Ознака: угостителство

Крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Post Views: 23 Во тек е крводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид во периодот од 10-14 часот. „Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција“, апелираат од Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Continue reading

ХОТАМ: Со измени во Законот за угостителство до подобри стандарди во туризмот

Post Views: 0 Македонските угостители бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната хотелите и во рестораните, што би значело стимулации во угостителството и во хотелиерството, неодамна иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. Според престедателот на ХОТАМ Крсте Блажевски, измените во Законот за угостителство би придонесле пред се да се подигнат стандардите во туризмот. Според него, доколку сите хотелско ресторански услуги би имале 5% данок,...

Continue reading

На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид пријавени 142 кандидати во првиот уписен рок

Post Views: 0 На охридскиот Факултет за туризам и угостителство во првиот уписен рок се пријавиле вкупно 142 кандидати. За оваа академска година според конкуросот има место за 300 нови бруцоши. По 50 места има на насоките туризам и царина и шпедиција, 45 за менаџмент во услужен сектор, а по 40 на осигурување, гастрономија и хотелско – ресторански менаџмент. Активни се и студиските програми на англиски јазик, на насоката туризам 10, а на царина и шпедиција 25 студенти. Според објавената прелиминарна ранг листа најмногу интерес идните академски граѓани покажале за насоката царина и...

Continue reading

Свечено отворање на иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид

Post Views: 1 Станува збор за презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион. На настанот зборуваа, директорот на ФИТР г.Јован Деспотовски и Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Ова е дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој...

Continue reading

Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар ги изнесе забелешките за охридското угостителство

Post Views: 2 Имате прекрасен град и природа, но не и понуда во гастрономијата и кулинарството, проговори за состојбите во охридското угостителствбо Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар. Мора доста да работите за да се подобрат состојбите, особено во едукацијата на готвачите кои се без елементарни знаења, а недостасуваат и квалитетните локални продукти кои ги имате во поднебјето, но не се во кујните на рестораните, забележува Дијана. Тоа е како да имате ламборџини со мотор од фијат, искрен во сугестиите Дијана, шеф со Мишелин ѕвезда. „Она што недостасува кај локалните шефови...

Continue reading

Се реновира Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 3 Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето. Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност...

Continue reading

ftu

ФТУ: Државен испит за студентите дури по завршувањето на студиите

Post Views: 2 Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование. Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој предлог. „Наставно-научниот...

Continue reading

sofra

Највкусното ѓомлезе, полнети пиперки, јагула на охридски начин на Охридска софра 2014

Post Views: 3 Полнети пиперки со најразлични филови, полнети црни домати, јагула на охридски начин, лепчиња пржени во мед и јаболка и највкусното ѓомлезе. Денес охриѓани, домашните и странски туристи кои допатуваа во охридското село Скребатно имаа  можност да уживаат во овие вкусни и традиционални јадења приготвени во рамките на втората по ред „Охридска софра“. Главната ѕвезда на настанот беше секако традиционалното охридско ѓомлезе. Нема кој не чул за него, а ние денес имавме можност да се увериме во тоа. „Ова ми е прв пат овде. Многу е интересно да се гледа како го подготвуваат...

Continue reading

upisi

Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти

Post Views: 2 Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет. „Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за завршено...

Continue reading

svetska turisticka organizacija

Заедничка понуда на Охрид и туристичките центри од соседството за поголема промоција на градот

Post Views: 1 Промовирање на природните и културно-историските  убавини на Охрид и Македонија со цел светот да слушне за ова место. Генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Талеб Рифаи оваа порака ја пренесе на денешната средба со претставници од локалната самоуправа, како и при средбата со претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Генералниот секретар Рифаи изрази увереност дека Охрид може да стане едно од најпознатите туристички места во светот поради својата уникатна понуда. „Нема многу места низ светот кои имаат комбинација...

Continue reading

ftu

Отворен ден со матурантите на ФТУ-Охрид

Post Views: 2 Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите. Тие ќе имаат можност да ги посетат просториите на факултетот, да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми кои можат да ги изберат, како и со лабораториите кои ги поседува факултетот и ги користи за едукативни цели. Факултетот има обезбедено промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти, како и дополнителни информации поврзани со студирањето. На отворениот ден матурантите ќе бидат пречекани од раководителите на студиските програми,...

Continue reading

kujna

Кујна како во Шератон хотел

Post Views: 28 Факултетот за Туризам и угостителство ќе добие ултра модерна кујна. 40 000 евра ќе бидат вложени во купување најсовремени апарати со кои таа ќе биде опремена. Овај голем проект ќе се реализира благодарение на соработката која факултетот уште пред четири години ја остварил со факултетот за прехрамбени технологии од Пловдив кој бил член на хотелската асоцијација со седиште во Женева. По на правените контакти и нашиот факултет влегува во оваа асоцијација, а услов за тоа било да организира четири семинари. Тие биле одржани и високо оценети по што фондацијата на факултетот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top