Ознака: уметноста

Уметноста во пандемијата дише на шкрги

Post Views: 1 Самостојните уметници опфатени дури во четвртиот пакет мерки, ќе добијат финансиска помош за три месеци од државата. Повикот за поднесување барања завршува утре. Месечниот нето-износ ќе биде од 14.500,00 денари до 21 500, зависно од остварените приходи во текот на 2020година. Уметниците велат уметноста не е на заслуженото место. Продажбата на нивните вредни дела е драстично намалена. Творат, но нема побарувачка на уметничките творби. „Сегашнатасостојба знам дека е кризна како и за сите дејности така и за уметноста но државатамора да застане позади уметниците малку посериозно...

Continue reading

Се бараат партнери за продолжување на проектот „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“

Post Views: 0 Слепите лица и лицата со оштетен вид можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј Охрид заедно со Здружението за слепи лица од Охрид уште пред три години изработија  проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Со него требаше да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид. Идеата за еден ваков проект потекнала од проблемите со кои се соочило охридското здружение на слепи лица кога поголема група на слепи лица и лица со оштетен вид кои биле гости во нашиов град...

Continue reading

koncert

Музичките ноти ги затоплија срцата на случајните минувачи низ Струшката чаршија

Post Views: 0 35 ученици и 24 музички точки. Кларинети, саксофони, пијано се само дел од инструментите кои на ладното време испуштаа топли музички звуци. Учениците од средното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга со својот талент, вдахнаа новогодишен дух и допринесоа барем малку да се почувствува новогодишната атмосфера во Струга. „Ова ние прв уличен новогодишен концерт и се надеваме дека ќе остане во традиција на нашето училиште. Сето ова е за луѓето да знаат дека има едно музичко средно училиште и да знаат дека ние учиме и се трудиме да знаат дека музиката не е само...

Continue reading

Од мостот на уметноста ќе се отстранат 45 тони љубов

Post Views: 0 Париската градска управа почнува во понеделник со отстранување на стотици катинари на љубовта кои беа поставувани на мостот на уметноста (Pont des arts), кој минатата година попушти под теретот, јавуваат агенциите.Мостот на уметноста на реката Сена во светот е познат по своите катинари на љубовта кои вљубените ги оставаа на оградата а потоа клучот го фрлаа во реката.Но, минатата година дел од оградата се сруши под теретот на големата количина метал на неа, при што за среќа не настрада никој.Париската градска управа донесе одлука да ги отстрани катинарите кои го “уништуваат”...

Continue reading

priracnik umetnici

Уметниците од земјава добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи

Post Views: 9 Уметниците кои работат или сакаат да работат со ранливи категории од денес добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи. Прирачникот денес беше промовиран како завршна активност од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува“. Според проект координаторот, Јасмина Билаловиќ, целта на прирачникот е да се прикажат постоечките практики на употреба на уметноста во работа со ранливи групи, но и да се даде една поширока теоретска рамка за сите уметници кои работат или сакаат да работат со ранливите категории. „Прирачникот е еден...

Continue reading

Trpceski

Немој да ти заѕвони мобилен додека маестро Трпчески свири

Post Views: 2 Вчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“. Огромно внимание предизвика премиерата на проектот „Заведување, чад и музика: љубовната приказна на Шопен и Жорж Санд“ од Џејмс Мело, во режија на Доналд Т. Сендерс, а во чија изведба ликот на музичарот Шопен зад пијаното го интерпретираше нашиот прославен пијанист Симон Трпчески, додека човекот и љубовникот Шопен на сцената го донесе легендарниот британски актер, оскаровецот Џереми Ајронс. Интересен момент се случи...

Continue reading

Barbara Fritoli

„Охридско лето“ по 54-ти пат

Post Views: 8 Охрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста. Палењето на фестивалскиот оган на античкиот театар во Охрид и годинава го означи почетокот на уште едно, 54-то по ред „Охридско лето“. Честа да ја отворат оваа најголема музичко – сценска манифестација во земјава годинава им припадна на италијанските оперски ѕвезди, Барбара Фритоли и Лео Нучи. Пред публиката која традиционално го следи македонскиот синдром да доаѓа пред самиот почеток...

Continue reading

izlozba

Штитениците од метадонскиот центар Охрид добро се покажаа во уметноста

Post Views: 8 „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува“. Денес во метатадонскиот центар во Охрид беше презентирана финалната изложба, односно примена на т.н. Социјална скулптура во работа со ранливи групи. Обуката ја водат уметници од Шведска кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во оваа област, изјави кординаторот на проектот Јасмина Билалаовиќ. Уметниците задоволни од досега реализираните активности во рамките на проектот „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува.“ „Целта е всушност да се помогне на ранливите категории на граѓани да им...

Continue reading

proekt

Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани

Post Views: 5 Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани. Ова е дел од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размена меѓу уметници кои работат во социјалната област” кој има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него...

Continue reading

ptoekt

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Post Views: 7 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...

Continue reading

izlozba

Соединување на каменот со дрвото

Post Views: 2 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска. Таа...

Continue reading

skulpturi

Невообичаени камени скулптури на плажата во Извиднички

Post Views: 3 Несекојдневно уметничко дело на плажата во извидничкиот камп. Деновиве охриѓани, и туристите кои се сместени во кампот, можат да уживаат и да се восхитуваат на една невообичаена глетка. Безброј камења, во различни големини и форми, наредени еден врз друг балансираат на брегот од езерото. Кога нашиот објектив ја улови оваа несекојдневна слика, најпрво помисливме дека овие скулптури се направени со лепење на камењата или дека се тие зацврстени на некој начин. Но на лице место се уверивме дека не е така, камењата едноставно се поставени еден врз друг, врзани единствено...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top