Ознака: тешка

Четири лица повредени во тешка сообраќајка во Струга

Post Views: 6 На 26.08.2021 во 08.25 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната...

Continue reading

Еден загинат во тешка сообраќајка кај Стража

Post Views: 0 Тешка сообраќајка се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево во која има една жртва, а седум лица се пренесени во гостиварската болница за укажување помош.Од МВР велат дека според пријавата во СВР Тетово сообраќајката се случила околу 15:30 часот во близина на Новоселските гробишта и во неа учествувале три возила.Во сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес‘, патничко возило БМВ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница ‘Ферид...

Continue reading

Нема докази дека петмина од Свети Николе починале или се во тешка состојба поради вакцината

Post Views: 1 Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на 14 септември поради ковид починал 66 годишен жител на Свети Николе, а на 6 септември 57 годишен човек од истиот град. За последните две недели тоа се единствените два смртни случаи од ковид во овој град. Исто така, никој досега во МАЛМЕД (Агенцијата за лекови и медицински средства која што е задолжена да прима пријави за несакани дејства) не пријавил сериозни последици после вакцинација,...

Continue reading

Тешка сообраќајна несреќа во Турција

Post Views: 7 Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус.Несреќата се случила на автопатот Мугла Денизли околу 7.30 часот по локално време, јавуваат турските медиуми. Патничкиот автобус, како што пренесуваат тамошните медиуки, удрил во училишен автобус и се превртел. Возачот на автобусот со туристи починал на лице место. Според првичните информации непосредно пред несреќата претрпел срцев удар. Меѓу повредените има 42 туристи од Украина, седум ученици, како и возачот на училишниот автобус....

Continue reading

Тешка несреќа на релито Дакар 2016

Post Views: 5 Веќе на почетокот на релито Дакар се случи тешка несреќа која ја направи кинеската возачка на ова рели Guo Meiling. Таа на прологот по 6,5 км излета од патеката во своето Mini X-Raid и притоа настрадаа десет гледачи. Тројца се во критична состојба, додека останатите се полесно повредени. Учесниците на овогодинешното рели Дакар, кое се одржува во Аргентина, Боливија и Перу ќе поминат 9.000 км, а трката завршува на 16 јануари. Воведниот пролог, долг 11 км, во конкуренција на автомобили му припадна на Холанѓанецот Bernhard Ten Brinke во Тојота, додека деветкратниот светски...

Continue reading

Вакцинацијата е имунизација и штити од тешка форма на болеста

Post Views: 7 Секојдневно има нови докази дека вакцинираните лица стекнуваат силен имунитет и дека далеку помалку вакцинирани лица се заразуваат. А, што е најважно, доколку се заразат лицата со претходно примени две дози на вакцина, тие  имаат далеку полесни симптоми. Впрочем и последните епидемиолошки анализи на Министерството за здравство објавени на 3-ти септември покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид во земјава имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто авторот тврди дека вакцинацијата не е...

Continue reading

Тешка несреќа на тренингот на Формула1 во Русија

Post Views: 3 Возачот на Торо Росо 21 годишниот Карлос Сајнц доживеа тешка несреќа за време на последниот слободен тренинг во пресрет на квалификациите за Големата награда на Русија. Сајнц ја изгубил контролата над болидот при кочењето во една кривина на патеката. Тој се удрил во оградата и продолжил да се лизга по неа се додека не се удрил во другата заштитна ограда. Брзо на патеката излегла екипа на брзата помош која го извлекла Шпанецот од уништениот болид. По кусото укажување на помош тој е сместен во хеликоптер и е превезен во болница за понатамошни прегледи. “Карлос е при свест....

Continue reading

Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот

Post Views: 6 Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.–Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем, напиша Филипче на Фејсбук. Министерот најавува повеќе детали во текот на денот.

Continue reading

Пет лица повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Опеница

Post Views: 10 Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница.Во несреќата учествувале три возила: автомобил „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(61) од Битола, автомобил „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К.,...

Continue reading

Уште една мистерија за летот MH370

Post Views: 6 Новите информации за багажот кој го превезувал Боингот 777 кој исчезна на 8 март, доведоа до нови прашања поврзани со превозот на литиумските батерии. Тие се наоѓале во поголема заедничка пратка која била тешка 2453 килограми, стои во соопштението на Malaysia Airlines. Star online цитирал неименуван извор од компанијата NNR Global Logistic кој вели дека батериите имале тежина од нешто помалку од 200 килограми. Се поставува прашањето што имало друго во таа заедничка пратка а била тешка 2.253 килограми. Неименуваниот извор не можел да открие што имало заедно со батериите...

Continue reading

Четворица загинати во тешка сообраќајна несреќа во Србија

Post Views: 7 Четири лица загинаа, а четири се тешко повредени во судир на патничко комбе и камион кој утринава околу 6:20 часот се случил во Србија. До несреќата дошло кога најверојатно возачот на комбето, кое превезувало сезонски работници кои береле јагоди, излегувајќи од спореден пат не застанало на „стоп“ знакот. На него налетал камион кој се движел по магистралниот пат.Тројца работници од комбето и возачот загинале на лице место, додека четворица со тешки повреди се пренесени во болница. Меѓу настраданите има брачен пар, родители на четири деца. Сопругот починал на лице место,...

Continue reading

Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19

Post Views: 3 Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот. Во моментов во општината има  397  активни случаи, но лекарите стравуваат од нов бран. Особено загрижува британскиот сој на вирусот кој  е за 70% позаразен а беше откриен кај охриѓанец кој се лекуваше во охридската болница.  „Добиваме  пaциенти кои се стварно со тешка клиничка слика, така да се уште  работиме по таа истата програма  како на почетокот. Пациентите се распределени на трите оддели на интерно, инфективно, геријатрија....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top