклорна манифестација се претставија 10 културно  уметнички друштва од исто толку градови. Фолклорните групи во три-часовната програма пееја староградски песни и ора и изворни рефрени. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца настапи со шест староградски песни и ора со постановката ,,На сараишче“. Охридското здружение на пензионерите имаше највпечатлив настап и во изборот на староградската носија карактеристична за нашето поднебје....

Continue reading

logo

52-ро издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“

Post Views: 5 Богати фестивалски вечери, квалитетна програма и извонреден фолклор на нациите кои ќе го изведат најдоброто од нивната традиција, ветуваат организаторите на овогодинешното издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“. Годинава, честа да го отворат педесет и воторото издание на фестивалот ќе му припадне на ансамблот за народни песни и игри „Танец“, вели Драгана Боцеска, директорката на Центарот за Култура „Григор Прличев“. „Танец“ ќе настапи со програма којашто досега не е видена, во Македонија, со програмата со која настапија на турнејата во Шведска и Австрија,...

Continue reading

vlav

Oхридските Власи сакаат да формираат фолклорна група

Post Views: 11 Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра. Подршка во остварување на оваа намера имаат од Здружението на Власи „Луњина“. Целта им е заживување на поранешното играорно друштво. По преземените активности се пријавиле 15 – тина деца, кои за жал не продолжиле поактивно да ги изучуваат влашките игри и песни вели Лабро, иако им биле понудени просторни можности. Инаку кореаграфот Дона Лабро се присетува на ентузијазмот и љубовта со која членовите настапувале...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top