Ознака: тоалети

НОВИ ТОАЛЕТИ ДОБИ ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Post Views: 5 Со финансиска поддршка на Општина Охрид се реновираа санитарните јазли во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение. Училишните тоалети се молерисуваа, поставени се нови плочки, ВЦ школки и акцесоари. Во зградата во тек е промена на дограмата на приземјето , а нови прозорци веќе се поставени на првиот кат. Изминатиов период беа молерисани училниците и останатите простории во старата училишна зграда.

Continue reading

karneval vo Rio

Расправа околу тоалети за хомосексуалци

Post Views: 8 Два месеца пред карневалот во Рио Де Женеиро избuvna расправа откако школата за самба „Унидос да Тијуца“ најави дека ќе отвори посебни тоалети за хомосексуалците и трансексуалците. Противниците на оваа одлука предупредуваат на „дискриминација“, а додека оние кои се согласуваат со неа ја сфаќаат како подобра заштита на својата приватност. Во школата за самба илјадници танчери овие викенди ги одржуваат пробите за карневалските поворки на Самбадромот кои претставуваат најголем спектакл во светот. Овие тоалети се „карневалски апартхед“, се побунил Клаудио Насцименто, директор...

Continue reading

Повторно во употреба јавните тоалети кај Т.Ц.АМАМ

Post Views: 0 Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги информира граѓаните дека од 01.06.2020 год. (понеделник) повторно ги става во употреба јавните тоалети лоцирани кај мини-плоштадот во близина на Т.Ц.АМАМ. Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба јавните тоалети.

Continue reading

Заради COVID-19 јавните тоалети надвор од употреба

Post Views: 5 Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба јавните тоалети во Охрид. Претходно истите темелно се дезинфицирани.

Continue reading

Јавните тоалети во Охрид повторно надвор од употреба

Post Views: 1 Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад  Т.Ц.АМАМ. И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата тоалетите ќе бидат надвор од употреба. Пред два месеци беа обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, додека ова е второ уништување на автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад...

Continue reading

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона

Post Views: 3 Две неуспешни тендерски постапки за воведување на електронски сиситем за наплата го оставија градот и ова лето без јавни тоалети. За да се реши овој сериозен комунален проблем во Охрид се чека повеќе од две децении. Граѓаните реагираат што нема јавни тоалети признава Љупчо Грданоски, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, кое ќе ја одржува хигиената на градските тоалетите. „ Имаме реакции од граѓаните , но ние сме јавно претпријатие и мора да работиме по закон “, напоменува Грданоски. Камен на сопнување во ставањето во функција на петте јавни тоалети, кои се веќе поставени...

Continue reading

Јавните тоалети во Охрид ќе бидат пуштени во употреба пред почетокот на туристичката сезона

Post Views: 8 Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај Горна...

Continue reading

Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети

Post Views: 2 Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Едната локација е во централното градско подрачје до Амамот, другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион кои се носители на овој проект , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Локалната е ангажирана околу обезбедување на приклучоци за струја, поставување на броила, приклучок за вода и канализација во овие контејнери....

Continue reading

До средината на месец декември Охрид ќе добие јавни тоалети

Post Views: 4 Охрид конечно ќе добие јавни тоалети. На двете предвидени локации, едната во централното градско подрачје позади Амамот, другата кај Горна Порта, избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Мирјана Лозаноска, дирекоторот на Центарот вели дека во проектот за подобрување на туристичките услуги со поставување на јавни тоалети, свој удел има и Локалната самоуправа на Охрид. „И општините...

Continue reading

Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион

Post Views: 0 Никако да се најде градежна фирма што ќе ги изгради јавните тоалети во Охрид. Градот и по трет пат нема среќа со успешноста на тенедерот за изградба на јавни тоалети. Југозападниот плански регион го поништил третиот тендер и во меѓувреме распишал нов. Причината иста како и лани, на тендерската постапка не пристигнала нити една соодветна понуда, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. „Тендерите се отворени на елктронскиот систем за јавни набавки и сите фирми или економски оператори кои сметаат дека може да ја завршат таа работа и ги исполнуваат...

Continue reading

Годинава туристичкиот бисер остана без мобилни тоалети.

Post Views: 1 Охрид ова лето остана без јавни тоалети. Оваа сезона, изостана праксата која со години наназад се применуваше во решавање на проблемот со недостаток од јавни тоалети, на неколку локации да се поставуваат мобилни санитарни јазли. Од локалната самоуправа молк на нашето прашање зошто градот потфрли во оваа комунална практика и не постави јавни тоалети за употреба за  гостите, но и за охриѓани. Тие сега се оставени да се снаоѓаат кој како знае и умее, а не ретко и излегувањето во град се случува да се изјалови со враќање дома или во апартманите бидејќи рестораните и кафулињата...

Continue reading

Нема доволно јавни тоалети на градските гробишта во Охрид

Post Views: 5   На охридските градски гробишта нема јавни тоалети. На ова до нашата редакција се пожалаа неколку граѓани на Охрид. Тие кажаа дека не ретко се случува да се најдат во непријатна ситуација, поради тоа што се сведоци дека некои граѓани од немајкаде поради зорт вршат физиолошки потреби во природа односно во дадениов случај врз гробните места. За тоа дали има доволно тоалети кои функционираат во градските гробишта и дали има потреба од дополнителни вакви објекти одговор побаравме од директорот на ЈП „Градски Гробишта“Зоран Симоноски. Во краткиот телефонски разговор што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top