Ознака: туку

Пожар во болницата во Тетово

Во пожарот во тетовската модуларна болница не загинаа 30, туку 14 лица

Post Views: 15 Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата. Медиумот Точка објави дека меѓу починатите имало и медицински персонал, што не е точно. Истиот медиум во своето првично информирање посочи дека имало 30 жртви на пожарот, иако официјалните бројки на Министерството за здравство вечерта беа 10 лица, а утредента 14 лица, чии тела беа пренесени...

Continue reading

Британските лекари не добиваат 12.58 фунти по вакцина, туку парите се за ординацијата

Post Views: 0 Невистинито е тврдењето во постот дека лекарите во Велика Британија ќе добијат пари по администрирана доза на вакцина. Овие пари се за да се спроведе процесот, да се обучат лекарите и да функционираат приватните амбуланти, како што било случај и со вакцината против грип. Британскиот модел на финансирање на амбулантите функционира како мал бизнис, каде што за секоја дополнителна програма потребни се медицински средства, кадар и простор за да се спроведе вакцинацијата, а овие пари, односно фондови, не одат во џебот на лекарот, туку во самата ординација. Но, најголемата...

Continue reading

Не се развива чип за детекција на ковид, туку сензор од хидрогел кој не може да детектира патогени

Post Views: 7 Невистинито е тврдењето во овој пост дека е развиен микрочип за детекција на ковид. Сензорот спонзориран од американската војска може да детектира ковид, но не е микрочип. Станува збор за зелен сензор, кој е помал од зрно ориз, ама не е микрочип и во него нема никакви метали или електроника. Сензорот сè уште не е во употреба и е технологија на иднината. Неточно е и тврдењето во постот дека сензорот детектира рани симптоми на ковид, што е непотребно бидејќи самото тело може да ја даде таа информација. Сензорот не детектира ни патогени, ни симптоми, туку молекуларни промени...

Continue reading

Тестот за ковид не е наменет во него да се тестира вода, туку примерок од нос или грло!

Post Views: 1 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека тестот за детекција на коронавирусот излегува позитивен на вода. Како обид за докажување на таквото манипулативно тврдење презентиран е видео материјал, во кој лица кои личат на медицински персонал од лабораторија, а кои зборуваат на шпански јазик, го спроведуваат тестот со пет капки вода, кои што ги точат од обична чешма. Откако ќе се погледне видеото, се гледа и дека втората линија на тестот, која што треба да означува позитивен тест, се појавува, бледо, но, сепак, постои. Од ова, авторката на постот заклучува дека тестот...

Continue reading

ПЦР тестот не се исфрла од употреба, туку се подобрува за да детектира истовремено и ковид и инфлуенца

Post Views: 1 Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесена дезинформација во поглед на употребата на ПЦР тестот за детектирање на коронавирусот. Во постот се споделува линк кој води до текст објавен на сајт кој е познат по ширење дезинформации и антивакцинални наративи....

Continue reading

ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот

Post Views: 2 ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип, како што дезинформира оваа објава на Фејсбук. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот. Рецензираме пост во кој се тврди дека ПЦР тестот е лажен и регистрира настинка и грип како ковид:Се додека лугето прифаќаат лажен тест кој регистрира настинка и грип како ковид, и нема крај на оваа ноќна мора!Ова не е точно. ПЦР тестот...

Continue reading

Ковид пандемијата не е измама, туку таквото тврдење е опасна манипулација

Post Views: 1 Комплетна невистина е дека ковид пандемијата е измама. За тоа дека пандемијата е вистинска говори бројот на новозаразени и на жртви во секоја земја од светот. Измама е да се манипулира со јавното мислење и да се нафрлаат флоскули кои се неосновани, непоткрепени со никаков доказ и да се затвораат очите пред бројните докази, експертски мислења, но и пред жртвите од последици на коронавирусот. Рецензираме објава на Фејсбук во којшто се тврди дека пандемијата ќе падне како најголема измама во светската историја. За ова тврдење не се дава никаква дополнителна аргументација. Самиот...

Continue reading

Не загадувањето, туку „имунитетскиот долг“ е причина за респираторните инфекции кај децата

Post Views: 4 Увидот во болницата во Гевгелија, кој го изврши стручен тим од Детската Клиника, покажа дека причината за респираторните инфекции кај децата – кои не се карактеристични за летниот туку за зимскиот период, воопшто не е загадувањето на воздухот туку „имунитетскиот долг“. Состојба, којашто и домашни и светски експерти ја објаснуваат како нагло изложување на вируси и бактерии после долг временски период на живот за децата во карантини, со ограничени социјални контакти, без да одат во градинка. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто децидно се тврди дека причината поради која...

Continue reading

Во Индија 17 деца не починале од вакцина против ковид-19, туку од постковид симптом

Post Views: 5 Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус. Постот споделува фотографија од напис објавен на сајтот „The BL“ на 09.07.2021 година. Уште во првата реченица, написот, повикувајќи се на „локален извештај,“ нагласува дека „многу мали деца починаа откако им беше инјектирана вакцината ковид-19 во Индија“.Повеќе од 2.000 деца низ Индија...

Continue reading

Шест години старо видео извадено од контекст – Бил Гејтс не зборува за вакцините, туку за ГМО културите

Post Views: 2 Видеото кое се шири на Фејсбук е од преносот на паневропската медиумска мрежа „Еуроактив” од 2015 година, во Брисел, каде Бил и Мелинда Гејтс зборуваа за нивните инвестиции во генетски модифицирани култури.  Во овој пост неговата тогашна изјава е извадена од контекст и со неа се манипулира дека тој говори за употреба на ГМО во вакцините за деца, што не е вистина. Гејтс зборува за важноста на безбедносното тестирање во прифаќањето на новите технологии. Тој прави споредба меѓу безбедносниот систем за лекови и оној на генетски модифицираните култури. Рецензираме исклучително...

Continue reading

Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија

Post Views: 6 Точно е дека Монтање во април 2020 година изразил сомневање дека коронавирусот протекол од лабораторија. Но, претпоставка и откритие не е исто. Да претпоставува некој дека коронавирусот протекол од лабораторија не може да биде исто со тоа дека некој го открил истото. Американски разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19. Рецензираме пост на Фејсбук кој преку кликбејт наслов шири дезинформации со цел да привлече што е можно повеќе кликнувања на објавата. Постот...

Continue reading

Опасен, а го има во сите козметички производи

Post Views: 1 Во последно време сите кажуваат за штетноста од долготрајна изложеност на „парабен“, и потребата луѓето и козметичката индустрија да го користат што е можно помалку. Кога зборуваме за парабенот и неговата првобитна употреба, тој спаѓа во категоријата средства за конзервирање, а неговата задача е да спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии и габи. Секојдневно сме изложени на оваа супстанца, но тоа ретко го приметуваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека жената на себе дневно нанесува 515 хемикалии содржани во дезодоранси, креми и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top