Ознака: физибилити

Изработена физибилити студија за откупен дистрибутивен центар во охридскиот рeгион

Post Views: 0 Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во регионот. Земјоделските...

Continue reading

пристаниште

Тече оглас за физибилити студија за изградба на малото пристаниште

Post Views: 0 Локалната самоуправа  распиша оглас за изработка на физибилити  студија за малото пристаниште. Според одлука на Советот, Локалната  самоуправа на руинираното пристаниште  ќе гради угостителски објект. Претходно за градење на овој простор интерес   пројавиле две сериозни компании, информираа од општината. Во февруари годинава, на оваа постапка и претходеше избор на идејно решение за изгледот на пристанишетето. „ Тоа ќе биде современо идејно решение. Ние во изминативе години неколку  пати го прикажувавме во јавност им се допадна на граѓаните и заинтересираните кои сакаат...

Continue reading

pristaniste

За пристаништето пред хотел Палас заинтересирани две компании

Post Views: 0 Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното  пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат  од Локалната самоуправа. Од таму  не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој  простор за да се  спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение треба...

Continue reading

pazar

Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар

Post Views: 0   Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар. По пропаѓањето на вториот повик општината планира да ја измени физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид се со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект. Јас сум уверен дека  ќе успееме да најдеме партнер, но секако како одговорна локална власт доколку не најдеме партнер под оние услови кои ќе ги зацртаме и доколку физибилити студијата не покаже дека...

Continue reading

sednica

Бурна седница на охридскиот Совет

Post Views: 0 Бурна седница на охридскиот Совет. Обемниот дневен ред од 74 точки беше надополнет со уште 3 точки, по предлог на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Предлог одлука за добивање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈП Градски Пазар, предлог одлука за започнување на повторена постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар во Охрид и предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на услугите на ЈП „НИСКОГРАДБАОХРИД“ Охрид. Овие предлог одлуки неприфатливи од страна...

Continue reading

советници

Oваa локална власт ја повтори грешката од минатото, обвинува Станкоски

Post Views: 3 Изгласани најинтересните точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„ Билјанини извори“ за усвојување на физибилити студија“ и  „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“ кренаа најголема прашина и отворија голем број дискусии. Јоне Станкоски...

Continue reading

vmro dpmne

Предложениот модел со студијата најприфатлив, тврдат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 9 Kако Одлука на совет која претходно беше изгласана и од советничката група на СДСМ преку ноќ беспредметно се критикувa, се прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изнесените наводи на пресот на СДСМ за изгласаната физибилити студија за изградба на затворен градски пазар. Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност  ги промовира капиталните проекти на ВМРО ДПМНЕ, кажа Јованка Дамоска Секулоска. Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес критикува...

Continue reading

sdsm

СДСM: Физибилити студијата за пазарот лошо изработена

Post Views: 5 Охридските социјалдемократи реагираат дека со вчерашното донесување на Правилникот за субвенционирање на приватните станоиздавачи, Советот донесол незаконска, нестатутарна и неделовничка одлука. Правилникот е акт што треба да го донесе градоначалникот, како извршна власт во општината, додаваат од таму. Советникот Јован Стојаноски на пресот најмногу се задржа на  Предлог Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид. Советниците од СДСМ сметаат дека студијата била непрофесионално изработена и побарале од Советот истата...

Continue reading

pazar

Изгласана физибилити студијата за изградба на пазарот

Post Views: 5 Зелено светло за физибилити студијата за изградба на пазарот со јавно приватно партнерство. Гласањето за оваа важна инвестиција помина само со дискусија на советниците од опозицијата. Опозиционерите беа со став дека  студијата треба да се врати на доработка. Ставија забелешка дека изготвувачот на студијата  не изработил еколошка анализа. Исто така, не им дал можност на советниците да изберат кое е најповолното решение од 4 -те законски можности за приватно  јавно партнерство туку понудиле само еден модел. Имаа забелешка и на процентот при распределбата на имотот, 20...

Continue reading

езеро

ОБНОВЕНО:Со средства од јапонската Влада ќе се санира колекторскиот систем

Post Views: 2 Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро. Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот...

Continue reading

ezero

Јапонците ќе му помагаат на Охридското езеро

Post Views: 1 Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција...

Continue reading

galicica

Ќе се гради мал до среден ски центар на Галичица

Post Views: 2   Општина Охрид сериозно пристапи кон реализација на идеата за изградба на ски центар на планината Галичица. Таа заедно со Владата на РМ во изминативе неколку месеци успеа да изнајде финансиски средства за изработка на физибилити студија за изводливост на градење на еден ваков центар кој истовремено ќе служи и за сместување на голем број гости во летниот период. Таа физибилити студија ја изведува една од најреномираните куќи за градење на скијачки центри, Елосам маунтајн рисорт планерс од Канада, а маркетингот го работел Хорати Хорват. Таа студија покажа дека е изводливо...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top