Ознака: трет

logo

Трет интернационален фестивал на виното

Post Views: 5 Третиот интернационален фестивал на виното Вино-скоп започнува в четврток во Скопје.Годинава на фестивалот на виното изложуваат 40 винарии. „Ќе има и винарии од Македонија кои до сега воопшто не и биле познати на македонската јавност.“ изјавија од Винаријата Темов, додавајќи дека храната ќе се купува со купони од 30, 50, 100 и 200 денари, а на самите влезови ќе бидат поставени 11 каси. Оваа година понудата во забавниот дел е поголема од изминатите изданија на Вино-скоп. Најавени се гостувања од Шпанија, Италија,Полска, Романија, а ќе настапат и составите Синтезис, Баклава,...

Continue reading

grancien premin

Tрет смртен случај во Србија од новиот грип

Post Views: 5 Потврдено е дека жена од Чуприја починала по компликации предизвикани од вирусот Х1Н1, јави синоќа српската државна телевизија. Досега во Србија се регистрирани вкупно 204 заболени од грипот. Српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ изјави дека во најлошо сценарио, од новиот грип може да заболат една четвртина од вкупното население. Милосављевиќ нагласи дека е важно вакцинирањето да почне што поскоро и оти ќе бидат обезбедени 915,000 дози за приоритетните категории лица. Српскиот министер за здравство изрази очекување дека Институтот Торлак од Белград кон половината...

Continue reading

Michael Blumberg

Мајкл Блумберг по третпат избран за градоначалник на Њујорк

Post Views: 0 Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг по трет пат е избран на оваа должност на вчерашните делумни локални и државни избори во САД. Според 91 отсто од преброените гласови, поранешниот републиканец Блумберг, кој сега настапи како независен кандидат, освоил 50 проценти од гласовите, додека неговиот главен противкандидат, демократот Бил Томпсон 47 отсто.Сепак ваквите изборни резултати претставуваат изненадување, од причина што според предизборните анкети, се очекуваше Блумберг да победи со над десетпроцентна предност.Според американските медиуми, за изборната кампања...

Continue reading

Трет пораз на македонските ватерполисти

Post Views: 8 Македонија го загуби и третиот натпревар од Д групата од Светското првенство во Рим и со тоа го освои четвртото место и до крајот на шампионатот ќе игра во борба за пласман од 13-то до 16-то место. Поуспешни од македонските ватерполисти синоќа беа домаќините, Италијанците, кои победија со 12:5 (3:2, 3:0, 3:3 и 3:0 по четвртини) и го освоија третото место во групата. Македонија добро го почна натпреварот и до 2:2 одржуваше рамнотежа. Но, во продолжение Италија максимално ги искористи сите предности од играч повеќе и ги казнуваше грешките на македонскиот тим. Лошиот период...

Continue reading

Трет пораз на нашите кошаркарки

Post Views: 10 Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот натпревар од четвртото коло од натпреварите по групи на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што се одржува во Охрид. Нашите репрезентативки одиграа далеку подобро отколку во претходниот натпревар кога беа декласирани од Холандија, но немаа сили да ја изненадат Романија. Подобрата игра на Романките во првото полувреме и предноста што ја остварија во тој дел се покажаа доволни за победата 93-76 над домаќинот, кој дефинитивно ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето. Во...

Continue reading

nastap

По трет пат во Струга „Фолк мост“

Post Views: 6 500 играорции дефилираа по кејот на Дрим и струшката чаршија. Одлична можност за културна размена, велат учесниците. Различни народни носии можеа да се видат на едно место, на манифестацијата “Фолк мост“ во Струга. Истата се организира по трет пат и со тоа станува традиционална. Ваквата манифестација е одлична можност за културни размени помеѓу младите, вели уметничкиот раководител на манифестацијата. Младите се помалку се заинтересирани да бидат дел од фолклорните ансамбли. Со тоа незнаат што губат, вели играорецот, Јовче Милошоски. На манифестацијата учество зедоа...

Continue reading

hotel

Трет Меѓународен саем за туризам

Post Views: 2 Доста срамежливо и без многу помпа од утре во Охрид во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија  и соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации ќе започне третиот Меѓународен саем за туризам. На него потврдено е присуството на учесници изложувачи од Македонија како на пример туристичките места и градови, Крушево, Берово, Охрид, Струга, Маврово и други. Исто така најавено е присуство на туристички комори, хотелски асоцијации и национални паркови од земјава.Саемот ќе биде добра можност за презентирање...

Continue reading

logo

Ќе има ли трет круг на избори?

Post Views: 8 „Јас мислам дека ќе има трет изборен круг“, -рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче. Тој, на денешната прес-конференција, рече декa општинскиот комитет има сознанија за низа непревилности во изборниот процес во вториот изборен круг во Охрид. Од партијата уште напоменаа дека за сите забелешки ќе бидат поднесени приговори до Државната изборна комисија.   {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top