Ознака: фатен

Стружанец фатен со марихуана и електро шок направа

Post Views: 3 На 15.02.2022 на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Ј. (23) од Струга.При контрола на патничко возило „опел“, со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и електро шок направа. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР. 

Continue reading

36-годишен охриѓанец фатен со метадон во Струга

Post Views: 10 На 22.12.2021 година во ОВР Струга приведен е С.Ѓ.(36) од Охрид.При контрола во неговиот автомобил „Пежо” што го управувал на улицата „ЈНА” во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа метадон. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Жител на Албанија фатен со 30 кг риба кај Сатеска

Post Views: 1 Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска.На (17.01.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад кај месноста Сатеска Струга, при извршен преглед на патничко моторно возило ,,опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, беа пронајдени и запленети 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми, а сокриени во багажниот простор на возилото. Против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот...

Continue reading

Битолчанец фатен со хероин на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид

Post Views: 52 На 06.02.2022 во 14.55 часот во СВР Охрид приведен е Б.В. (23) од Битола. При преглед, извршен на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа алуминиумска фолија со остатоци од хероин.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

32-годишен охриѓанец извршил тешка кражба на улицата „Гоце Делчев“

Post Views: 2 На 04.02.2022 околу 17 часот, во СВР Охрид е приведен И.Б. (32) од Охрид кој претходно е затекнат при извршување на тешка кражба во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец фатен со 100 килограми дрога од Албанија

Post Views: 3 На (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра.Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско,...

Continue reading

Кривична за лице од Елбасан кој во Оровник беше фатен со марихуана во вредност од 350 илјади евра

Post Views: 13 СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.На 07.11.2021 година околу 20 часот, на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,...

Continue reading

29-годишен охриѓанец фатен со марихуана

Post Views: 5 На 17.11.2021 година во СВР Охрид приведен е А.Б.(29) од Охрид. При контрола на патнички автомобил со кој се превезувал, извршена кај месноста „Алтанин мост”, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа паковка со опојна дрога марихуана.При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, пронајдени и одземени се 14 целофански фолии со семки од растението Канабис. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

pornografija na sednica

Прво вовел закон против порнографија, потоа уживал во неа сред седница

Post Views: 5 Иако понекогаш не изгледаат така, сепак и политичарите се луѓе од крв и месо. Тоа вчера го докажал во индонезискиот парламент член на Напредната исламска партија, кој бил фатен додека гледал порнографија сред седница. Ситуацијата станала уште поинтересна поради фактот што неговата партија го вовела законот против порнографијата, гледањето или снимањето на истата. Кога оваа фотографија се појавила во јавноста, Арифинто дал оставка. Потоа тој изјавил дека е само човек кој има свои потреби и наишол на разбирање од членовите на неговата партија. Тој не се грижи поради фактот...

Continue reading

Тепачка меѓу охриѓани, фатен крадец со украденото

Post Views: 4 На 06.03.2022 година во 01.20 часот, во угостителски објект лоциран на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање, а потоа пред објектот, со физичка пресметка помеѓу И.С, С.К., С.К., и М.Џ., сите од Охрид од една и неколку други лица, од друга страна. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расветлување на настанот.На 05.03.2022 година околу 15 часот, во СВР Охрид приведен е Н.С.(38) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници пронајдоа повеќе прооизводи што тој претходно ги одзел од продажен...

Continue reading

Тетовчанец фатен со недозволена пиротехника во Охрид

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Тетово.При преглед извршен на булеварот „Македонски просветители” кај него пронајдени и одземени се две најлонски кеси со вкупно 919 парчиња пиротехнички средства – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец фатен со кокаин

Post Views: 3 На 31.03.2020 година во 20.20 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, при извршен преглед врз А.М.(23) од Охрид, пронајдени и одзмени се три наjлонски ќесички со опојна дрога кокаин. Дополнително, по извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се кокаин и марихуана, подготвени за натамошна продажба. А.М. е приведен и лишен од слобода, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top