Ознака: урбаната

Започна отстранување на урбаната опрема и монтажни објекти на охридското крајбрежје

Post Views: 2 Со отстранување на шанкови и монтажни објекти утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското езеро, согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба и препораките на УНЕСКО. Од општина Охрид  информираа дека активностите започнале со отстранување  урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, лоцирани на крајбрежјето на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. По завршувањето...

Continue reading

Пецаков има коалиција со народот, а ЌЕ Георгиески со урбаната мафија и затоа ќе доживее катастрофален пораз!

Post Views: 6 ЌЕ Георгиески е во паника и очај затоа што ги губи изборите и никаква црна кампања не може тоа да го спречи, се вели во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.„Никако да излезе од предавничката матрица на СДСМ, па по катастрофалниот пораз без срам реши да се појави и да прочита нарачан текст од неговиот партиски ментор Заев. Неспособниот Георгиески и СДСМ единствено што успеаја да направат се хаос со плажите, платформите и урбаната опрема. Охриѓани и туристите беа сведоци дека селективниот Георгиески дозволи узурпација на јавниот простор со лежалки,...

Continue reading

Петкоска: Централната власт да го сопре дивеењето на урбаната мафија во Охрид

Post Views: 1 Од општинската ВМРО ДПМНЕ ја повикуваат централната власт веднаш да преземе мерки во врска со градењето на бетонската база на брегот на Охридското Езеро. Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен под УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници, изјави денеска советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за безправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро. Без дозвола гради бетонска база на самиот брег на езерото. Вакво бесправно градење и непочитување на законите од страна...

Continue reading

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта

Post Views: 1 Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор. Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени долговите на...

Continue reading

Продолжуваат вандалските чинови во Охрид, сега на мета е урбаната опрема

Post Views: 9 Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република. Неодамна Ј.П.„Охридски Комуналец„ неодамна издвои средства за набавка на нови садови за депонирање на ситен отпад со современ дизајн, и истите беа поставени на неколку локации низ централното градско јадро, а веќе истите почнаа да се уништуваат. Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република која насилно е откорната од своето лежиште и друга корпа пред споменикот „Св.Кирил и Методиј“. Во изминатиов период во повеќе наврати се...

Continue reading

urbanaop

Иста програма, исти проблеми

Post Views: 2 Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година,...

Continue reading

Riste Kjushkoski

„Отвори врата за својата иднина“

Post Views: 8 „Отвори врата за својата иднина“ е новината која доаѓа од струшките социјалдемократи, со која сакаат да го проверат јавното мислење на своите сограѓани, односно да слушнат за нивните проблеми и маки. Претседателот на О.О. На СДСМ од Струга, Ристе Ќушкоски, истакна дека ова е проект од граѓаните за граѓаните од кој ќе произлезе програмата на СДСМ. „Преку овој проект секој граѓанин на струшкиот регион ќе може да го искаже своето незадоволство од руралната или урбаната средина во која живее и тоа проблеми од инфраструктурата, комуналните дејности, образованието, социјалатам...

Continue reading

sednica sovet

Урбаната опрема во 5 до 12 на седница во Струга

Post Views: 7 Старата добро проверена тактика, во пет до дванаесет да се доставуваат материјалите за суштинските точки и овој пат не изостана на 41 та седница на струшкиот Совет. Станува збор за  точката која се однесува за поставување на урбаната опрема за 2012 година на територијата на општина Струга. Комисијата за урбанизам добро ја изготвила програмата но кога е во прашање нејзината реализација на терен, тука застануваат сите работи констатира, Момчило Аврамоски, советникот на ВМРО – ДПМНЕ.  „Јас ја поддржувам одлуката на комисијата за редовна наплата на сите издадени објекти...

Continue reading

kucina

Жителите од урбаната заедница Воска 1 се загрозени од глутница кучиња

Post Views: 2 Луѓето кои живеаат во Воска еден, на Булевар Туристичка наспроти бензиската Окта  бараат спас од кучињата скитници кои ја загрозуваат нивната безбедност. Главоболка им задаваат веќе подолго време чопор од 10 – тина кучиња скитници кои ги напаѓаат луѓето кои живеат во околните  згради на Туристичка. „Едно девојче во последен  момент се спаси со затварање на влезната врата  од 10- тина кучиња. Човек пред продавницата на тротоарот буквално бил соборен на земја долу, а  го спасиле луѓе кои се затекнале во продованицата. Како можело тоа да се заврши е прашање. Во моментот...

Continue reading

dvor

Жителите од Урбаната заедница 7- ми Ноември имаат потреба од простор за спортување

Post Views: 9 Жителите од урбаната заедница „7-ми Ноември“ кои живеат на просторот кој ги опфаќа  улиците„ Дејан Војвода“ „Стив Наумов“ до „Желзничка“, „Абас Емин“ и „7 – ми Ноември“ се жалат на бројни комунални проблеми. На територијата на која се протега оваа урбана заедница живеат над  5000 граѓани кои имаат потреба од основни комунални решенија. Улиците „Абас Емин“ и „Дејан Војвода„ се со ископан асфалт и со  ударни дупки,  без тротоари. Улицата „Пиринска“ чека на пробивање и поврзување со „Железничка“. Димитрија Митрески член на Урбаната заедница, покрај овие комунални...

Continue reading

urbana oprema kej

И по десет дена од почетокот на летниот режим на сообраќај, урбаната опрема на „Коста Абраш“ непоместена

Post Views: 1 Угостителите кои гравитираат на улицата „Коста Абраш“ во непосредна близина на кејот, не смеат да поставуваат урбана опрема на тротоарот, во периодот од 5 часот наутро до 20 часот навечер. Но и после 10 дена по стапувањето на сила на летниот режим на сообраќај, а со кој е регулирано поставувањето на урбана опрема на овој потег, масите и столиците не се поместени. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски потенцира дека согласно одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, урбана опрема може да се поставува, но во периодот од 20 часот навечер до 5...

Continue reading

trotoari Kosta Abras

Секторот за урбанизам „пишман аџија“ за урбаната опрема на „Коста Абраш“

Post Views: 0 Нова летна сезона, стара слика на улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото. И оваа сезона, тротоарите на оваа улица окупирани од урбаната опрема односно од масите и столиците на хотелско-угостителските објекти на овој потег. Пешаците, наместо по тротоарите предвидени за нив, уште една летна сезона приморани да се движат по самиот коловоз. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој проблем на охриѓани, особено оние кои гравитираат на овој потег. Од локалната не гледаа проблем и нивниот став беше дека тој потег е замислен како медитеранско катче, во кое треба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top