Ознака: увид

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Post Views: 3 До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК. До Државната...

Continue reading

СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД НА ЈАВЕН УВИД

Post Views: 5 Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во Локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој. Општина Охрид ја почитува оваа значајна улога на младите и токму затоа од исклучителна важност е постојано и систематски да се вложува во нивниот развој, но и во воспоставување на механизми за нивно активно учество во општествените процеси. Само со градење на вистинско партнерство помеѓу институциите и младите ќе знаеме дека политиките се инклузивни, ги одразуваат и адресираат вистинските...

Continue reading

Општина Охрид нема увид колку руинирани куќи има во градот

Post Views: 7 Општина Охрид нема увид колку руинирани куќи има на територијата на градот. За преземање на активности за отстранување на руинираните куќи кои претставуваат опасност за граѓаните, а ги има на неколку локации во градот, треба да се поднесе барање до надлежните органи во Општината со точно наведена адреса на објектот, куќен број или катастарска парцела, велат од општина Охрид за ТВМ телевизија. Одговорите на овие прашања следуваат откако граѓани минатата недела пријавија неколку руинирани куќи, кои се распаѓаат и претставуваат опасност за минувачите. Граѓаните бараат општината...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ РЕКА ГРАШНИЦА

Post Views: 6 Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“ со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри. По расчистувањето, речното корито ќе се бетонира и ќе се обложи со камен. Вредноста на проектот е 6 милиони и 750 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „Бокоп “ од Боровец која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид.

Continue reading

hrana

Дирекцијата за храна утре ќе изврши увид во состојбата на сите пазари

Post Views: 3 Министерството за здравство и инспекторите од Дирекцијата за храна, во согласност со важечките законски прописи и принципите на ХАСАП системот, кој стартува од утре, в петок ќе извршат увид на состојбата на сите пазари во Македонија и во објектите лоцирани во рамки на пазарите. Како што соопшти Министерството за здравство, инспекторите за храна советодавно ќе делуваат врз производителите и трговците со храна и ќе ги информираат за законските обврски за почитување на условите за добра производна и добра хигиенска практика кои задолжително треба да ги обезбедат и да ги...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ПРИЛЕПСКА“ И ВО ЕЛШАНИ

Post Views: 1 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани. Деновиве се одвиваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото корито на реката Сушица. Дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон...

Continue reading

Службите на Центарот за развој на Југозападен плански регион направија увид на градежните работи кај местото “Зодишта”

Post Views: 3 Службите и директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска извршија увид на градежните работи кои се изведуваа на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште “Зодишта”. На официјалната фејсбук страна на Центарот за развој на југозападен плански регион стои дека на терен се соочиле со проблем со пропустите за вода. Доколку не се изведат истите, инвестицијата ќе пропадне. Од центарот велат дека нема да го дозволат тос и ветуваат дека ќе внимаваат на квалитетот на изведбата на секоја инвестиција која ќе се случи во Вевчани.Од...

Continue reading

ДИК: од денес на увид Избирачкиот список

Post Views: 4 Државната изборна комисија денес треба да го стави на јавен увид избирачкиот список, а до 16 ноември граѓаните ќе можат да проверат дали се впишани во списокот и дали се точни податоците. Во овој период и избирачите кои беа обележани како спорни повторно ќе можат да потврдат дека имаат право на глас.Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа во странство. Заклучно со вчера до 14 часот вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ИЗВРШИ УВИД НА ТЕКОВНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА

Post Views: 3 Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет. На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници. Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НАПРАВИ УВИД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ

Post Views: 7 Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и извршено е комплетно чистење...

Continue reading

Планот за управување на охридскиот регион од утре на увид

Post Views: 0 Нацрт планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, од утре на јавен увид, информира денеска министерот без ресор Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО. Кога тој ќе се донесе може да заврши прогласениот мораториум. Со планотсе дефинира строга заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее да се гради, кажа на денешната заеничка прес конференција, Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина. „Многу е голем предизвикот со одредбите на планот да воспоставиме контролирана урбанизација....

Continue reading

policija

Пронајден леш во близинa на струшкото с. Драслајца

Post Views: 0 Пронајдено безживотно тело во атарот на струшкото село  Драслајца. Случаен минувач, вчера околу 17 часот, во месноста викана Дупки пронашол леш  во напредна фаза на распаѓање. Телото е пронајдено во близина  на реката Сатеска.   Случајот е веднаш пријавен во полиција. На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга. По наредба на Јавен обвинител безживотното тело е испратено на обдукција на Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот , информираат од СВР Охрид.    {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top