Ознака: уапсен

Уапсен модерниот Пабло Ескобар, најмоќниот колумбиски наркобос

Post Views: 3 Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан. Разузнавачките служби предводени од САД и Велика Британија дале доволно информации за да им овозможат на повеќе од 500 војници и припадници на колумбиските специјални сили да го уапсат Отониел заедно со осум членови од неговото обезбедување, кои постојано го следеле, соопштија Властите. Името...

Continue reading

32-годишен охриѓанец извршил тешка кражба на улицата „Гоце Делчев“

Post Views: 2 На 04.02.2022 околу 17 часот, во СВР Охрид е приведен И.Б. (32) од Охрид кој претходно е затекнат при извршување на тешка кражба во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Македонец уапсен во Турција

Post Views: 6 Турските медиуми пишуваат дека живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а бил приведен при обид да замине за Египет преку Турција.Медиумите потсетуваат дека на социјалните мрежи често споделувал објави со Пекер, како и дека има повеќепати правел влез-излез од Турција. Двајцата, според новинските извештаи, често се среќавале и во Македонија.Името на Седат Пекер се споменуваше во аферата „Мафија“ што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ, а власта спроведе акција под кодно име „Двојник“. Случајот се однесува на злоупотреба на идентитети за издавањето нелегални македонски...

Continue reading

Пронајдено исчезнатото 4-годишно девојче од Австралија, киднаперот уапсен

Post Views: 8 Четиригодишно девојченце кое исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмици е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа. Еден од полицајците ја зема во прегратка и ја праша како се вика. „Се викам Клео“, одговори – изјави заменикот на полицискиот началник на сојузната држава Западна Австралија на локалната телевизија. Клео е најдена на 70-тина километри од Карнарвон, а поради нејзиното исчезнување уапсен е 36-годишен маж кој ја киднапирал. Се работи за маж кој не е сексуален престапник ниту од претходно ѝ...

Continue reading

Директорот на „Фајзер“ не бил уапсен на 5 ноември оваа година

Post Views: 4 Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, е уапсен поради подмитување на влади за да го земат нивниот лек. Не се прецизира на кој лек точно се мисли, но во постот е споделен напис од „Conservative Beaver“, некредибилен портал кој објавува лажни вести во континуитет. Кога ќе се посети таканаречената вест објавена на овој портал, се доаѓа до деталите кои, исто така, се лажни, за наводното апсење и причините за апсењето. Во текстот е наведено дека директорот на „Фајзер“ е уапсен на 5 ноември во неговиот дом во богата населба...

Continue reading

Уапсен Чавков, а приведени уште 15 лица

Post Views: 3 Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Чавков е уапсен по отворена истрага против него за насилствата од 27 април во Собранието. За време на крвавиот четврток Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија. Прстот на вина и одговорност во него го впери и тогашниот министер Агим Нухиу, кој рече дека Чавков не му се јавува на телефон, во критичните моменти. Чавков досега не беше повикан на распит во Обвинителството...

Continue reading

Голема акција на полицијата во Хрватска: Уапсен директорот на ХРТ

Post Views: 6 Меѓу уапсените има и лица познати во јавноста. Меѓу нив се спомнува генералниот директор на Хрватската радио телевизија (ХРТ), Казимир Бачиќ, како и возачите и соработници во администрацијата на долгогодишниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, кој почина неодамна. Акцијата е поради сомнение за економски криминал за време на поранешната градска администрација во Загреб. Сè уште не е познато како точно генералниот директор на ХРТ бил вклучен во тоа. Според хрватските медиуми, веројатно станува збор за акција која траела подолго време, така што истражителите веројатно...

Continue reading

Пукотница во Нови Сад: Ранет е маж, напаѓачот е уапсен

Post Views: 0 Триесетгодишен маж од Нови Сад е ранет денеска околу 10 часот откако во него биле испукани неколку куршуми, по што веднаш по пукањето напаѓачот бил уапсен. Според неофицијални извори, напаѓачот и ранетиот на полицијата веќе им биле познати, познавајќи ги по кривични дела извршени во минатото. Како што пренесува РС, С.Ј. (30) околу 9 часот со тешки телесни повреди во делот на градниот кош е примен во болницата во Нови Сад.  

Continue reading

Уапсен поранешен министер за одбрана

Post Views: 5 Уапсен под сомнение дека на еден стопанственик и пратеник кој е обвинет за соработка со мафијата, му помогнал да избега од земјата. Екс италијанскиот министер за одбрана Клаудио Скајола е уапсен во Рим и е обвинет дека му помогнал на екс пратеникот Амадео Матачени да избега во Дубаи, за да ја избегне петгодишната казна затвор на кој е осуден поради здружување со мафијата, пренесуваат итaлијанските медиуми. Поранешниот министер во владата на Берлускони, за тој бегалец и неговата фамилија барал азил во Либан, користејќи државни контакти, наведува обвинителството. Матачена...

Continue reading

Уапсен претседателот на белградската општина Палилула

Post Views: 2 Претседателот на белградската општина Палилула и член на претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Јовичиќ, е уапсен во четвртокот вечерта. Јовичиќ и уште седум лица се уапсени под сомнение дека со незаконски дејствија овозможиле извршување на бесправни градежни работи на територијата на општина Палилула, пренесуваат белградските медиуми. Полицијата не даде изјава по овој повод, но апсењето го потврди пратеникот и член на претседателството на СНС, Владимир Ѓукановиќ. „Да не предвидувам ништо затоа што сите се невини додека не се докаже...

Continue reading

Уапсен капетанот на потонатиот траект

Post Views: 1 Капетанот на јужнокорејскиот траект, при чие превртување загинаа 29 луѓе а 274 исчезнаа, е уапсен, јавила јужнокорејската новинска агенција Yonhap. Како што јавува агенцијата, на капетанот Lee Joon-seoku (69) му се заканува обвинение од пет точки, вклучувајќи ги занемарување на должноста и кршење на поморскиот закон. Истражителите порано објавија дека Lee не бил на мостот во времето кога траектот почнал нагло да се наведнува, и дека на кормилото бил офицер од понизок ранг. Налог за апсење е издаден за Lee, офицерот кој бил на кормилото и уште еден член на екипажот кои...

Continue reading

Уапсен лажен хирург кој вршел пластични операции во Србија

Post Views: 2 На Сава Кнежевиќ и неговата мајка Даниела која му помагала, ќе им се суди за надрилекарство. На двајцата им е одреден 48-часовен притвор, јавуваат српските медиуми.  Неверојатно вештиот измамник дури во 2017 година, кога имал само 19 години, успеал да им одржи предавање на француски лекари во една клиника во Париз, а медицинската установа до неодамна ја имала објавено на својата веб-страница снимката од неговото „предавање“. Кнежевиќ пет години „оперирал“ и вршел естетски зафати како инјектирање ботокс и липосукции, иако не бил квалификуван за нив, а клиенти во неговата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top