Ознака: фејсбук

Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

Post Views: 9 Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив. Фејсбук објава ударно, сензационалистички, но, лажно, ја информира...

Continue reading

Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

Post Views: 3 Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт. Пост на Фејсбук неосновано шири дезинформации дека откако почнало вакцинирањето против ковид-19, се зголемил бројот на заболени и починати. Постот неточно вели и дека се кријат официјални податоци...

Continue reading

Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

Post Views: 0 Микробиологот Пановски изразува сомнеж дека омикрон можеби е влезен во Македонија, а потврда за такво нешто немаше. Оттука, насловот на текстот линкуван во постот е погрешно формулиран, а на самата објава на Фејсбук ѝ недостига контекст, односно објаснување дека станува збор за претпоставка, а не за официјална потврда. Сојот омикрон на коронавирусот во земјава пристигна дури четири дена подоцна.Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со...

Continue reading

По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи

Post Views: 1 Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време. Тој за само неколку часа изгубил 6,6 милијарди долари поради прекинот со работа на Фејсбук, Инстаграм и Whatsapp.Да потсетиме, популарните апликации на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Whatsapp престанаа да работат околу 17 и 30 часот. Ова е еден од најголемите и најдолгите прекини на нивната работа откако тие постојат. Од Фејсбук преку Твитер објавија дека работат на решавање на проблемот. По падот на Фејсбук,...

Continue reading

„Макпетрол“ предупредува на лажната наградна игра на „Фејсбук“

Post Views: 7 На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат лажната страница, ќе ја споделат истата и ќе остават коментар.Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена“,...

Continue reading

Фејсбук пост со текст од пред една година тврди дека САД го прекинува финансирањето на СЗО

Post Views: 12 Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до  Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира...

Continue reading

Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

Post Views: 11 Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации.  ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три  да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран...

Continue reading

Видеоматеријал на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот во вакцината е опасен и предизвикува смрт

Post Views: 1 Tврдењата за опасноста на спајк протеинот и неговата поврзаност со вакцината, изнесени во видеоматеријалот што се споделува во оваа објава, ги оценуваме како невистинити. Голем број медицински извори укажуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и истиот е во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор. Во објавата погрешно се интерпретира научна студија. Според коавторот на студијата, присуството на минорни количества спајк протеин не значи дека мРНК вакцините имаат потенцијал да предизвикаат...

Continue reading

Фејсбук ги брише анти-ваксерските кампањи

Post Views: 3 Од компанијата тврдат дека тие блокирале страни од Индија, Јужна Америка и од САД. Фејсбук групите пробале да регрутираат инфлуенсери за да шират лажни информации кон јавноста околу Ковид-19 вакцините. Во последниот извештај на Фејсбук, тие изјавија дека ја пронашле врската помеѓу мрежата и лажните информации кои ги ширеле кампањите од инфлуенсерската маркентинг агенција „Фазе“, која е дел од руската компанија АдНау. Би-Би-Си пренесува дека во мај, на многу инфлуенсери им биле понудени пари од „Фазе“ за да шират лажни информации околу вакцината Фајзер. Од Фејсбук велат...

Continue reading

Антидатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

Post Views: 3 Овој пост се прикажува како дека е објавен на 29 јули 2009 година, а всушност е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен и затоа што изнесува еден куп лажни податоци за коронавирусот и за вакцините. Со лажните информации во комбинација со наводно предвидување на вирусот, се цели кон постигнување на лажна слика за овој вирус и неговата опасност како и одвлекување на граѓаните од процесот на вакцинација. Вирално...

Continue reading

Ќе се сокрива бројот на лајкови на Фејсбук и Инстаграм

Post Views: 8 Корисниците на Инстаграм ќе можат да го сокријат бројот на лајкови на сите објави на нивниот ѕид и на сопствените објави. Двете опции ќе бидат достапни на Фејсбук „во следните неколку недели“, објави Инстаграм во средата. Зборувајќи за новинарите, шефот на Инстаграм, Адам Мосери, рече дека целта е да им се даде на луѓето контрола над нивните искуства на апликацијата. Тој рече дека тестирањето на новата опција за да се сокријат лајкови не покажува многу промени во однос на влијанието врз психолошката состојба на корисниците, но додаде дека корисниците поделиле мислења...

Continue reading

Пост на Фејсбук дезинформира дека сите вакцинирани ќе починат наесен

Post Views: 2 Оваа објава се повикува на антиваксерот Виктор Колман и ја дезинформира јавноста дека вакцинираните ќе почнат да умираат наесен, како и дека се заштитени само од првичната мутација на коронавирусот. Наспроти дезинформациите на Колман, според Центарот за контрола и превенција на болести од САД (ЦДЦ), ковид вакцините се безбедни и ефикасни и може да го спречат ширењето на коронавирусот. Истовремено се наведува дека тие што се вакцинирани, дури и да се заразат со коронавирусот, нема да имаат тешка клиничка слика и нема да бидат хоспитализирани во толку голем обем, споредено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top