Ознака: упатија

Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Post Views: 9 Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ. „Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот...

Continue reading

Од ОК Вмро Дпмне упатија обвинувања до Локалната самоуправа за состојбите во образованието

Post Views: 1 Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК Вмро Дпмне. Тој обвини дека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажале со ребалансот и драстичното кратења на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски. „ Од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители....

Continue reading

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот

Post Views: 7 Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, на прес конференција упати обвинување Сашо Донев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ. „Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на неработењето...

Continue reading

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија критики до охридскиот градоначалник

Post Views: 7 На прес конференција од ОК на Вмро Дпмне упатија критики за работењето на градоначалникот Јован Стојаноски и администрацијата. Повикуваат, градоначалникот јавно да го каже износот на долгот на општината и да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција. Перчо Божиноски, портпарол на ОК Вмро ДПМНЕ, праша зошто го применуваат менаџирањето на долгот на начинот кој го промовираше и спроведе минатата Локална власт, а претходно истиот го критикуваа. „Јован Стојаноски, за првпат како претставник на СДСМ уште во октомври на дебатата на кандидтатите за градоначалник...

Continue reading

Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка

Post Views: 6 Првата новогодишна честитка охриѓани ја испратија од дното на Охридското езеро. Кај заливот на коските, 10 -тина нуркачи, по втор пат, новогодишната порака за 2018 година ја посветија на децата со ретки болести. Нуркачите упатија искрени честитки за нивно добро здравје и надминување на здравствените потешкотии, a општеството  да има повеќе слух за нивнит е потреби.   „ Ова е еден наш придонес за нивна афирмација, подобро да бидат прифатени и со цел општеството да им помогне“, изјави д-р Горан Балевски од Клубот за подводни активности Охрид. Традицијата за поставување...

Continue reading

politi

Охридскиот градоначалник и холандскиот амбасадор во земјава упатија порака до политичарите во Скопје

Post Views: 11 Вилем Пломб, амбасадор на Кралството Холандија во земјава, денес беше во посета на Охрид.  Амбасадорот Пломб имаше средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Средбата беше во насока на понатамошно  развивање на добрите пријателски врски меѓу двете земји, за поголем број на холандски туристи на охридската ривиера, како и за што поуспешна туристичка сезона  во Охрид. Пломб упати порака до политичарите во Скопје и до холандските туристи.   „ Мојата порака до холандските туристи поврзана со туристичките патувања е да доаѓаат во  Охрид. Истовремено ја повторувам пораката...

Continue reading

ucenicki mars

Охридските средношколци повторно на улица

Post Views: 1 Охридските средношколци повторно на улица. Тие со скандирање и транспаренти по втор пат упатија јасна порака до министерот за образование: „Нема да дозволиме да продолжи игнорантскиот однос кон нас, долго сме игнорирани и нема да дозволиме тоа да се случи и во иднина“. Претставници на Средношколскиот пленум од Охрид денес на градскиот плоштад прочитаа соопштение преку кое дирекно се обратија до министерот Абдулаќим Адеми. Единствено што бараме е дијалог, со цел да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за двете страни, велат од пленумот. „Ние по втор пат излегуваме...

Continue reading

Основците од Григор Прличев упатија честитка на оргинален начин за Денот на жената

Post Views: 2 Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни. На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената. Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.   Основците од 1 до 9...

Continue reading

revija folklor

Пензионерите со песна од Охрид упатија позитивна енергија

Post Views: 0 Пензионерите од југозападниот регион запеаа и заиграа учествувајќи на 11 -тата ревија на песни, музика и игри. Домаќин на средбата  беше Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Охридските пензионери настапија со сплет на староградски игри и песни од Сараиште. Општина Дебрца се престави со звуците на гајдата и женско трио.  Пензионерите од 4-от југозападен регион упатија позитивна енергија преку песни и игри. Како главен мотив за учество на смотрите  ја посочуваат желбата за дружење.11-тата ревија на песни, музика и игри ја  прогласи за отворена  претседателката...

Continue reading

poplavi Zeleznicka

Поплавени ниви на Железничка

Post Views: 8 Поплавени ниви на Железничка. Данчо Ничевски се одлучи за својот проблем да проговори пред камерата на ТВМ. Тој тврди дека поради нестучно изведени градежни зафати на Железничка фекална вода ја поплавила неговата нива. „Овој проблем го имаме од порано уште од кога се правеше Железничка, но мислиме дека ќе се санира, но не е санирано ништо, затоа што кога ќе има обемно дождови канализацијата се враќа назад и од споредните канализации се одлева водата во нивите“, вели Данчо Ничевски,жител на Охрид. „Штетата е огромна, затоа што оваа вода е фекална. Повеќе не можам ништо...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top